Со богата дводневна програма која што оваа година Општина Неготино ја подготви во чест на Денот на градот - 8-ми Ноември, ќе биде одбележана 78-годишнината од ослободувањето на Неготино. Големиот број културни и спортски настаните ќе се одржат на 7ми и 8ми ноември (понеделник и вторник) на повеќе различни локации, а Свечената седница на Советот на општината ќе се одржи во вторник - 8 Ноември со почеток од 11.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино.
|
|
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е За свикување на дванаесеттата вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 31.10.2022 година ( понеделник ) во 15:00 часот . За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Предлог - Одлука за давање во владение на броила за електрични енергија од општина Неготино на ЈКП Комуналец Неготино
|
Преку проект за развој на селата од Програмата за рамномерен регионален развој, во селото Тремник се уредува паркова површина. Станува збор за набавка и поставување на нова урбана опрема, детски реквизити и изведба на патеки во паркова површина. Со завршувањето на градежните работи најмладите жители на Тремник, и не само тие, ќе бодијат пријатно катче за одмор и релаксација.
|
Повеќе...
|
 Веќе извесен период во Неготино се реализира проектот „Уредување на околината на Саат-кула“ кој е со вкупна вредност од 101.630,53 евра. Проектот опфаќа уредување на просторот со хортикултура, поставување на урбана опрема, поставување на детски играчки и реквизити, изведба на паркинг-места за велосипеди и автомобили, како и поставување на електрика, водовод и канализација. Инаку, врз основа на договорот за партнерство и договорот за субвенционирање на проектот WINE-UP-CN2-SO1.3-SC052 од 08.10.2021г. Oпштина Неготино во рамки на проектот „Подобрување на прекугранично винско искуство за локален развој“ со акроним wine-up ја реализира проектната активност „Подобрување на атрактивностите за развој на туризмот преку реализацијата на проектот „Уредување на околината на Саат-кула“ во Неготино. |
Повеќе...
|
Во рамките на празнувањето на Денот на ослободувањето на Неготино - 8ми Ноември, Општина Неготино по 12-ти пат ќе го организира турнирот во табла “Неготино опен 2022”. По пауза од две години овој настан се враќа во програмата и ќе се одржи од 6 до 8 ноември (недела - вторник). Право на учество имаат сите граѓани на општина Неготино, а наградниот фонд за најдобрите учесници на овој турнир ќе изнесува 20.000 денари. Бројот на учесници на турнирот е ограничен, а пријавувањето за учество се врши на телефонскиот број 076/749-098 кај лицето Костадин Цветков. Турнирот кој што ќе се одржи во ТИЦ “Желкова куќа”, ќе биде отворен на 6 ноември (недела) во 17.00 часот, кога ќе бидат одиграни првото и второто коло од истиот. Наградите и дипломите на најдобрите учесници ќе им бидат доделени на 8 ноември (вторник), веднаш по завршувањето на турнирот. |
Најдоцна до петок, 21 овој месец, до 16,00 часот до архивата на локалната самоуправа можат да се доставуваат предлози со кандидати за добитници на наградата, признанијата и признанието почесен граѓанин на Неготино по повод празникот 8-ми Ноември. Признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани на посебен формулар кој можат да го подигнат во архивата на ОН или да го симнат од општинската веб страница. Пристигнатите предлози најпрво ги разгледува Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино, а наградите и признанијата на добитниците ќе им се доделат на свечената седница која ќе се одржи во вторник на 8-ми Ноември -Денот на ослободувањето на нашиот град. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
Лист 1 од 314 |