Општина Неготино
ПРОМОВИРАН РЕГИОНАЛНИОТ ОБРАЗОВЕН ПОРТАЛ PDF Печати

Општина Неготино во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ја организираше првата работилница на која се изврши презентација и промоција на Регионалниот образовен портал. Како што беше појаснето од страна на стручните лица кои го промовираа проектот, образовниот портал е веб – базирано решение за колаборација, комуникација и презентација на образовни содржини кои се прилагодени на образовниот систем.

Повеќе...
 
ГРАДСКАТА КАПЕЛА РЕЧИСИ ГОТОВА PDF Печати
 Финишираат градежните работи на Градската капела во Неготино, а работниците на изведувачот Пер-инженеринг паралелно се ангажирани во изведувањето на завршните работи  на надворешноста и внатрешноста на овој објект. Во меѓувреме беше распишан јавен тендер и се избра најповолниот понудувач кој има за задача да ја опреми внатрешноста на капелата со неопходните елементи потребни за нејзино непречено функционирање. Инаку, станува збор за објект со димензии 20 на 20 метри должни, односно капелата зафаќа површина од 400 метри квадратни, а во нејзин склоп има влезен трем, сала за излагање, просторија за подготовка, соба за одржување, за најблиските и свештените лица, како и друг простор. Одговорните во стручните служби на локалната самоуправа велат дека за комплетната изградба и опремувањето на капелата ќе бидат потрошени средства во висина од 10 милиони денари кои се комплетно обезбедени од Буџетот на општина Неготино. Се очекува, доколку се тече според предвиденото, градската капела да биде предадена во употреба во втората половина од месец мај.
 
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ PDF Печати

   Официјално стартуваше примената на Законот за постапување со бесправно изградените објекти со што е создадена законска можност за отпочнување на процесот на легализација на дивоградбите. За таа цел, во Неготино се одржа јавна презентација на која министерот за транспорт и врски при Владата на РМ Миле Јанакиески изврши претставување на најважните делови од овој закон, истакнувајќи дека барањата за легализација ќе може да се поднесуваат до септември, а сопствениците на индивидуални дивоградби за да добијат легитимен статус за објектот, ќе треба до општината да достават три документи и да платат по едно евро за квадрат.

Повеќе...
 
ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ООУ ,, СТРАШО ПИНЏУР ,, PDF Печати

   Во присуство на сегашни и поранешни вработени во оваа образовна установа, претставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот Пане Трајков и други гости, со низа пригодни активности беше одбележан патрониот празник на Основното општинско училиште ,, Страшо Пинџур ,, од Неготино. Претставници на училиштето, на локалната самоуправа и на боречката организација положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на патронот, а потоа за присутните беше организирана богата културно уметничка програма. Во пригодното обраќање, директорката на училиштето Весна Јованова говореше за постигањата во изминатиот едногодишен период помеѓу двата празника , како и за напорите што одговорните ги прават за осовременување на образовниот процес и создавање подобри услови и за наставниците и за учениците при одвивањето на наставата. Одбележувањето на патрониот празник беше искористено на поранешни вработени во училиштето кои се пензионирале да им бидат врачени пригодни подароци, а наедно признанија добија и ученици кои освоиле награди и кои достојно го претставувале своето училиште на  домашни и меѓународни натпреварувања и манифестации.

 

 

Повеќе...
 
АСФАЛТИРАНА ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ПЕПЕЛИШТЕ PDF Печати

  Согласно Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино и со средства од општинскиот Буџет се изврши тампонирање и асфалтирање на главната и најпрометна улица во с. Пепеплиште во должина од 780 метри. На овој градежен зафат му предходеше изведување на земјените работи и тампонирање на споменатата улица – активности кои ги изведе градежната оператива на Градба промет со нивна вкупна вредност на чинење од 2.345.000 денари, при што е извршено вградување на околу 800 м3 дробеник, а паралелно изработени се и банкини во должина од 1.500 метри.

Повеќе...
 
Анкетен лист за мапирање на бизнис сектор PDF Печати
   Општина Неготино, во рамките на проектот ,, Мапирање на потенцијални засегнати страни за развој на Вардарски плански регион”, започна со реализирање на активностите предвидени со горенаведениот проект. Проектот опфаќа мапирање на сите потенцијални засегнати страни на територијата на општина Неготино: мапирање на бизнис сектор(институции за подршка на бизнис сектор и приватни/деловни ентитети), мапирање на јавен сектор (политички сегмент, јавни институции/претпријатија, државна/општинска администрација и други релевантни институции вклучувајќи ги и медиумите), и мапирање на граѓански сектор. Истовремено, Ве известуваме дека собраните податоци ќе бидат ставени во функционална веб база на податоци која ќе биде во функција на дневните потреби на развојните регионални центри и општина Неготино. Во функција на собирање на релевантни податоци, во прилог доставуваме Контактен прашалник. Ве молиме истиот,  уредно пополнет да го доставите до општина Неготино или на E-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
Ви благодариме за соработката.
Анкетен лист
 
<< Почеток < Пред 301 302 303 304 305 306 307 308 309 310 Следно > Крај >>

Лист 303 од 314