Општина Неготино
До 31-ти овој месец на АП Криволак ќе се реализира обука и гаѓања PDF Печати
   Со цел за информирање на јавноста, а заради безбедно извршување на планираните обука и гаѓања на Армискиот полигон Криволак кои ќе се изведуваат во периодот до 31-ти мај, им се соопштува на месното население од општините кои гравитираат околу воениот полигон дека во повеќе реони на истиот ќе се извршува обука и гаѓања. Токму затоа, потенцираат од Командата на полигонот, во споменатиот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока на овој потег, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или убојни средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е населението истите да ги одбележат и да се известат надлежните органи од АП Криволак или Полициската станица-Неготино. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на Армијата, како и обезбедени со физичко обезбедување.
 
Ј А В Е Н П О В И К за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди/електрични тротинети за 2022 година PDF Печати


О П Ш Т И Н А  Н Е Г О Т И Н О
Градоначалникот на општина Неготино врз основа на член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ” бр.05/2002) и согласно Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2022 година, објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Неготино за купување велосипеди/електрични тротинети за 2022 година

1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Неготино, со цел да ги стимулира жителите на Неготино за користење на велосипеди/електрични тротинети, а согласно тоа и намалување на бројот на возила кои ќе се движат низ градот, на граѓаните кои ќе купат велосипед/електричен тротинет од денот на објавувањето на Јавниот повик а најдоцна до 31.05.2022 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед, адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност и електричен тротинет.

1.2. Средствата што Општина Неготино ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со платен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на електричниот тротинет но не повеќе од 6.000,00 денари. За набавка на адаптиран велосипед за лица со телесна инвалидност општината ќе субвенционира 50% од вредноста, но не повеќе од 15.000,00 денари по лице, со платен персонален данок на доход.

1.3. Средствата што се превидени во Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2022 година се во вкупен износ од 300.000,00 денари и нивната исплата ќе биде на товар на Буџетот на општина Неготино од буџетска програма L00.

1.4.  Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“ , до исцрпување на вкупно предвидените средства, а најдоцна до 31.05.2022 година.
2.  Право на учество на Јавниот повик

Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на Општина Неготино кои ќе купат велосипед/електричен тротинет од денот на објавување на Јавниот повик се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31.05.2022 година и кои ќе ги исполнат условите од овој Јавен повик.

3.  Услови што треба да ги исполни барателот

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

-    да е жител на општина Неготино,

-    велосипедот да го купи од денот на објавување на јавниот повик до денот на завршување на Јавниот повик (31.05.2022 година), доколку средствата не бидат претходно исцрпени.

-    да спаѓа во категорија на лица со потешки моторни пречки во движењето (за баратели кои аплицираат за адаптиран велосипед).

4.  Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до општина Неготино треба да достави:
- барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на општина Неготино или на веб страната на општина Неготино),
- доказ за жителство во општина Неготино, со доставување копија на важечка лична карта на барателот, односно родител/старател на малолетно лице со телесна инвалидност,
- фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
- доказ дека е извршено купување на велосипед, и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Јавниот повик, односно денот на исцрпување на предвидените средства.
- потврда дека велосипедот е адаптиран за потребите на барателот - лице со телесна инвалидност, со спецификација за видот на извршената адаптација,
- решение за видот и степенот на телесна инвалидност издадено од надлежен орган.
Документи од алинеја 5 и 6 приложуваат барателите кои аплицираат за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на адаптиран велосипед.

4.2. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед/електричен тротинет.

4.3. Лица од исто потесно семејство и лица кои живеат на иста адреса не можат истовремено да добијат надоместок за велосипед/електричен тротинет на објавениот јавен повик.

4.4. Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување на велосипед/електричен тротинет заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на општина Неготино, ул.„Ацо Аџи Илов“ бр.2, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот или лично во архивата на општина Неготино.

4.5. На пликот треба да е наведено “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед/електричен тротинет - Комисија за спроведување на јавниот повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипед или адаптиран велосипед“

4.6. Архивата на општина Неготино примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

5.  Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. За спроведување на јавниот повик Градоначалникот формира комисија и тоа: Комисија за спроведување на јавниот повик за надомест на дел од трошоците за набавка на велосипед или адаптиран велосипед.

5.2. Општина Неготино, во зависност од динамиката на пристигнување на пријавите, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.05.2022 година.

5.3. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена.

5.4. Доколку бидат исцрпени предвидените финансиски средства пред крајниот рок (31.05.2022), општина Неготино ќе објави завршување на Јавниот повик преку својата веб страна.

5.5. Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на комисијата, Градоначалникот ќе донесе решенија за исплата на средствата.

6. Начин на остварување на правото на надоместок

6.1. Градоначалникот на општина Неготино на предлог на Комисијата ќе донесе решение за усвојување на барањето и исплата на средства за барателите кои ги исполниле критериумите, согласно Јавниот повик.

6.2. Градоначалникот на општина Неготино на предлог на Комисијата ќе донесе решение за одбивање на барањето доколку барателот нема уредна и комплетна документација односно не ги исполнува условите согласно Јавниот повик.

Б А Р А Њ Е

И З Ј А В А

 

 
Јавен повик за свикување на Локално собрание на млади за формирање на Локален младински совет PDF Печати

Почитувани,

Во согласност со член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики, а по иницијатива на советникот Стојанчо Атанасов како советник во општината, по состанокот на иницијативниот одбор за свикување на Локален младински совет одржан на ден 28.04.2022 година  донесена е одлука за распишување на јавен повик за свикување на Локално собрание на млади за формирање на Локален младински совет.

Се повикуваат сите младински здруженија кои се заинтересирани и ги исполнуваат условите предвидени со член 16, 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики, да се пријават на e-mail адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и ќе делегираат по 1 (еден) делегат од организација за во Локалното собрание на млади.

Пријавувањето трае најдоцна до 10ти мај, а седницата на Локалното собрание на млади ќе се одржи на 14 мај во 16.00 часот во салата на Општина Неготино.

Собранието на млади објавува јавен повик за членови за локалниот младински совет. Јавниот повик се објавува на веб - страницата на општина Неготино.

Собранието на млади избира членови на локалниот младински совет по пат на непосредни избори со тајно гласање во кое право на глас имаат делегатите од локалното собрание на млади.

За избрани членови на локалниот младински совет се сметаат оние кандидати кои освоиле најмногу гласови од страна на присутните делегати.

Локалното собрание на млади делегира и избира членови на Локалниот младински совет по објавен јавен повик од страна на истото собрание.

Бројот на членови во Локалниот младински совет на општина Неготино изнесува 5 (пет).  

О Д Л У К А - ЛМС

 
Гоце Делчев-корифејот на македонското ослободително движење PDF Печати
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 
    По повод 150 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, во големата сала на општина Неготино се одржа трибина на која се говореше за ликот и делото на Делчев. На трибината пред присутните свое обраќање имаше професорот по историја Блаже Лазовски кој говореше за улогата и дејствувањето на Гоце Делчев како организатор на македонското револуционерно национално-ослободително движење од крајот на 19-иот и почетокот на 20-иот век, односно како идеолог, учител, визионер и најзначаен раководител на Македонската револуционерна организација. На 4-ти мај 1903 година на пат кон Сер, бил убиен од туркста војска во селото Баница, а саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев од 1946 година се наоѓа во дворот на црквата „Св.Спас“ во Скопје. 
 
Повеќе...
 
Во Музејот трибина за потребите од промена на Правилникот за археолошки истражувања PDF Печати
 Општинската установа Музеј на град Неготино и Македонското археолошко друштво одржаа јавна трибина на тема: „Потребите од промена на Правилникот за археолошки истражувања“. На трибината учествуваа четириесеттина колеги од националните и локални музејски установи, установите за заштита на споменичното наследство, високообразовните и научните установи, Управата за заштита на културното наследство, како и самостојни истражувачи а на истата говореа проф. д-р Драги Митревски, д-р Силвана Блажевска, д-р Сања Ивановска Велкоска, д-р Христијан Талевски, Ване Секулов, м-р Билјана Јовановска. Од самиот настан произлегоа заклучоци за реалните проблеми со кои истражувачите се соочуваат и предлози за нивно решавање. Трибината имаше за цел да го поттикне надлежното министерство, во случајот Министерството за култура, за побрзо донесување на нов Правилник за археолошки истражувања, во чија изработка ќе бидат вклучени колегите археолози. 
 
Повеќе...
 
Вонредна седница на Совет на општина Неготино 29.04.2022 година PDF Печати
       Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 и 13/20 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  четвртта  вонредна  седница на Советот на општина Неготино

   Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино  на ден 29.04.2022 година ( петок  )  во 15 часот . За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Информација за актуелни случувања на ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино, ООу „ Страшо Пинџур “ , ООУ„ Гоце Делчев “ и СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино


 
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 16 од 314