Општина Неготино
Потпишан договорот за изградба на улица во Курија во должина од 531 метри PDF Печати
   Заедно со претставникот на избраната фирма изведувач на работите Градба промет-Кавадарци и официјално го потпишавме договорот за изведување на градежните работи за изградба на улица во село Курија. Имено, општина Неготино преку договорот за грант со Министерството за финансии ги обезбеди потребните финансиски средства за комплетна изградба на улица во село Курија во должина од 531 метри. Станува збор за грант во висина од 3.695.970 денари кој е доделен од страна на Меѓународната банка за обнова и развој ( Светска банка) во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2, а покрај од грантот  при реализацијата на овој проект со сопствени средства од општинскиот Буџет ќе учествува и општина Неготино, како и средства кои се од подзаемот од Министерството за финансии преку Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) од Вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2. Очекувам работите на терен да запознат во најскоро време.
 

 
Отвореното градско првенство во шах ќе се одржи од 4 до 10 април PDF Печати
   Во организација на општина Неготино и Градскиот шаховски клуб “Неготино” во периодот од 4 до 10 април ќе се одржи Отвореното градско првенство во шах “Неготино Опен 2022”. Отварањето на првенството е на 4 април (понеделник) во 17.00 часот, а истото ќе се одржува во просториите на градскиот шаховскиот клуб “Неготино”. Првенството за отворено ќе го погласам како покровител на овој настан и градоначалник на општина Неготино. Право на учество на првенството имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Наградниот фонд за најдобрите шахисти на турнирот изнесува 25.000 денари. Пријавувањето за учество се врши кај претседателот на градскиот шаховски клуб “Неготино” ВМ Трајче Недев, на тел. број 075/416-496, надоцна до 4 април (понеделник) до 14.00 часот.
 

 
 
 
Потпишав договор за учество на општина Неготино во Регионалниот советувалишен центар PDF Печати
  Заедно со колегите градоначалници од Кавадарци, Росоман и Д.Капија, како и претставниците на Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство и Здружението на родова еднаквост „Визија“ од Кавадарци, официјално го потпишавме меморандумот за „Воспоставување на Советувалишен центар за помош и поддршка на жртви на  родово базирано и семејно насилство“ заедно со договорот за финансиска поддршка на граѓанските организации. Со договорот се уредуваат правата, одговорностите и обврските помеѓу двете страни-општините и невладините организации во делот на поддршка на граѓанските организации за унапредување и заштита на жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство, со единствена цел за воспоставување на Регионален советувалишен центар за помош и поддршка во Вардарскиот регион. Од проектот се очекува подобрување и унапредување на социјалните услуги за жените и децата жртви на насилство, подигнување на јавната свест, спроведување кампањи и споделување информации на локалното население за достапните услуги на овој советувалишен центар. 
 
 
Повеќе...
 
Ги доделивме ваучерите за новороденчиња за месец февруари PDF Печати
   Согласно однапред утврдената динамика за исплата на средствата, денеска ги доделив вредносните ваучери за новороденчиња на територијата на општина Неготино во висина од 7.000 денари. Станува збор за доделување на вкупно 13 ваучери на родители од нашата општина кои имале новородено дете во месец февруари. На сите нив, од мое лично име, од Советот на општината и од име на општина Неготино им ги честитав приновите во семејството посакувајќи им многу здравје и среќа на новороденчињата и на нивните семејства.
 

 
Течат подготовките за одржување на манифестацијата „Маскенбал-2022“ во Неготино PDF Печати
  Веќе извесен период општина Неготино во координација и соработка со надлежните општински установи и инстиитуции работи на подготовките за непречено одржување на традиционалната манифестација „Маскенбал-2022“ која се одржува на 1-ви Април-Денот на шегата. По пауза од 2 години неодржување на овој настан поради присуството на пандемијата од Ковид 19, одлучено е годинава настанот да се одржи, за што во тек се координацииите со одговорните во институциите со единствена цел одржувањето на манифестацијата да помине во најдобар ред. Се очекува и оваа година да има огромна масовност и присуство на стотици дечиња под маски, како и други заинтересирани, кои ќе продефилираат по предходно определена маршрута пристигнувајќи заеднички на градскиот плоштад. Подетални  информации следуваат неколку денови пред одржувањето на манифестацијата „Маскенбал-2022“. 
 

 
Се поставува сообраќајна сигнализација на ул.„Антигона“, и „Енгелсова“, а подоцна и на „ЈНА“ PDF Печати
   Согласно договорите помеѓу општина Неготино и изведувачот на работите Виа сигнал-Скопје склучени на 24.01 и 14.02.2022 година, отпочнати се и течат активности за поставување сообраќајна сигнализација на 3 улици во Неготино и тоа „Едвард Кардељ“, „ЈНА“ и „Антигона“.  Изведбените активности се однесуваат на поставување на вертикална и хоризонтална  сообраќајна сигнализација согласно Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќај на дел од уличната мрежа. Дел од сигнализацијата е веќе поставена и се уште се поставува на улиците „Едвард Кардељ“ и „Антигона“, а како што информираат стручните служби, соодветната сигнализација на улицата „ЈНА“ ќе се постави веднаш по завршувањето на реконструкцијата и асфалтирањето на истата. За вршење на надзорот на изведбените активности одговорна е фирмата Павер трејд од Кавадарци. 
 
 
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 19 од 314