Општина Неготино
Одбележан Светскиот ден на енергетска ефикасност PDF Печати

   Во салата на Општина Неготино беше одбележан светскиот ден на енергетската ефикасност 5-ти март, со презентација од областа на енергетската ефикасност на тема „Заштита на животната средина со енергетска ефикасност во домови, административни згради и други објекти“. Истата ја проследија советниците од Совет на Општина Неготино и други граѓани, а беше подготвена и реализирана од страна на раководителот на заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Вардарски плански регион со седиште во Неготино, Ванчо Петров. Тежиштето беше ставено на потрошувачката на енергија во Општина Неготино, потенцијални места за намалување на потрошувачката, преземени мерки за намалување, примена на обновливи извори на енергија, потрошувачката за водоснабдување и јавното осветлување. 

 
Честит 8-ми Март-Меѓународен ден на жената PDF Печати
Почитувани припаднички на понежниот пол !
Ја користам можноста да го изразам моето огромно почитување кон сите припаднички на понежниот пол во чија чест се празнува денешниот Меѓународен празник 8-ми Март кој е посветен на жените и создаден како ден на сеќавање на борбата за економска, политичка и социјална еднаквост на мажите и жените. Денот на жените е востановен на Втората меѓународна конференција на жените социјалисти на 8-ми Март 1910 година во Копенхаген на иницијатива на Клара Цеткин. Од мое лично име како градоначалник на општина Неготино, општинскиот Совет и локалната самоуправа на сите припаднички на понежниот пол им го честитам празникот со желби за добро здравје, среќа и успех на личен и професионален план.
 
 
Одбележан патрониот празник на ООУ„Страшо Пинџур“ Неготино PDF Печати

Основното училиште „Страшо Пинџур“ во нашиот град  со пригодна програма го одбележа својот патронен  празник. Во знак на почит кон ликот и делото на Страшо Пинџур  пред почетокот на пригодната програма со која беше одбележан патрониот празник на ова основно училиште, како градоначалник ја предводев делегацијата од Општина Неготино која положи  свежо цвеќе пред бистата  на патронот, а цвеќе положија и претставници на училиштето, претседателката и дел од советниците во општинскиот Совет, а пригодно обраќање пред присутните имаше директорот Сашо Ѓорѓиев. Исто така, ја искористивме можноста да ја проследиме програмата која вработените и учениците ја имаа подготвено по повод одбележувањето на патронатот на училиштето. На настанот, на најдобрите ученици им беа доделени пригодни награди, а по распишаниот конкурс од страна на Активот по македонски јазик кој организираше литературен конкурс на тема „Само вистинскиот мудрец со суди себеси правилно“. 

Повеќе...
 
Се тампонира патот до месноста „Солена вода“ PDF Печати

   Општина Неготино започна активност за санација на пристапниот пат до земјоделско-обработливо земјиште до месноста „Солена вода“. Станува збор за тампонирање на овој доста фреквентен и користен од населението патен правец во должина од 700 метри и ширина од 3 метри на потегот од мостот до самата локација на „Солена вода“. Активноста се реализира со финансиски средства обезбедени од Вардарскиот плански регион преку Програма за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2021 год.финансирана од Министерството за земјоделство ,шумарство и водостопанство.  Со оглед на констатираната состојба на терен, се апелира до граѓаните кои се упатуваат до земјоделските површини и до месноста „Солена вода“ да не фрлаат отпад со што се нагрдува сликата на овој патен правец. 

Повеќе...
 
Неготинската библиотека ги награди членовите со најмногу прочитани книги PDF Печати
   На пригодна свеченост која се одржа во просториите на библиотеката, беа доделени наградите што традиционално им се врачуваат на лицата кои имаат прочитано најмногу книги во изминатата година. На покана на организаторот, на овој настан можноста да присуствува со задоволство ја искористи градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов  за на најчитателите за 2021 година да им ги додели пригодните дипломи, а воедно на добитниците да им честита на постигнатиот успех. Врз основа на евиденцијата на локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино, награди за најчитатели градоначалникот Стојанов им додели на Ката Апостолова, Пепица Ѓорѓиева, Емилија Трајкова, Елена Јорданова и Невенка Андова. 
 
Повеќе...
 
Прес на градоначалникот Горан Стојанов за сработеното во првите 100 денови од мандатот PDF Печати

    Во рамките на заложбите за отчетно, транспарентно и навремено информирање на јавноста за работењето на градоначалникот и на локалната самоуправа, градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов одржа прес-конференција на која даде отчет за сработеното во првите 100 денови од мандатот, како и за тековните проекти и активности и проектите кои се предвидени за реализација до крајот на тековнава 2022 година. 

 https://www.youtube.com/watch?v=EfiXwix-1Jo

 

 
<< Почеток < Пред 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 Следно > Крај >>

Лист 21 од 314