Неговата екселенција амбасадорот на Република Франција во Македонија Сирил Бомгартнер оствари работна посета на Неготино во чии рамки остваривме заедничка средба во просториите на локалната самоуправа на која разговаравме на теми поврзани со унапредувањето на активностите за заживување на наставата по француски јазик во двете основни и средното училиште во општина Неготино. Во рамките на посетата, со амбасадорот Бомгартнер престојувавме во ООУ„Гоце Делчев“ кое е дел од регионалниот проект за заживување на наставата по француски јазик во образовните системи во земјите од Западен Балкан. За потребите на учениците од ООУ„Гоце Делчев“ и „Страшо Пинџур“ амбасадорот донираше интерактивна смарт табла која беше ставена во функција и која позитивно ќе влијае врз бројни аспекти во однос на учењето и развојот на учениците. Во знак на благодарност за донацијата од име на училиштето, учениците од 8-мо и 9-то одделение изведоа кратка пригодна програма. 
|
Повеќе...
|
|
Целта на оваа обука која е во организација на Центарот за граѓански комуникации и на која свои обраќања ќе имаат експерти од повеќе области е започнување процес на јакнење на капацитетите на претставници од општина Неготино и јавните претпријатија во делот на зголемувањето на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните иснтитуции. Обуката е првенствено наменета за вработените во општината кои работат на прашања за антикорупција, интегритет, транспарентност, јавни набавки и други сектори кои се значајни за јакнење на интегритетот на локалните институции. Според агендата за работа на обуката, ќе бидат опфатени повеќе теми како што се важноста од борбата против корупција на локално ниво, клучните аспекти за спречувањена корупцијата, градење на механизми за превенција од корупција и мерки за нејзино спречување-се во насока на спречување на коруоцијата во јавните набавки. |
Повеќе...
|
Под покровителство и организација на општина Неготино и БК„Неготино“ викендов по 9-ти пат се одржа меморијалниот турнир во борење во чест и сеќавање на нашиот сограѓанин Јован Димитров кој трагично го загуби животот во воениот конфликт на просторите на поранешната држава. Претставници на потесното семејство, на општина Неготино и на клубовите кои зедоа учество на турнирот положија свежо цвеќе на спомен бистата на Димитров. Активностите продолжија во салата „Младост“ каде што се одржа турнирот во борење со учество на 60-тина борачи од 9 боречки клубови од Македонија. Присутните имаа можност да проследат интересни борби, за тројцата првопласирани беа доделени пехари, медали и дипломи, а беа прогласени и најдобрите на турнирот и тоа: - најдобар млад борач Стефан Аризаноски од БК„7-ми Мај“ Прилеп, најдобар техничар Стефан Стојков од БК„Балканец“ Штип и за најдобар борач на турнирот беше прогласен Иван Јовановски од БК„Неготино“. |
Повеќе...
|
Синоќа (18.09.) на градскиот плоштад во Неготино се одржа традиционалната “Неготинска музичка вечер 2022”, на која настапија познати имиња од македонската и балканската музичка сцена. Увертира во одличната музичка вечер беше настапот на Бојана Скендеровски, која настапи со неколку свои и хитови од други македонски изведувачи, а веднаш по неа присутната публика на градскиот плоштад имаше можност да ги слушне извонредните ДНК, кои со својот енергичен настап направија одлична забава за присутната публика на градскиот плоштад. Богатата програма на овогодинешното издание на Неготинската музичка вечер ја затвори легендарниот сараевски бенд Црвена Јабука како кулминација на најпосетениот музички настан во Неготино во последните неколку децении. Вонвременските хитови на овој бенд беа испеани во еден глас од сите генерации присутни на градскиот плоштад во Неготино. Настанот беше масовно посетен и од граѓаните на многу други општини, на особено задоволство на организаторот и учесниците во програмата.  |
Повеќе...
|
Изминатите неколк уденови како дел од “Спортско културно лето 2022” беше одржан турнирот во понг понг кој се одигра на масите за пинг понг во близина на музејот и СРЦ Младост, а кои се дел од новопоставената урбана опрема во градот. Турнирот се одигра по систем на елиминации, а најдобрите учесници од двете групи се сретнаа во финалето. Победник на турнирот е Стојанчо Орешков, кој во одличното финале го совлада Миле Лазов. Третото место му припад на Филип Петровски. На најдобрите учесници им беа доделени награди и дипломи, а претходно градоначалникот на општина Неготино им врачи благодарници на иницијаторите и помагателите на проектот за поставување на спортска урбана опрема во градот. 
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
Лист 3 од 314 |