КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеОдражана третата работилница со родители во 7 игрални на општина Неготино во месец ноември и остварена соработка со Дневниот центар за стари лица во с.Тимјаник |
Во рамките на Проектот општинско корисна работа ,,Развој на постојните и обезбедување на нови иновативни услуги во социјалната сфера во општина Неготино,,во месец ноември 2015 се одржа третата работилница со родители од планираните 3 во 7те рурални игрални.Со ова сите три планирани работилници се реализираа во планираниот рок.Во присуство на околу 70 родители беа обработени темите ,,Детскиот развој и злоупотроба ,, кои се спроведоа во игралните во Тимјаник, Тремник,Пепелиште, Војшанци и Криволак,додека темата ,,Дисциплина,, се спроведе во Долни Дисан и во Црвени Брегови.И оваа работилница предизвика голем интерес и посетеност на околу 70 родители на децата.
Во овој период во рамките на проектот спроведени се заеднички активности со Центарот за стари лица во с.Тимјаник и игралната за деца од во ова населено место, при што од корисниците на Центарот за стари лица беше подготвен и послужен специјалитетот,,Неготинска пита,,на големо задоволство на дечињата.
|