Јавен повик за основање на облици на месна самоуправа во Општина Неготино |
Советот на Општина Неготино на седницата одржана на ден 31.05.2022 година донесе Одлука за распишување на јавен повик за формирање на облици на месна самоуправа во Општина Неготино и тоа: урбани заедници во градот и месни заедници во населените места. - Одлука бр.08-395/4 од 31.05.2022 годинаНа истата седница Советот донесе и Правилник за работа на облиците на месна самоуправа во општина Неготино. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани кои имаат интерес за основање на урбана заедница/месна заедница да поднесат иницијатива за основање до Советот на општина Неготино. Иницијативата за основање задолжително треба да содржи : подносител, опис на подрачјето за кое се бара основање , образложение за потребите за основање и потпис на заинтересираните граѓани и истите да се поднесат до Архивата на Општина Неготино најдоцна до 10.09.2022 година. Во прилог : - Правилник бр. 08-395/5 од 31.05.2022 година и - Одлука бр. 08-760/6 од 28.12.2066 година |