Општина Неготино
Потпишан договор за изградба на улица во Криволак PDF Печати
   Денеска како градоначалник на општина Неготино заедно со извршниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ од Скопје Елвис Шаќири го потпишавме договорот за соработка со цел за реалиција на проект за изградба на улица во селото Криволак. Имено, општина Неготино во рамки на Програмата за комунални дејности ја има предвидено конкретната комунална услуга и има предвидено буџетски средства за тоа, а „Ромалитико“ преку проект на УСАИД има обезбедено средства  за подобрување на животот на припадните на ромската заедница. Согласно потпишаниот договор, во реализацијата на проектот за изградба на улица во Криволак општина Неготино ќе финансира 60 отсто од вредноста на работите, а „Ромалитико“ ќе финансира 40 отсто од работите. Рокот за реализација на проектот е 6 месеци од потпишувањето на договорот.

 
 
Прием за дечиња од градинката по повод „Неделата на детето“ PDF Печати
  Во рамките на одбележувањето на „Неделата на детето“ која трае од 3-ти до 7-ми октомври и се одбележува под мотото „Другаруваме,се радуваме“, на мое големо задоволство денеска  примив група дечиња од клонот „Мајски цвет“ од Неготино заедно со нивните воспитувачки. Од нивна страна бев информиран дека во текот на неделата секој ден се одржуваат различни активности, а денеска денот го искористија за другарување надвор од градинката со посета на локалната самоуправа Неготино и средба со мене како градоначалник. Дечињата ја искористија можноста да ги искажат своите желби да имаат повеќе лулашки, рингишпил, сала за трчање, повеќе паркови и слично. Дечињата по повод „Неделата на детето“ ми доделија пригоден подарок за што им изразувам огромна благодарност. 
 
Повеќе...
 
Доделени средствата за финансирање на проекти на здруженија и фондации од Буџетот на општина Неготино за 2022 година PDF Печати

Финансирање на проекти на здруженија и фондации по јавен повик
бр. 08-566/1, објавен на 10/08/2022 година

 

Здружение/фондација

 

ПРОЕКТ

 

Доделени  средства

 

 

 

1.

 

Здружение Доброволно противпожарно здружение ПОВАРДАРЕЦ - Неготино

МИСЛИ ПАМЕТНО, ДЕЛУВАЈ ЗЕЛЕНО: РЕЦИКЛИРАЈ!

 

30.000

 

2.

 

Пчеларско здружение

НЕГОТИНСКИ МЕД - Неготино

СОВРЕМЕНО ПРОИЗВЕДУВАЊЕ НА ПЧЕЛНИ СТАНИЦИ

 

10.000

 

3.

 

Здружение на граѓани – Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА - Неготино

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ

ВО ДНЕВЕН ЦЕНТАР

 

60.000

 

 

4.

 

Здружение на граѓани АНТИГОНЕА БАЈКИНГ - Неготино

ФИТНЕС НА ОТВОРЕНО

20.000

 

 

5.

 

Здружение на граѓани ЕКОВИТА” – Неготино

 

ИНКУБАТОР ЗА ПРОЕКТИ

60.000

 

6.

 

Здружение Ловно друштво ВАРДАР - Неготино

ИЗГРАДБА НА ЧЕКИ, ХРАНИЛКИ И

ПРИХРАНА НА ДИВЕЧ

 

 

20.000

 

 

ВКУПНО                                                                                                                                                                                              200.000                   

 

 
Во Неготино ќе се одржи вториот Саем на социјални претпријатија во ВПР PDF Печати
  Неготино ќе биде домаќин на вториот регионален Саем на социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион кој го организира регионалниот Центар за поддршка на социјални претпријатија при Центарот за развој на ВПР и проектот „Поддршка за социјалните претпријатија“. Саемот ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино на 6-ти овој месец (четврток) со почеток од 11ч. и на истиот сите присутни ќе имаат можност да ги погледнат презентациите на социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на 20-тина социјални претпријатија од регионот и невладините организации кои  се занимаваат со некоја економска активност. На саемот ќе се презентираат и можностите за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија преку обезбедување соодветна поддршка. Проектот е поддржан од Европската унија, реализиран од Ептиса во конзорциум со Барка и Екорис во соработка со Министерството за труд и социјална политика и е од отворен карактер, така што саемот можат да го посетат сите заинтересирани граѓани.
 
Се поставуваат нова линија и приклучоци за технолошка вода во с. Криволак PDF Печати

Со средства од Буџетот на општина Неготино во селото Криволак се изведуваат активности за поставување на нова линија и приклучоци за технолошка вода во делот од селото каде што досега истите не беа поставени. Со оваа активност 35 домаќинства сега ќе можат да ги уживаат привилегиите од водата за наводнување на дворните површини. Изведувач на работите е ЈП Комуналец од Неготино.


Повеќе...
 
Поставена првата од предвидените 10 мерни станици за „смарт земјоделство“ PDF Печати
  Денеска започна поставувањето на 10-те мерни станици на територијата на општина Неготино со кои ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини, односно на лозаро-овоштарските насади. Со поставувањето на овие мерни станици се овозможува електронски мониторинг, истите ќе даваат информации за влажноста на воздухот, сончевите денови во годината, количеството врнежи, степенот на температурни осцилации и други податоци кои ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер. Мерните станици ќе овозможат и да се предвиди третманот на лозаро-овоштарските насади, што ќе придонесе за намалување на трошоците за третирање со пестициди, зголемен принос на производство и негов значително подобар квалитет. Проектот го реализираме во соработка со Бирото за регионален развој, вкупната вредност е 10 милиони денари од кои 9 обезбедува Бирото, а општина Неготино учествува во проектот преку ко-финансирање со средства од 250.000 денари од Буџетот на општината.
 
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 2 од 314