Општина Неготино
Секое дете заслужува да има семејство PDF Печати

    Во присуство на претставници на Министерството за труд и социјална политика, претставници на СОС Детско село, локалната самоуправа и други во Неготино се реализираше кампањата „Подај рака и промени живот-стани згрижувач“ која има за цел да го промовира згрижувањето и да се направат напори што е можно поголем број граѓани да се стимулираат да станат згрижувачи на деца без родители. Во моето обраќање како градоначалник и во име на општина Неготино дадов безрезервна поддршка на иницијативата за градење на мрежа на згрижувачки семејства и достапни услуги во локалната заедница за сите. Ние како општина ќе дадеме соодветен придонес во идентификувањето на потенцијалните згрижувачи кои би обезбедиле грижа и заштита на децата без родители, а ќе се заложиме и да обезбедиме развој на систем на поддршка на други дополнителни социјални улсуги. Обраќање пред присутните имаа и претставници од ресорното Министерство на централни и локално ниво, од СОС Детското село и други и сите истакнаа дека настанот е наменет за сите заинтересирани граѓани кои имаат потенцијал и желба да станат згрижувачи, со единствена цел нивниот број на локално и државно ниво драстично да се зголеми. 

Повеќе...
 
На 07.07.(четврток) во Неготино трибина „Подај рака и промени живот-стани згрижувач“ PDF Печати
   Во организација на Министерството за труд и социјална политика и СОС Детско село денеска во Неготино со почеток од 18,30 часот на градскиот плоштад ќе се одржи трибина на тема „Подај рака и промени живот-стани згрижувач. На настанот се очекува претставници на ресорното Министерство и од СОС Детското село да го претстават овој проект за кој веќе 40-тина денови во повеќе градови во нашата држава се спроведува континуирана кампања. Истата има за цел да го промовира згрижувањето, односно да се поттикнат што е можно поголем број граѓани да станат згрижувачи на деца без родители, за да може секое дете да расте и да се развива во безбедно семејство опкружено и исполнето со љубов. На настанот можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани кои ќе можат да добијат информации и да се запознаат како и под кои услови се станува згрижувач.
 
Во четврток (07.07) во Неготино ќе се одржи информативна сесија од проектот „Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој“ PDF Печати
   По пријавата од општина Неготино за учество во циклусот на обуки како дел од проектот “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој”, се информираат сите заинтересирани граѓани  дека на ден 07.07.2022 (четврток) во просториите на Општина Неготино со почеток во 14 часот, ќе се одржи информативна сесија, при што ќе утврдат начинот и времето на одржување на планираните обуки. Сесијата ќе трае 1 час. Специфичната цел на проектот е подобрување на атрактивностите и промовирање на туризмот во прекугранична област со цел за подобрување на вработувањата во туризмот.
Обуките се наменети за студенти и невработени лица со цел поддршка за вработување во туризмот. Обуките ќе бидат во временски период од 1 месец, односно 20 работни денови по 1 до 2 часа во салата на Општина Неготино. Планирано е да се одржат за време на летниот период од јуни до септември.
 
Со 6.000.000 денари се реконструира ул„Браќа Миладинови“ и санација на ударни дупки на улици PDF Печати

  Со средства во висина од 6 милиони денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино денеска се започна со градежни активности за комплетна реконструкција и асфалтирање на улицата „Браќа Миладинови“ во должина од околу 250 метри, а паралелно ќе се одвиваат активности  за санирање на ударни дупки на улиците во цел град каде што се регистрирани поголеми оштетувања. Според проектот, на ул „Браќа Миладинови“ предвидено е да се врши ископ, тампонирање, поставување на нови бетонски рабници и финално асфалтирање на целата улица. Исто така, во зависност од динамиката на изведување на работите, паралелно ќе се пристапи и кон санирање на ударните дупки на улиците во Неготино. Изведувач на градежните работи е фирмата „Градба промет“, а надзорот го врши „Павер трејд“ од Кавадарци. 

Повеќе...
 
Ставени во функција 4 пинг-понг маси на неколку локации во Неготино PDF Печати

  Општина Неготино во соработка со неколку општествено-одговорни правни и физички лица од општината реализираше проект за поставување на 4 бетонски пинг-понг маси кои се веќе ставени во функција и граѓаните ги користат за спортување и рекреација. Имено,  пинг-понг бетонски маси се поставени на 4 локации во градот и тоа во кругот на СРЦ„Младост““, во паркот спроти градскиот Музеј, паркот во населбата „Саат-кула“ и паркот на раскрсницата кај улиците „Марксова“ и „Фемо Кулаков“. На задоволство на локалната самоуправа, истите се масовно посетени и користени од страна на граѓаните.

Повеќе...
 
Поставени детски реквизити во кругот на СРЦ „Младост“ PDF Печати

    Општина Неготино во координација и соработка со „Ротари клубот“ од нашиот град реализираше проект со кој во кругот на Спортско рекреативниот центар „Младост“ е поставена урбана опрема-детски реквизити наменети за забава, одмор и реалксација на нашите најмлади сограѓани. Станува збор за поставување на 3 детски реквизити донација од Ротари клуб-Неготино. Се апелира до сите корисници на истите на нивно внимателно користење, како не би дошло до оштетувања на детските рквизити, со кои на нашите најмлади сограѓани им се создаде уште едно пријатно катче каде што во одмор и релаксација заедно со своите најблиски можат да поминуваат дел од слободното време. 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 10 од 314