Општина Неготино
Трибина на тема „ 150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ PDF Печати
   Денеска, четврток 28 април, по повод јубилејот 150 години од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев во салата за состаноци на општина Неготино со почеток од 18,00 часот ќе се одржи трибина на која ќе се говори за улогата и значењето на Гоце Делчев како визионер, организатор на македонското револуционерно национално-ослободително движење и најзначаен раководител на Македонската револуционерна организација. Предвач на настанот ќе биде професорот по историја Блаже Лазовски и на истиот можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани. 
 
Соопштение до јавноста од страна на општина Неготино PDF Печати
Почитувани,
Во согласност со член 16 и 17 од Законот за младинско учество и младински политики, како и во согласност со одлуката донесена на Советот на Општина Неготино на ден 15.03.2022 година, а по иницијатива на советникот Стојанчо Атанасов, како советник во општината, донесена е статутарна измена за формирање на Локален младински совет.
Според процедурата согласно со Законот за младинско учество и младински политики, најпрво ќе се формира иницијативен одбор за свикување на истиот.
Се повикуваат сите младински здруженија, во согласност со член 17 став 4 од Законот, кои се заинтересирани, без претходно пријавување, да земат учество на овој иницијативен одбор за формирање на локален младински совет, каде што ќе се констатираат понатамошните чекори за крајната цел.

Иницијативниот одбор ќе се одржи на ден 28.04.2022 година, во салата на Општина Неготино во 16.30 часот.

Со почит,
Општина Неготино
 
 
Работна средба од проектот,,Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој’’ со Aкроним ,,wine-up” се одржа во општина Пела- Грција. PDF Печати
   Работниот состанок беше имплементиран успешно со учество на претставници од трите корисници на проектот меќу кои како партнер 2 е и општина Неготино.Членовите на проектните тимови на корисниците извршија презентација на структурата на проектот, ги образложија детално активностите кои се дел од проектот,фазата на имплементација и методологијата за заедничките активности. Најважните точки на проектната средба беа:  1. Конституирање на ,, steering committee-одлучувачки комитет на проектот”и  презентирање на нивната одговорност.2. Важноста од постигнување на поставените индикатори беше нагласена од стана на Водечкиот партнер. 3. Целите кои треба да бидат постигнати од страна на партнерите во првите 6 месеци. 4. Детали за развојот на веб страна и комуникацискиот пакет беше презентиран од страна на водечкиот партнер. Корисниците на проектот исто така се согласија да доставуваат фотографии со висок квалитет за секоја објава која е поврзана со проектот. Се разговараше и за датумот на одржување на следната работна средба.
Градоначалникот на општина Неготино  г. Горан Стојанов исто така оствари средба со градоначалникот на општина Пела, Григориос Стамкос, на која беа разменети искуства и искажано задоволство од меѓусебната соработка во однос на досега резлизираните проекти како  и за  проектот ,,wine-up”со искрена надеж за продолжување на соработката и на други идни проекти.

Повеќе...
 
Во Неготино одбележан Светскиот ден на хемофилијата PDF Печати
Светскиот ден на хемофилијата се одбележува секоја година на 17-ти април. Во чест на овој празник во текот на вчерашниот ден (недела) зградата на општина Неготино беше осветлена во црвена боја – симбол на крв и Светскиот ден на хемофилијата. Инаку, одбележувањето на Светскиот ден на хемофилијата е со цел за подигнување на свеста за вродени нарушувања во системот за коагулација. Хемофилијата претставува наследна состојба што се карактеризира со целосен недостаток или намалено ниво на факторите кои учествуваат во запирање на крварењето. 
Повеќе...
 
„Моја патрола“ достапна и на телефон, мејл и фејсбук страница PDF Печати

   Пријава и детектирање проблеми од страна на граѓаните кои се во ингеренции на локалната самоуправа, како и нивно решавање, е основната цел на проектот „Моја патрола“ кој веќе извесен период функционира на територијата на општина Неготино со поделба на градот на 3 реони и 4 реони во руралните средини. Вработени секојдневно се на терен близу до граѓаните и остваруваат директен контакт со нив, се со цел детектираните и пријавените проблеми да се решат во набрз временски рок. Со цел зауште поголема достапност, од денеска (11.04.) населението „Моја патрола“ може да ја контактира и телефонски на броевите 070-208-279 и 072-218-261 од 08,00 до 16,00 часот, мејлот Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и фејсбук-страницата Моја патрола.

 
Санде Атанасов победник на отвореното градско првенство на Неготино во шах PDF Печати
    Од 4 до 8 април во нашиот град се одржа осмото по ред отворено првенство во шах “Неготино Опен 2022”. На првенството учество зедоа 28 учесници кои одиграа вкупно 9 кола по швајцарски систем. Победник на овогодинешното отворено првенство е шахистот Санде Атанасов кој во деветте одиграни партии освои вкупно 8 поени и ја освои првата награда во вредност од 7.000 денари. Второто место на турнирот со освоени 7,5 поени му припадна на Димитар Ставров - Вешки, а третопласиран е Ѓоко Павлов кој ја освои третата награда во износ од 4.000 денари. Награди во висина од 2.000 денари добија и Ѓорѓи Темелков како најдобро пласиран млад шахист (под 18 години) и Васко Недев како најдобро пласиран сениор (над 60 години). Наградите ги обезбеди Општина Неготино, а ги додели градоначалникот Горан Стојанов кој на најдобрите учесници им додели и дипломи. Првенството помина во одлична организација на Општина Неготино во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 17 од 314