 Во рамките на одржувањето на петдневната стопанско – туристичка манифестација „Недела на виното” во чест на весркиот празник „Св.Трифун” во просториите на манастирот „Св. Ѓорѓи” и оваа година се одржа Ден на вранецот. Домаќините – свештените лица од МПЦ „Св. Атанасиј” се погрижија и овој настан да се одвива во одлична атмосфера на задоволство на многубројните посетители кои пристигнаа во манастирот. |
Повеќе...
|
|
 Манифестацијата „Недела на виното – 2010” и оваа година беше организирана од страна на локалната самоуправа – Неготино, Советот на општината и градоначалникот Пане Трајков, а во соработка со приватните винарии, Здружението на граѓани Витис, Центарот за култура „Ацо Ѓорчев” потоа угостителските објекти од општинава, а година сопствен придонес даде и АД „ Стопанска банка” - Скопје. |
Повеќе...
|
Во рамките на манифестацијата ,, Недела на виното ,, меѓу другите активности, од страна на стручна комисија составена од енолози од винарските визби се изврши дегустација на вина и ракии произведени од индивидуални лозаропроизводители од општина Неготино. Според зборовите на Ѓоко Данаилов – претседател на ЗГ ,, Витис ,, и оваа, како и предходните години, за дегустација биле понудени одлични вина и ракии, а последниот збор околу квалитетот на истите го имаа членовите на стручната комисија. |
Повеќе...
|
Во организација на Министерството за локална самоуправа и Секретаријатот за Европски прашања, во големата сала на општина Неготино се одржа презентација на проектот „Одиме локално”, кој се спроведува во рамките на Стратегијата за информирање и комуникација со јавноста и локалните власти за процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија. Преку дебата и директен контакт, присутните граѓани, претсавници на бизнис – секторот и на невладините организации имаа можност да се информираат за различни прашања од процесот за евро – интеграција, важноста и можностите за искористување на средствата од ИПА фондовите, улогата на локалната самоуправа и друго. |
Повеќе...
|
Министерот за образование и наука Никола Тодоров, амбасадорот на Република Австрија во Македонија д-р Алоис Краут и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на пригодна свеченост во употреба ја предадоа новоизградената училишна зграда во с. Црвени Брегови. |
Повеќе...
|
Врз основа на општинскиот Статут и одлуката за востановување на општински награди и признанија, а по предходно донесена одлука од Советот на општината, на свечената седница беа доделени наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември. Највисоката општинска награда 8-ми Ноември годинава беше доделена на Трговското друштво – Фабрика за кабли Зденка од Неготино за остварени резултати во областа на стопанството, додека признанието 8-ми Ноември им беше доделено на д-р Гоце Цилев од Институтот за сточарство при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј ,, - Скопје, на групата Распеани пензионери од Неготино, на Раде Стојановиќ - ракометен репрезентативец на Македонија, на м-р Ангел Ристов - асистент на Правниот факултет - Јустинијан Први, на фирмата Росал - ДС од Д.Дисан, на одделот за техничка соработка на Амбасадата на Австрија во Македонија и постхумно на Никола Бојаџиев - спортски работник од Неготино. Наградите на добитниците им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. |
|
|
|
<< Почеток < Пред 311 312 313 314 Следно > Крај >>
|
Лист 312 од 314 |