До петок (21.10.) може да се поднесат кандидатури за наградите по повод 8-ми Ноември PDF Печати
   Најдоцна до петок, 21 овој месец, до 16,00 часот до архивата на локалната самоуправа можат да се доставуваат предлози со кандидати за добитници на наградата, признанијата и признанието почесен граѓанин на Неготино по повод празникот 8-ми Ноември. Признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани на посебен формулар кој можат да го подигнат во архивата на ОН или да го симнат од општинската веб страница. Пристигнатите предлози најпрво ги разгледува Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино, а наградите и признанијата на добитниците ќе им се доделат на свечената седница која ќе се одржи во вторник на 8-ми Ноември -Денот на ослободувањето на нашиот град. 
 

 

Финансиски индикатор