Општина Неготино
Ќе се спроведе пробен попис на земјоделството во 3 неготински села PDF Печати
    Државниот завод за статистика во периодот од 15 до 30 јуни 2022 година ќе спроведе Пробен попис на земјоделството во избрани населени места по пат на примерок, со тоа што во општина Неготино пописот ќе се спроведе во Долни Дисан, Црвени Брегови и Дуброво. Основната цел на Пробниот попис е да се тестираат методолошките и организациските аспекти на спроведување на главниот попис за земјоделство кој е планиран да се одржи во 2023 година. Методологијата и организацијата на оваа статистичка активност е во согласност со ЕК-регулативата за интегрирани земјоделски статистики и на тој начин ќе се обезбеди продукција на статистички податоци во согласност со европските стандарди. Прибирањето на податоците ќе го направат обучени попишувачи од Државниот завод за статистика со користење таблети во кои е вградена апликација за прибирање податоци. 
 
Формирана комисија за проценка на штетите од невремето од град во општина Неготино PDF Печати
Излегувајќи им во пресрет на барањата на земјоделците, општина Неготино формираше комисија која во периодот до петок 17.06.2022 г. ќе ги прима барањата за отштета од земјоделците кои имаат штети на сопствените насади. Потребна документација за поднесување до комисисјата:
- фотокопија од лична карта за физички лица или тековна состојба за правни лица
- фотокопија од трансакциона сметка
- изјава за веродостојност на податоците
- решение за упис во единствен регистар на земјоделски стопанства
- имотен лист
Барањата за проценка на штетите од невремето од град можат да се поднесуваат секој работен ден до петок 17.06. во салата за состаноци на општина Неготино од 08,00 до 15,00 часот.
 
 
Прием за ученици и ментори од училиштата во општина Неготино PDF Печати
 На мое огромно задоволство, денеска во градоначалничкиот кабинет извршив прием и се задржав во краток разговор со ученици и нивните ментори од сите училишта кои функционираат на територијата на општина Неготино, а кои на разни натпреварувања оствариле резултати за почит и со тоа придонесле за лична и афирмација на своите училишта, како и афирмација на општина Неготино. На учениците кои освоиле први места на државни натпревари  од Буџетот на општина Неготино им беа доделени по 5,000 денари, на второпласираните по 4.000, а за освоено трето место по 3.000 денари, додека нивните ментори добија по 3.000 денари. Учениците на генерацијата во неготинските училишта беа наградени со по 5.000 денари. Им честитав на нивните остварувања и им посакав уште подобри резултати на натпреварувањата во иднина.
 
 
Повеќе...
 
Едукативна работилница во Апи-центарот во Бешје PDF Печати
   Деновиве во современиот и модерно опремен Апи центар лоциран во селото Вешје во организација на Пчеларското здружение „Неготински мед“ се одржа еднодневна едукативна работилница на која присуствуваа и учество зедоа 16 пчелари од општина Неготино. Предавач на настанот беше м-р д-р Јане Марков-претседател на Пчеларската федерација на Македонија кој воедно е и долгогодишен искусен одгледувач на пчели. Дискусијата на работилницата беше на тема „Пролетна манипулација во пчелните семејства за поуспешен медобер“, а истовремено во пчелниот парк беа поставени 2 нуклеуси од високо селектирани матици. 
 
 
Повеќе...
 
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа PDF Печати
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Неготино, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 02.06.2022 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К
до евидентирани невработени лица за вклучување во  Програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Иновативни социјални услуги во пштина Неготино”  за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино.
Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.
Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месеци/9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)           
- млади лица до 29 години
-  лица постари од 50 години
- невработенилицанакоиимпрестаналработниотодносвопериодотнаКоронавирусот COVID -19
-лица корисници на гарантирана минимална помош
-    лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
- лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
- жртви на семејно насилство



-лица со попреченост
-  жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници
- лица припадници на ромската етничка заедница
- лица на кои им е решен статусот со лична документација
- самохрани родители
- родители на деца со пречки во развојот
-родители на 3 и повеќе деца
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

-Работно место 1: Неговател во градинка
Позиции за работно место2:   3
Потребни квалификации и занимања за Работно место 2:
-Средно образование(средно медицинско,средно музичко,ликовно и фискултурно,општа гимназија
- Лицето треба да е активен барател на работа
Работно место 2 : неговател на стари лица
Позиции за работно место3: 5
Потребни квалификации и занимања за Работно место 3
               -Невработено лице со најмалку средно образование
- Лицето треба да е активен барател на работа

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино во периодот од 06.06.2022 година до 15.06.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Неготино и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Неготино  кај лицето Кртева Слободанка, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино кај лицето Елена Лазова,  Центар за социјлна работа Неготино кај лицето Весна Велјанова
 
 
По 5-ти пат се одржаа „ Џидимирските средби“ PDF Печати
   Општина Неготино и оваа година во рамките на можностите со финансиски средства го поддржа одржувањето на 5-тите по ред „Џидимирски средби“ кои со упорност и истрајност традиционално ги организира Граѓанскиот форум за Џидимирци. Средбите започнаа со организирана посета, палање свеќи и положување цвеќе на спомен-обележјето поставено во 2016-та година во знак на сеќавање на починатите кои некогаш живееле во ова село, а присутните имаа можност да се потсетат на местото каде што некогаш живееле, да евоцираат спомени и да се потсетат на настани и случувања во времето кога живееле во Џидимирци. Настанот продолжи во Неготино со извонредно богата и квалитетна програма, со обраќање на претседателот на Форумот за Џидимирци Јован Лазарев, иницијаторот и главниот финансиер на манифестацијата Тасе Лазовски кои живее во Словенија, читање поезија, доделување плакети и музички настап на хорот „Франце Прешерн“ од Скопје под диригентската палка на маестро Александар Шопов. На крајот сите си посакаа довидување до следните 6-ти средби кои ќе се оджат во првата сабота во месец јуни 2023 година. 
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 13 од 314