Општина Неготино
Јавен повик за основање на облици на месна самоуправа во Општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Советот на Општина Неготино на седницата одржана на ден 31.05.2022 година донесе Одлука за распишување на јавен повик за формирање на облици на месна самоуправа во Општина Неготино и тоа: урбани заедници во градот и месни заедници во населените места.
На истата седница Советот донесе и Правилник за работа на облиците на месна самоуправа во општина Неготино.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани кои имаат интерес за основање на урбана заедница/месна заедница да поднесат иницијатива за основање до Советот на општина Неготино.
Иницијативата за основање задолжително треба да содржи : подносител, опис на подрачјето за кое се бара основање , образложение за потребите за основање и потпис на заинтересираните граѓани и истите да се поднесат до Архивата на Општина Неготино најдоцна до 10.09.2022 година.
Во прилог :
-    Одлука бр.08-395/4 од 31.05.2022 година
-    Правилник бр. 08-395/5 од 31.05.2022 година и
-    Одлука бр. 08-760/6 од 28.12.2066 година  
 
Започна санација на ударните дупки на улици во Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Работници на градежното претпријатие Градба промет од Кавадарци со асистенција на претставници на стручните служби на општина Неготино од денеска започнаа со активности за санација на ударните дупки на улиците во Неготино. Ќе бидат опфатени сите улици на кои се регистрирани оштетувања, а ќе се постапува и по пријавите од граѓани на Моја патрола. Активностите започнаа со гребење на асфалтот на улиците на кои има ударни дупки, по што следува нивно асфалтирање. Се очекува овие активности да се одвиваат во наредните 15 денови.  

Read more...
 
Седница на Совет на општина Неготино 22.07.2022 година PDF Print
There are no translations available.

  Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Службен гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,
13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Службен гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 14 ( четиринаесетта ) редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 22.07.2022 година ( петок ) во 14:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Усвојување на записник од 6 вонредна седница на Совет на Општина Неготино
2. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/3 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена за влез на оператор на гробишта и користење на ладилник
3. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/4 од 23.06.2022 на Управниот одбор на ЈП „ Комуналец “ Неготино за висина на цена за собирање на смет за физички
4. Предлог - Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/5 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена на гробни места и висина на цена за влез на гробишта на каменорезач
5. Предлог- Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/6 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена на машински и рачни работни задачи
6. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на територијата на општина Неготино за 2022 година
7. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2022 година
8. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2022 година
9. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации на Општина неготино за 2022 година
10. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2022 година
11. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2022 година
12. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2022 година
13. Предлог- Измени и дополнувања на буџетот на општина Неготино за 2022 година ( ребаланс )
14. Предлог – Правилник за определување на постапка и критериуми за доделување на финансиски средства на задруженија и фондации од буџетот на Општина Неготино
15. Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ОУ „ Музеј на град Неготино “ Неготино
16. Предлог – Заклучок за утврдување на локација за дислокација на дивите гаражи, земјоделски машини, моторни хаварисани возила кои узурпираат јавна површина на територијата на општина Неготинo
17. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
 
Турнирот во мал фудбал “Крсте Велјанов” започнува во петок, 15 јули PDF Print
There are no translations available.

   Како увертира во манифестацијата “Спортско – културно лето 2022”, која општина Неготино ја подготвува за граѓаните за периодот кој следува, во петок 15 јули започнува првиот од предвидените настани, односно меморијалниот турнир во мал фудбал “Крсте Велјанов”.  Отварањето на турниорот кој што ќе одржи на терените на спортскиот комплекс СРЦ “Mладост” е закажано за петок во 20.30 часот, а учество на турнирот ќе земат повеќе екипи од Неготино, Скопје, Велес, Прилеп, Кавадарци, итн. Досега се пријавени вкупно 16 екипи, а пријавувањето за учество завршува денес (среда, 13 јули). Секоја екипа има право да пријави вкупно 10 играчи, а на терен се игра 5+1. Ждрепката и распоредот на натпреварите ќе бидат утврдени во четврток, 14 јули. Наградниот фонд кој го обезбеди општина Неготино изнесува 140.000 денари, а покрај наградите за најдобро пласираните четири екипи, ќе бидат доделени и награди за најдобар голман, најдобар стрелец и МВП на турнирот. Завршните мечеви и финалето на овој спортски настан се закажани за 7 август, кога ќе бидат доделени и наградите за надобрите учесници. Општина Неготино и организаторите на настанот упатуваат покана до граѓаните од општината масовно да ги посетат случувањата на турнирот кој гарантира интересни натпревари и одлична забава.
 

 
Работилница за националната Стратегија за правата на лицата со попреченост (2023-2027) PDF Print
There are no translations available.

   По иницијативата на Владата и Министерството за труд и социјална политика за отпочнување процес за подготовка на националната Стратегија за правата на лицата со попреченост и одржаната национална работилница, започнаа дискусии во рамките на работните групи кои ќе бидат задолжени да предложат мерки и активности за вградување во самата стратегија. Имајќи предвид дека вклученоста на локалните заедници е од исклучително значење бидејќи сите услуги се испорачуваат на локално ниво, во Неготино се одржа работилница за стратегијата со цел да се слушнат гласот и мислењата на општината и локалните чинители од сите сектори. На работилницата свои обраќања имаа Наталија Спасовска од ГИЗ, Васка Бајрамовска-народен правобранител и Благородна Шопова од ЗЕЛС кои истакнаа дека резултатите од процесот ќе се темелат на придонесот на секој чинител, како и поставувањето на остварливи заеднички цели, што пак се очекува да придонесе за успешна реализација на имплементациската фаза која следува. Предлозите и сугестиите од работилницата ќе бидат сумирани и документирани и соодветно презентирани на наредните работни групи кои продолжуваат од септември.

Read more...
 
На 15 јули започнува Спортско – културно лето Неготино 2022 PDF Print
There are no translations available.

   Во наредниот двомесечен период во рамките на предвидените програмски активности, Општина Неготино за своите граѓани планира да обезбеди широк спектар на културни, спортски и други настани преку кои ќе придонесе за збогатување на општествениот и културно-забавниот живот во општината. Оваа година во рамки на манифестацијата “Спортско – културно лето ‘22”, која за прв пат ќе биде презентирана како единствена целина, ќе бидат одржани голем број на настани меѓу кои: турнири во повеќе спортови, театарски претстави, концерти, како и настани за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност и настани со стопански карактер. За одбележување е организацијата на познатата “Неготинската музичка вечер 2022”, во рамките на која ќе настапат повеќе познати музички ѕвезди, а истата ќе се одржи на градскиот плоштад. Подетални информации за предвидените настани Општина Неготино ќе објавува пред започнувањето на секое од планираните случувања. Ги покануваме сите граѓани на Општина Неготино масовно да ги посетат предвидените настани и да уживаат во понудените содржини.
 

 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 9 of 314