Општина Неготино
СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
   По повод Денот на ослободувањето на нашиот град 8-ми Ноември, во кино – салата на Центарот за култура, се одржа свечена седница на Советот на општина Неготино на која присуствуваа претставници на извршната власт на РМ, вршители на јавни функции во општинските институции, поранешни претседатели на општинското Собрание и градоначалници на Општината, преживеани борци од НОБ, членови на семејствата на паднати и починати борци, како и на загинати бранители за Македонија, како и други гости од земјава и странство. Седницата ја отвори и ја водеше претседателот на Советот – Сашо Николов, а пригодно обраќање пред присутните во чест на празникот имаше градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков.
Повеќе...
 
ДОДЕЛЕНИ НАГРАДАТА И ПРИЗНАНИЈАТА ,, 8-МИ НОЕМВРИ ,, PDF Печати
   Врз основа на општинскиот Статут и Одлуката за востановување општински награди и признанија, а по предходно донесена одлука од советниците во Советот на општина Неготино, на свечената седница претседателот на Советот Сашо Николов ги прогласи, а градоначалникот Пане Трајков на годинашниве добитници им ги додели наградата и признанијата ,, 8-ми Ноември ,, што секоја година се доделуваат по повод општинскиот празник. Годинашен добитник на највисоката општинска награда ,, 8-ми Ноември ,, е Трговското друштво ,, ЈАДРАН ГОТТИНО ФООДС – Тодор Неготино, а наградата ја прими и во име на останатите добитници на признанија се заблагодари сопственикот и менаџер на компанијата Тодор Кулаков.
Повеќе...
 
ПРОМОВИРАНА КНИГАТА ,, АНТИГОНА – НЕГОТИНО ,, PDF Печати

   Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, во кино –салата на Центарот за култура во нашиот град, се одржа промоција на книгата ,, Антигона – Неготино ,, од авторот Ангелина Маркус – професор по филозофија во пензија и позната по проучувањето на разни културни настани поврзани со Македонија. ,, Со многу внимание и љубов ги барав невидливите конци на македонските градови изврзани во јазол. Ја будиме свеста и сознанието за сите битки на славните Македонци, какви што се и денеска во Неготино и светот, го бараме минатото во сегашноста ,, - истакна во своето обраќање професорката Маркус.

Повеќе...
 
,, МУЛТИМЕДИЈАЛНА КУЛТУРНА ВЕЧЕР – НЕГОТИНО 2010г. ,, PDF Печати

     Дојдоа. Настапија. Одушевија. Вака накратко може да се опише настапот на членовите на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија ,, Танец ,, кој шест децении е подвижен музеј на она најубавото, исконското и непроценливо македонско фолклорно богатство кое претставува историја и идентитет на Македонецот. Дел од она со кое Ансамблот во своето 60 – годишно постоење го има презентирано на одржаните над 3.500 концерти и кое имале можност да го видат над 8 милиони посетители во светот, беше презентирано и пред граѓаните на општина Неготино во рамките на одржувањето на веќе традиционалната  Мултимедијална културна вечер – Неготино 2010 г. која во пресрет и во чест на верскиот празник Мала Богородица и Неготинскиот панаѓур се реализираше на градскиот плоштад во нашиот град.

Повеќе...
 
РЕКОНСТРУИРАНИ 3,5 КИЛОМЕТРИ ОД ПАТОТ НЕГОТИНО – КУРИЈА PDF Печати
  Со средства што Владата на РМ ги обезбеди преку Светската банка, а во рамките на имплементацијата на Проектот за реконструкција и рехабилитација на локалната патна мрежа на подрачјето на општина Неготино, градежната оператива на Гранит изврши реконструкција и рехабилитација на дел од локалниот патен правец од Неготино до Курија во должина од 3.460 метри. Градежните работи се изведоа според проект изработен од фирмата ,, Шамкаров партнер ,, од Скопје, а истиот беше ревидиран од Градежниот факултет.
Повеќе...
 
БЕХАТОН КОЦКИ НА КРАК ОД УЛИЦАТА ,, ХРИСТО БОТЕВ ,, PDF Печати
   Во рамките на реализацијата на Програмата за комунални дејности на подрачјето на општина Неготино, во делот за реконструкција на локални патишта и улици, со средства во висина од 680.000 денари обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа извршено е поплочување на крак на ул ,, Христо Ботев ,, со површина од 300 м2. Споменатите активностите беа спроведени по директно барање на дел од тамошните жители кои не го кријат задоволството од завршените работи и елиминирањето на проблемите со кои предходно се судруваа.
   
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 301 302 303 304 305 306 307 308 309 310 Следно > Крај >>

Лист 306 од 314