Општина Неготино
Народниот театар од Битола го отвори првото издание на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев” PDF Печати

   Синоќа (05.09.) во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” започна програмата на првиот  интернационален фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев”. Извонредната претстава која што актерите на Народниот театар од Битола ја одиграа пред неготинската публика беше наградена со овации на крајот од претставата. По одличната увертира во фестивалот, денес на програмата на истиот се уште две претстави, две комедии, кои се надеваме ќе ги задоволат вкусовите на неготинската театарска публика.
Првата престава која што ќе се одигра вечерва е одличната комедија “Анатомија на неверство” на Театар Комедија од Скопје, која што со почеток од 19.30 часот ќе биде одиграна во кафе-бар “Амаро”. Оваа претстава е режирана да се одигра во специфичен простор, а актерите од Театар Комедија во редовната програма ја играат во бифето на театарот. Билетите за оваа претстава во претпродажба може да се купат во кафе-бар “Амаро”.
 

 

Повеќе...
 
Денес (05.09.) започнува првиот интернационален фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев” PDF Печати

Со претставата “Кислород” на Народниот театар од Битола која е работена според текст на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ денес во 19.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” започнува првото издание на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев”. Билетите по цена од 100 денари може да се купат во трафиката “Корзо” пред Центарот за култура, книжарницата “Бонига” (стара градска чаршија) и преку ONLINE билети: teatraprovokacija.mk и zlatenzab.mk.
Претставата “Кислород” е всушност поетско дело кое акумулира гнев, надеж, емоции и мисли на цела генерација од источниот блок, млади луѓе, кои пораснаа заглавени во транзиција и продолжија да живеат во дивиот капитализам, што беше резултат на истата таа транзиција. Во претставата играат Викторија Степанова-Јанкуловска и Никола Стефанов.
Пред одигрувањето на претставата ќе биде свечено отворено првото издание на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев”, а во наредните денови следуваат уште четири претстави кои се дел од програмата на фестивалот кој има натпреварувачки карактер, а најдобрите учесници на истиот ќе бидат прогласени од страна на жири комисија на затварањето во петок, 9 септември.

Програма на фестивалот:

05.09.2022 од 19:30 во Центар за култура „АЦО ЃОРЧЕВ“
„КИСЛОРОД“
НУ НАРОДЕН ТЕАТАР – Битола

06.09.2022 од 19:30  во КАФЕ БАР “АМАРО”
„АНАТОМИЈА НА НЕВЕРСТВОТО“
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА – Скопје

06.09.2022  од 21:00  во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
„ОЖЕНИ МЕ“
ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА – Скопје

07.09 од 19:30  во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
“ГРЕТА”
ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ – Скопје

08.09.2022 од 19:30 во Центар за култура „АЦО ЃОРЧЕВ“
“МОЈОТ СОПАТНИК СТРАВОТ”
СЦЕНА МАСКА, Р.Србија

09.09.2022 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
19:30  ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
20:00  STAND UP COMEDY со ТИНО и АТАНАС (во чест на наградените)


Повеќе...
 
15 редовна седница на Советот на општина Неготино 07.09.2022 година ( среда) во 14.30 часот PDF Печати
Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Службен гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Службен гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 15 ( петнаесеттата ) редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 07.09.2022 година ( среда) во 14.30 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1.Усвојување на записник од 8 вонредна седница на Совет на Општина Неготино
2.Усвојување на Записник од 9 вонредна седница на Совет на општина Неготино
3. Предлог –Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Урбана единица 4, дел од блок 13, ( помеѓу улиците „Mаршал Tито“, „Ѓорѓи Димитров Вешката“, „Киро Крстев“, „Едвард Кардељ“, „Борис Кидрич“ и „ЈНА“ ), општина Неготино
4.Предлог - Одлука за утврдување на нацрт план за ДУП за урбана единица 9 дел од блок 28
5.Предлог – Решение за измена на Решение за формирање на Општински Совет за социјална заштита на општина Неготино
6. Предлог- Одлука за утврдување на висината на надоместокот за користење на јавните површини за време на ,, Неготинскиот панаѓур,, 2022 година
7.Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за финансовото работење на ЈП “ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино за периодот 01.04.2022- 30.06.2022 година
8.Предлог – Решение за давање согласност на Правилник за начинот и постапката за издавање на повластен паркинг карта за јавни паркиралишта со наплата , бр. 02-275/6 од 19.08.2022 година на УО на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино
9. Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за утврдување на цени по зони за организирање на зонско паркирање во општина Неготино бр. 02-275/4 од 19.08.2022 година на УО на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
10. Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за ослободување од плаќање на паркинг услуги на јавна површина бр. 02-
275/3 од 19.08.2022 година на УО на ЈП „ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ Неготино
11. Предлог – Решение за давање согласност на Извештај за работа за учебната 2021-2022 година на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино
12. Предлог- Решение за давање согласност на Програма за работа за учебната 2022-2023 година на СОУ „Св. Кирил и Методиј“ Неготино за учебната 2022-2023 година
13. Предлог – Одлука за определување на заштитна зона на зафатите за водоснабдување
14. Предлог – Решение за доделување на финансиски средства
15. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
 
„Појадок со новинари“ во Музејот на град Неготино PDF Печати
   Настанот „Појадок со новинари“ кој се одржа во просториите на Музеј на град Неготино, е дел од меѓународниот проект “The Melting Pot“ поддржан од Еразмус + програмата во кој Сојуз за младинска работа и Музеј На Град Неготино од Македонија се партнери заедно со НАПОР-Национална асоцијација за младински работници, Галерија Матица Српска од Србија, Мрежа Младих и ПОГОН-Загребски центар за независна култура од Хрватска.
Информирање на новинарите и пошироката публика за резултатите од истражувањето за тоа колку институциите за култура се отворени за младите и колку ги задоволуваат потребите на младите луѓе во полето култура но и за заинтересираноста на младите да бидат дел од настаните како учесници и креатори на продукти и програми во областа култура беше основната причина за настанот „Појадок со новинари“ кој се одржа во Музејот во Неготино. На настанот презентацијата беше од страна на претставници од Сојузот за младински работници од Скопје, Драгана Митровиќ за резултатите од проектот и Ѓорѓи Лазов за реализираните четиримесечни едукативни работилници одржани и реализирани со дваесетина младинци од Неготино и Кавадарци во Музеј на град Неготино од јануари до мај 2022 година.

Повеќе...
 
Општина Неготино ќе додели финансиска поддршка од 3.000 денари за секое прваче PDF Печати
 На последната (вонредна) седница на Советот на општината беше донесена одлука на сите запишани ученици во прво одделение, општина Неготино да им додели еднократен паричен износ од 3.000 денари како своевидна помош за родителите во овие изострени економски услови за живеење за купување на училишен прибор на почетокот на учебната година. Според податоците, паричен надоместок ќе добијат вкупно 193 првооделенци од општината, од кои 104 запишани во ООУ„Страшо Пинџур“ заедно со подрачните училишта и 89 во ООУ„Гоце Делчев“ со подрачните училишта. Изготвувањето на решенијата е при крај и во најскоро време на трансакциските сметки на родителите на првачињата ќе бидат префрлени по 3.000 денари од општина Неготино. Исто така, се реализираше и иницијативата „Среќно прваче“ на Халкбанк АД Скопје која како општествено-одговорна компанија ги поддржува првачињата, посакувајќи им среќен почеток со подарок училишен прибор и Бонтон.
СРЕЌНА И УСПЕШНА УЧЕБНА ГОДИНА НА СИТЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС !
 
Отпочна изградбата на нова водоводна линија на ул„Димче Мирчев“ и „Душан Преграц“ PDF Печати

   Согласно договорот помеѓу општина Неготино и изведувачот на работите Вод-вар инженеринг од Скопје, отпочнаа градежните активности за изградба на нова водоводна линија на улиците „Димче Мирчев“ и „Душан Преграц“. Воведот во работата за реконструкција на овие улици е веќе извршен, а општина Неготино навремено ги информираше и испрати известување до 40 семејства дека приклучоците од водоводната линија до дворните места ќе ги постави општина Неготино, а нивна обврска е приклучокот до домовите да го извршат самите. Основна цел на проектот е замена на старата, дотраена и оштетена водоводна линија на овие две улици со нова со поголем зафат и нејзина поефикасна функционалност. Проектот е финансиран со средства од Министерството за животна средина и просторно планирање  и буџетот на општина Неготино. Рокот за извршување на работите е 40 денови, а надзорот го врши Студио Архивисион од Скопје.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 5 од 314