Соопштенија
JАВЕН ОГЛАС бр.2/2022 за вработување на 1 (еден) - давател на услуга на неопределено време во ЈП “ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ PDF Печати

  Врз основа на член 37 од Закон за јавните претпријатија (Сл.весник на РМ бр.38/96, 9/97, 6/02, 19/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16 и 64/18,  член 22 и 23 од Законот за работни односи (Сл.весник на РСМ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, и 27/2016), член 20 и член 21 став 2 од Законот за вработените во  јавниот сектор (Сл.весник на РСМ бр.27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за систематизација на работните места на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино бр.06-6/1 од 31.03.2021 година, В.Д. Директорот на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” на Општина Неготино , објавува:

JАВЕН ОГЛАС

бр.2/2022  за вработување на 1 (еден) - давател на услуга на неопределено време во ЈП “ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“


1.Контролор на паркирање
Шифра: KДР 03 05 Б02 050,  1 (еден) давател на услуга

Општи услови:
-    да е државјанин на Р.Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здравствена способност за работното место;
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
-    стекнати најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО  или  четири годишно средно образование ;

-    најмалку 2(две) години работно искуство.

Распоред на работното време:
-    работни денови од понеделник  до сабота петок ;
-    работни часови неделно 40;
-    сменско работно време од понеделник до петок,  прва смена од 08:00 до 15:00 часот , втора смена од 15:00 до 22:00 часот  и сабота од 08:00 до 15:00 часот.

Основната нето плата изнесува:  18.819,oo денари
Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план на институцијата  за 2022 година се македонец(ка) 2.

Кандидатите доставуваат пријава која треба да ја содржи следната содржина:
1.лични податоци на кандидатот;
2.податоци за исполнување на општите услови;
3.податоци за исполнување на посебните услови;
4.изјава со потврда дека податоците содржани во пријавата се точни, а доставените докази се верни на оригиналот;
5.дата на пријавување и потпис на кандидатот.

Приложените документи кон пријавата се во оригинал форма или копија заверена на нотар.
Пријавата може да се превземе од веб страницата на Општина Неготино www.negotino.gov.mk.
Пополнетите пријави, заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават лично во архивата на општина Неготино или по пошта на адреса : ул. ,,Ацо Аџи Илов” бр.2, Неготино.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат. По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од веб страницата на општина Неготино. Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од две фази и тоа Фаза 1 - административна селекција и Фаза 2 - интервју. Пријавените кандидати  ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб страната на општина Неготино:
 Фаза 1  -  административна селекција се спроведува  најдоцна 3 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите;
 Фаза 2  - интервју се спроведува  во рок од 2 (два) дена  по завршување на фаза 1 админстративна селекција.
Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана oд општинската администрација на општина неготино за спроведување на постапка за вработување.
Огласот ќе се објави во дневниот весник  ,,Нова Македонија”,  ,,Вечер” и дневниот весник ,, Koha”.
    Рокот за пријавување да биде 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на огласот во дневните весници. 

Образец  

 
                

 
Во Неготино ќе се одржи вториот Саем на социјални претпријатија во ВПР PDF Печати
  Неготино ќе биде домаќин на вториот регионален Саем на социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион кој го организира регионалниот Центар за поддршка на социјални претпријатија при Центарот за развој на ВПР и проектот „Поддршка за социјалните претпријатија“. Саемот ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино на 6-ти овој месец (четврток) со почеток од 11ч. и на истиот сите присутни ќе имаат можност да ги погледнат презентациите на социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на 20-тина социјални претпријатија од регионот и невладините организации кои  се занимаваат со некоја економска активност. На саемот ќе се презентираат и можностите за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија преку обезбедување соодветна поддршка. Проектот е поддржан од Европската унија, реализиран од Ептиса во конзорциум со Барка и Екорис во соработка со Министерството за труд и социјална политика и е од отворен карактер, така што саемот можат да го посетат сите заинтересирани граѓани.
 
ОБЈАВА 01/2022 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Неготино PDF Печати
ОБЈАВА 01/2022
 
О Г Л А С бр. 01/2022 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ВО ДЕНОВИТЕ 21, 22 И 23 СЕПТЕМВРИ 2022 Г. –НЕГОТИНСКИ ПАНАЃУР 2022 PDF Печати

О Г Л А С бр. 01/2022 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ  ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ВО ДЕНОВИТЕ 21, 22 И 23 СЕПТЕМВРИ 2022 Г. –НЕГОТИНСКИ ПАНАЃУР 2022

Б А Р А Њ Е  за добивање на  локација за  времено користење за поставување на урбана опрема за издавање во  деновите 21, 22 и 23 Септември 2022 година за време на Неготинскиот панаѓур 2022 година

 
На 21,22 и 23.09. ќе се одржи стопанската манифестација „Неготински панаѓур-2022г“ PDF Печати
  По двегодишна пауза поради состојбите со пандемијата од Ковид-19, годинава продолжува традицијата на одржување на манифестацијата „Неготински панаѓур“. Истата ќе се одржи од 21 до 23 овој месец ( среда, четрвток и петок), а во моментов финишираат подготвките за непречено одржување на манифестацијата која привлекува голем број гости од општината, регионот на Тиквешијата, но и од цела држава. Согласно Програмата за поставување урбана опрема на јавни површини на градежно изградено и уредено земјиште во градското подрачје, на последната седница на Советот на општина Неготино се донесе одлука за прибирање на понуди за издавање на времено користење на површини за поставување на урбана опрема на локации поделени во 6 зони со различна цена на чинење на корисната површина. Принципот на доделување на локациите е прв дојден-прв услужен, а со прибирање на понудите ќе се започне во петок на 16 овој месец со почеток од 10 часот. Сите потребни информации заинтересираните можат да ги добијат во општина Неготино секој работен ден од 08 до 16 часот или на општинската веб страница www.negotino.gov.mk
 
 
До 30-ти септември ќе се реализира обука и гаѓање на Армискиот полигон Криволак PDF Печати
    Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 30-ти септември 2022 година на повеќе реони на полигонот ќе се реализира обука и гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно одбележани согласно со законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување. 
 
ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на предлози за инвестициони/бизнис планови за подобрување на инфраструктурата, модернизација и развој на Општина Неготино PDF Печати
Врз основа на член 22 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.Весник на РМ” бр.5/02) и член 25 и 79 од Статутот на Општина Неготино (“Сл.Гласник на Општина Неготино” бр.4/13), Општина Неготино на ден 01.09.2022 година, распишува:
 

ЈАВЕН ПОВИК

за прибирање на предлози за инвестициони/бизнис планови
за подобрување на инфраструктурата, модернизација
и развој на Општина Неготино
 
1. ПРЕДМЕТ НА ПОВИКОТ
 
Предмет на повикот е прибирање на предлог идејни решенија т.е. инвестициони / бизнис планови за подобрување на инфраструктурата, модернизација и развој на Општина Неготино.
 
2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ПОВИКОТ
 
Право на учество на повикот имаат сите правни лица од бизнис и граѓанскиот сектор од општината, регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на повикот;
 
3. ЦЕЛ НА ПОВИКОТ
 
Целта на повикот е вклучување на бизнис и граѓанскиот сектор во процесот на планирање и реализација на активности со цел создавање на клима за инвестиции кои ќе се однесуваат на санирање и модернизација на постоечките и изградба на нови инфраструктурни објекти во определени зони на подрачјето на општината, односно:
- комплекс СРЦ “Младост”
- градски плоштад
- спортска сала “Младост”
- паркови површини
- градски стадион
- детска градинка
- градски пазар
- објекти и површини во руралните средини
- други делови од градот и општината.

Исто така една од целите на повикот е произлегување на идни соработки помеѓу два или повеќе субјекти, како што се доделување на концесии, јавно-приватни партнерства и сл.
 

4. УСЛОВИ
 
- Право на учество на јавниот повик имаат сите правни субјекти од бизнис и граѓанскиот сектор од Општина Неготино.
-  Крајниот рок за поднесување на предлозите за инвестициони/бизнис планови е 30 септември 2022 година, до 16.00 часот.
- Доставените предлози ќе бидат доставени на увид пред јавноста, со цел избор на најсоодветните решенија.

5. НАЧИН НА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА ИНВЕСТИЦИОНИ/БИЗНИС ПЛАНОВИ
 
ПРЕДЛОЗИТЕ треба да содржат план за инвестиција, превземени обврски на инвеститорот и утврдено барање за превземање на обврски од страна на општината.

5.1. Бизнис план за инвестирање
Бизнис планот за инвестирање треба да биде детално разработен со конкретна динамика на предвидените активности, кој ќе содржи:
- точно утврдени обврски кои ќе ги превземе инвеститорот;
- прецизирани обврски кои инвеститорот ги очекува од општината.
 
6. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИТЕ
 
- Предлозите покрај во хартиена форма можат да се достават и во електронска форма на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
- Документацијата да се достави по пошта на адреса: Општина Неготино, ул. Ацо Аџи Илов бр.2, или лично во архивата на Општина Неготино, најдоцна до 30.09.2022 година до 16:00 часот.
 
7. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
 
- Со учество  на  повикот изготвувачот на предлогот за инвестиција ги прифаќа условите на повикот,
-  Општината го задржува правото да врши измени во предлозите, или воопшто да не ги прифати истите.
- Нема да бидат разгледувани предлозите кои што ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени според условите на повикот.
-  Со цел подобрување на квалитетот при изготвување на предлозите, општината се обврзува на учесниците на повикот да им овозможи пристап до соодветната документација со што ќе се прецизира опфатот кој е предмет на повикот за избор на инвестиција и посета на локацијата.
 
 
О Г Л А С За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди PDF Печати
Врз основа на член 67 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и Одлуката бр.09-598/1 од 26.08.2022 година донесена од Градоначалникот на општина Неготино, Комисијата за спроведување на јавно наддавање го објавува следниот

О   Г   Л   А   С
За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди

1.    Се дава на времено користење на недвижност во сопственост на општина Неготино за поставување на реквизити за забава на локација во СРЦ „МЛАДОСТ“(асфалтни терени) по пат на јавно наддавање со вкупна површина од 2.900 м.кв. за период од 05.09.2022 до 25.09.2022 година.
2.    Почетната цена со која ќе почне наддавањето изнесува 12.600,оо денари од ден за вкупната површина.Во цената не се вклучени потрошената електрична енергија и надоместокот за потрошена вода и комунални услуги. За целокупниот горенаведен период, најповолниот понудувач е должен да плати надоместок за електрична енергија, вода и комунални услуги во износ од 60.000,оо денари.
3.    Заинтересираните понудувачи се должни да достават образец ДРД, тековна состојба од Централниот регистар и доказ за располагање со реквизити за забава, како и да уплатат по 15.000,оо денари депозит за учество на јавното  наддавање на депозитна сметка на општина Неготино со бр.748014059269616 приходна шифра 733111 програма 00.  Заинтересираните понудувачи своите понуди заедно со горенаведените документи се должни да ги достават во затворени коверти најкасно до 30.08.2022 година до 13 часот на адреса „Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“2 Неготино.
4.    На понудувачите кои нема да поднесат најповолна понуда ќе им биде вратен депозитот од 15.000,оо денари.

 
 
О Д Л У К А За избор на административен службеник по пат на Интерен оглас PDF Печати

Врз основа на член 52 став 1 од Законот за административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18  и ,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020), Секретарот  на општина Неготино во постапка на унапредување на  административен службеник преку Интерен оглас , ја донесе следната

О Д Л У К А
  За избор на административен службеник по пат на Интерен оглас


    1.По интерниот оглас бр.04/2022 објавен на ден 09.08.2022 година за унапредување на административен службеник во општинската администрација на општина Неготино во Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој, со назив на работно место – Раководител на Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој  и шифра на работно место : УПР 01 01 Б02 000 се избира административниот службеник МЕТОДИ ДАНАИЛОВ.

    2.По завршувањето на постапката за избор и конечноста на оваа одлука, ќе се донесе соодветно решение за распоредување на административниот службеник.

    3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е
    Агенцијата за администрација по барање на општина Неготино на својата интернет страница објави интерен оглас бр.04/2022 година на ден 09.08.2022 година за унапредување на административен службеник во општинската администрација на општина Неготино во Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој и шифра на работно место : УПР 01 01 Б02 000. Комисијата за селекција на административен службеник на ден 16.08.2022 година во  10:00 часот спроведе административна селекција по Интерен оглас, при што се утврди дека уредно доставени документи имаше единствениот кандидат Методи Данаилов. Истиот ден во 14:30 часот се спроведе и интервју со единствениот кандидат , согласно Законот за административни службеници. По спроведеното интервју, Комисијата изготви ранг листа, врз основа на која Секретарот  на општина Неготино изврши избор  како во дипозитивот на оваа одлука.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа одлука кандидатот има право  да поднесе жалба до Агенцијата за администрација Скопје во рок од 8(осум) дена од објавување на одлуката на ВЕБ страницата  на институцијата.

О Д Л У К А  

 
ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 4/2022 за унапредување на 1(еден) административен службеник во општина Неготино PDF Печати

Врз основа на член 48 став (4) од Законот за Административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18  и ,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020), и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас , начинот на поднесување на пријавата за унапредување на административен  службеник, начинот на спроведување  на административната селекција и интервјуто , како и начинот на бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.11/15 и 35/18), општина Неготино објавува 



ИНТЕРЕН ОГЛАС БР. 4/2022

за унапредување на 1(еден) административен службеник во општина Неготино

 Општина Неготино објавува интерен оглас за унапредување на 1(еден) административен службеник  за следното работно место :

1.НАЗИВ НА РАБОТНО МЕСТО: Раководител на Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој .
OРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА: Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој .
БРОЈ НА ИЗВРШИТЕЛИ: (1) еден
ШИФРА:УПР 01 01 Б02 000
НИВО:Б2

ОПШТИ УСЛОВИ:
- да е државјанинна Република Македонија,   
- активно да го користи македонскиот јазик, 
- да е полнолетен, 
- да има општа здравствена способност за работното место ,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.


ОПШТИ РАБОТНИ КОМПЕТЕНЦИ :
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешкасвест;
- ориентираностконклиенти/засегнатистрани; и
- финансискоуправување.

ПОСЕБНИ УСЛОВИ: 

-занивотоБ2-ниво на квалификација VIA според Македонската рамка на квалификации стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен: Архитектура, урбанизам и планирање,градежништво и водостопанство или економски науки ;

-активнопознавањенакомпјутерскипрограмизаканцеларискоработење;

-работно искуство и тоа за нивото Б2 –најмалку 5(пет)години работно искуство во струката од кои најмалку2(две)години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку8 (осум) години работно искуство во струката од кои најмалку3 (три) години на раководно работно место во приватен сектор;

-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).


РАСПОРЕД НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ:

-Работни денови: од Понеделник до Петок
-Работни часови неделно: 40 часа 
- Работно  време: од 08:00 часот до 16:00 часот
- Паричен износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додатокот на плата за називот на работното место изнесува:38.100,оо денари.

На интерниот оглас може за да се јави административен службеник вработен во општинската администрација во општина Неготино, кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани за работното место, како и: 

- да е оценет со  оценка ,,А” или ,,Б” при оценувањето  во 2021 година,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас и 
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година прeд објавувањена интерниот оглас.

Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:
-потврди за успешно реализирани обуки или
-потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник).

Административниот службеник се пријавува со пополнување на пријава  објавена во прилог на интерниот оглас.
Пополнетата пријава со потребната документација треба да се достави до архивата на општина Неготино и до службената електронска адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Рокот за пријавување изнесува 5(пет) дена од денот на објавување на интерниот огласна веб страната на институцијата. 
Условите наведени во  огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во  моментот на  пријавувањето. 

Пријавените административни службеници ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб страната на општина Неготино и тоа: 

 Фаза 1  -  административна селекција се спроведува  најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите
 Фаза 2  - интервју се спроведува  во рок од 5 (пет) дена  по завршување на фаза 1 админстративна селекција


НАПОМЕНА: Административниот службеник кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка. 

 
 
 
JАВЕН ОГЛАС бр.1/2022 за вработување на 2 (два) - даватели на услуги на неопределено време во ЈП “ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“ PDF Печати

Врз основа на член 37 од Закон за јавните претпријатија (Сл.весник на РМ бр.38/96, 9/97, 6/02, 19/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16 и 64/18,  член 22 и 23 од Законот за работни односи (Сл.весник на РСМ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, и 27/2016), член 20 и член 21 став 2 од Законот за вработените во  јавниот сектор (Сл.весник на РСМ бр.27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за систематизација на работните места на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” Неготино бр.06-6/1 од 31.03.2021 година, В.Д. Директорот на ЈП ,,ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО” на Општина Неготино , објавува:

JАВЕН ОГЛАС

бр.1/2022  за вработување на 2 (два) - даватели на услуги на неопределено време во ЈП “ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО“


1.Контролор на паркирање
Шифра: KДР 03 05 Б02 050,  2 (два) даватели на услуги

Општи услови:
-    да е државјанин на Р.Македонија;
-    активно да го користи македонскиот јазик;
-    да е полнолетен;
-    да има општа здравствена способност за работното место;
-    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:
-    стекнати најмалку ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО  или  четири годишно средно образование ;

-    најмалку 2(две) години работно искуство во струката.

Распоред на работното време:
-    работни денови од понеделник  до сабота петок ;
-    работни часови неделно 40;
-    сменско работно време од понеделник до петок,  прва смена од 08:00 до 15:00 часот , втора смена од 15:00 до 22:00 часот  и сабота од 08:00 до 15:00 часот.

Основната нето плата изнесува:  18.819,oo денари
Напомена: Предвидени вработувања согласно Годишниот план на институцијата  за 2022 година се македонец(ка) 2.

Кандидатите доставуваат пријава која треба да ја содржи следната содржина:
1.лични податоци на кандидатот;
2.податоци за исполнување на општите услови;
3.податоци за исполнување на посебните услови;
4.изјава со потврда дека податоците содржани во пријавата се точни, а доставените докази се верни на оригиналот;
5.дата на пријавување и потпис на кандидатот.

Приложените документи кон пријавата се во оригинал форма или копија заверена на нотар.
Пријавата може да се превземе од веб страницата на Општина Неготино www.negotino.gov.mk.
Пополнетите пријави, заедно со прилозите, кандидатите може да ги достават лично во архивата на општина Неготино или по пошта на адреса : ул. ,,Ацо Аџи Илов” бр.2, Неготино.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат. По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од веб страницата на општина Неготино.
Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојност на податоците и доставените докази за јавниот оглас.
Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување.
Огласот ќе се објави во дневниот весник  ,,Нова Македонија”, ,,Слободен Печат” и дневниот весник ,, Koha”.
    Рокот за пријавување да биде 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на огласот во дневните весници.     


Образец               
 

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 34