Вечерва STAND UP COMEDY со ТИНО И АТАНАС за затварање на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев 2022” PDF Печати
   Вечерва свечено ќе биде затворен првиот интернационален фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев 2022” со STAND UP COMEDY на ТИНО И АТАНАС, во чест на наградените актери и претстави на овој театарски фестивал. Вечерната програма на фестивалот започнува во 19.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” со доделувањето на наградите, а веднаш потоа публиката во Неготино ќе има мжност да го проследи  настапот на познатите актери Тино и Атанас со STAND UP COMEDY.
Инаку за потсетување, во изминатите неколку дена на различни локации во градот беа изведени вкупно 5 претстави кои влегоа во конкуренција за наградите на овој театарски фестивал. Публиката имаше можност да проследи професионални претстави во изведба на повеќе театри од нашата земја и странство и да  ужива во одличните изведби на актерите кои играа во претставите.  
Општина Неготино преку овој театарски фестивал уште еднаш ги потврди своите заложби за заживување и развој на културниот живот во општината, а за наредниот период ја најавува и организацијата на познатата Неготинска музичка вечер со учество на познати пеачи и групи од земјата и балканските простори.