Општина Неготино
Потпишан меморандум за соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје PDF Печати
   Во својство на градоначалник на општина Неготино денеска со претставници на Универзитетот од Скопје го потпишавме меморандумот за понатамошна деловна соработка. Соработката би се одвивала во делот на партнерството за аплицирање проекти од заеднички интерес, реализација на практикуми за студенти, експертска поддршка од Универзитетот за туризам и менаџмент за градење и креирање на атрактивни туристички брендови и друго. Со меморандумот е обезбедено доделување на 15 стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година.  
 
 
Повеќе...
 
Во тек е изградба на парк кај новата детска градинка PDF Печати
  Со средства во висина од 1.698.897 денари во тек се градежни активности за изградба на парк кај новата детска градинка. Со проектот предвидени се повеќе активности:- вградување на павер елементи, набавка и монтажа на детска лулашка од метална конструкција, две полиетиленски двослојни корпи, поставување на двојна комбинирана клацкалица со по две седишта од кои дел се наменети за лица со специјални потреби, монтажа на двослојна фигура на животно, поставување на клупи за седење и корпи за отпадоци, како и затревување на површините со трева со набавка на опрема за нејзино одржување. Изведувач на градежните работи е Градба промет-ДОО Кавадарци, а за надзорот е одговорна фирмата Павер Трејд ДООЕЛ-Кавадарци.
 
Повеќе...
 
Се поставува атмосверска канализација на дел од ул„ЈНА“ PDF Печати
   Со цел за прифаќање и акумулирање на атмосверските води од улицата и надминување на овој долгогодишен проблем со кои се соочуваат жителите, општина Неготино согласно Програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште за 2022 година и согласно договорите со ЈП Комуналец од 10.01 и 28.02.2022 година, во тек е изградба на атмосверска канализација на дел од улицата „ЈНА“ во нашиот град. Имено, при увидот од страна на стручните служби и укажувањата на жителите кои живеат на оваа улица, констатирано е дека на кракот пред училиштето „Гоце Делчев“ се јавува проблем со акумулацијата на атмосверските води. Токму затоа, работници на ЈП Комуналец со цел што е можно побрзо да се одговори на барањата на општината, се присутни на терен и работат на изградбата на атмосверската линија со сите потребни елементи и со приклучок до најблиската линија на спојот на оваа со улицата „Маршал Тито“.
 
Повеќе...
 
Доделени признанија на крводарители од општина Неготино PDF Печати
 Во пресрет на 17 Март- Денот на крводарителството и 77 години од Денот на формирањето на Црвениот крст, денеска приредив свечeн прием за крводарителите од oпштината и раководството на Општинската организација на Црвен Крст. На средбата нагласив дека како градоначалник чест и привилегија ми е да бидам во друштво на најхуманите жители на општината и дека важно за нас како општина е што крводарителството од година во година е се позастапено, покажува забележителен прогрес и секоја година се натфрла годишниот план на предвидени крводарувања, факт кој го потврди и секретарот на Црвениот крст Тошко Настов. Заедно, на повеќекратни крводарители им доделивме признанија и тоа:-за 25 крводарувања на Васко Чолов, за 50 на Ќиро Ѓорѓиев, за 75 на Диме Илиев и Атанас Атанасов, а за 100 реализирани крводарувања признание доби Бранко Стојанов. Ја користам можноста на сите крводарители од општина Неготино да им го честитам 17-ти Март-Денот на крводарителството.

Повеќе...
 
Неготино доби станица за мерење на амбиенталниот воздух, ќе се набавуваат и други PDF Печати
  Деновиве Здружението на граѓани „Еко вита“ од нашиот град ја постави и ја пушти во употреба првата индикаторска станица во Неготино. Како што појаснуваат одговорните, со истата ќе се мерат и снимаат податоци за температурата, влажноста, ПМ-2,5 и ПМ-10, а резултатите ќе се снимаат и прикажуваат и во секое време ќе им бидат достапни на граѓаните на апликацијата „Мој воздух“. Општина Неготино изразува благодарност до „Еко вита“ за поставувањето на првиот еко уред за мерење на амбиенталниот воздух и е подготвена со обезбедување финансиски средства да учествува во набавката на уште неколку вакви уреди преку кои граѓаните во секое време ќе можат да бидат информирани за моменталниот квалитет на амбиенталниот воздух. Истите се планира да бидат поставени на различни локации во градот и населените места и ќе бидат вклучени во апликацијата „Мој воздух“.
 
Повеќе...
 
Се поставува сообраќајна сигнализација на 3 улици во Неготино PDF Печати
  По спроведената постапка за јавна набавка и врз основа на договорот помеѓу општина Неготино и фирмата Виа сигнал ДООЕЛ-Скопје, во тек се активности за поставување на сообраќајна сигнализација на 3 улици во градот и тоа „Едвард Кардељ“, „ЈНА“ и „Антигона“. Проектот се спроведува согласно програмата Ј6 – Одржување и заштита на локални патишта и регулирање на режим на сообраќај. Вредноста на работите што се изведуваат изнесува 649.019 денари.
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 20 од 314