Општина Неготино
ЈАВЕН ПОВИК за прибирање на предлози за инвестициони/бизнис планови за подобрување на инфраструктурата, модернизација и развој на Општина Неготино PDF Печати
Врз основа на член 22 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.Весник на РМ” бр.5/02) и член 25 и 79 од Статутот на Општина Неготино (“Сл.Гласник на Општина Неготино” бр.4/13), Општина Неготино на ден 01.09.2022 година, распишува:
 

ЈАВЕН ПОВИК

за прибирање на предлози за инвестициони/бизнис планови
за подобрување на инфраструктурата, модернизација
и развој на Општина Неготино
 
1. ПРЕДМЕТ НА ПОВИКОТ
 
Предмет на повикот е прибирање на предлог идејни решенија т.е. инвестициони / бизнис планови за подобрување на инфраструктурата, модернизација и развој на Општина Неготино.
 
2. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ПОВИКОТ
 
Право на учество на повикот имаат сите правни лица од бизнис и граѓанскиот сектор од општината, регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на повикот;
 
3. ЦЕЛ НА ПОВИКОТ
 
Целта на повикот е вклучување на бизнис и граѓанскиот сектор во процесот на планирање и реализација на активности со цел создавање на клима за инвестиции кои ќе се однесуваат на санирање и модернизација на постоечките и изградба на нови инфраструктурни објекти во определени зони на подрачјето на општината, односно:
- комплекс СРЦ “Младост”
- градски плоштад
- спортска сала “Младост”
- паркови површини
- градски стадион
- детска градинка
- градски пазар
- објекти и површини во руралните средини
- други делови од градот и општината.

Исто така една од целите на повикот е произлегување на идни соработки помеѓу два или повеќе субјекти, како што се доделување на концесии, јавно-приватни партнерства и сл.
 

4. УСЛОВИ
 
- Право на учество на јавниот повик имаат сите правни субјекти од бизнис и граѓанскиот сектор од Општина Неготино.
-  Крајниот рок за поднесување на предлозите за инвестициони/бизнис планови е 30 септември 2022 година, до 16.00 часот.
- Доставените предлози ќе бидат доставени на увид пред јавноста, со цел избор на најсоодветните решенија.

5. НАЧИН НА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИТЕ ЗА ИНВЕСТИЦИОНИ/БИЗНИС ПЛАНОВИ
 
ПРЕДЛОЗИТЕ треба да содржат план за инвестиција, превземени обврски на инвеститорот и утврдено барање за превземање на обврски од страна на општината.

5.1. Бизнис план за инвестирање
Бизнис планот за инвестирање треба да биде детално разработен со конкретна динамика на предвидените активности, кој ќе содржи:
- точно утврдени обврски кои ќе ги превземе инвеститорот;
- прецизирани обврски кои инвеститорот ги очекува од општината.
 
6. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОЗИТЕ
 
- Предлозите покрај во хартиена форма можат да се достават и во електронска форма на e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
- Документацијата да се достави по пошта на адреса: Општина Неготино, ул. Ацо Аџи Илов бр.2, или лично во архивата на Општина Неготино, најдоцна до 30.09.2022 година до 16:00 часот.
 
7. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
 
- Со учество  на  повикот изготвувачот на предлогот за инвестиција ги прифаќа условите на повикот,
-  Општината го задржува правото да врши измени во предлозите, или воопшто да не ги прифати истите.
- Нема да бидат разгледувани предлозите кои што ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени според условите на повикот.
-  Со цел подобрување на квалитетот при изготвување на предлозите, општината се обврзува на учесниците на повикот да им овозможи пристап до соодветната документација со што ќе се прецизира опфатот кој е предмет на повикот за избор на инвестиција и посета на локацијата.
 
 
Санирани наносите од невремето во Тремник PDF Печати
   По пријава на жители на Тремник кои и самите со механизација и работна рака се вклучија во расчистувањето, екипи од стручните служби на општина Неготино и ЈП Комуналец  со механизација интервенираа на терен во ова село и извршија расчистување на наносите создадени од обилните врнежи од дожд. Се интервенираше на улици во селото, расчистен е просторот кај надвозникот кај стариот автопат, а посебно внимание се обрна на санирањето на состојбите на објектот наменет за новата градинка кој се адаптира веќе извесен период и во кој ќе бидат сместени сите дечиња од селото Тремник. Работите на терен продолжуваат и понатаму. 
 
 
Повеќе...
 
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ДУОДРАМА „БРАНКО ЃОРЧЕВ“- НЕГОТИНО (05.09. - 09.09. 2022 г.) PDF Печати

Интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев “- Неготино (05.09-09.09.2022) е единствениот фестивал на ДУОДРАМА во Македонија, во организација на Општина Неготино и Театар Провокација - Скопје. Иницијатор и главен покровител на фестивалот е Општина Неготино. Фестивалот е дел од програмата на “СПОРТСКО-КУЛТУРНО ЛЕТО 2022” кое започна на 15-ти јули а ќе трае до 24-ти септември. Концептот и логистиката на настанот се на „Театар Провокација“.
Селектор на фестивалот е актерот и режисер Роберт Ристов. Ова е неговата селекција на претстави за овогодинешниот фестивал:
Претставите ќе бидат одиграни по следниот редослед:
05.09.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
„КИСЛОРОД“ , според текст на Иван Вирипаев
Режија: Иван Јерчиќ
Играат: Викторија Степанова-Јанкуловска и Никола Стефанов
НУ НАРОДЕН ТЕАТАР – Битола
06.09.2022 од 19:30  во КАФЕ БАР АМАРО
„АНАТОМИЈА НА НЕВЕРСТВОТО“ – Валентин Красногоров
Режија: Александра Кардалевска, драматург: Дарко Спасов
Играат: Жаклина Петровска и Тони Денковски
НУ ТЕАТАР КОМЕДИЈА - Скопје
06.09.2022  од 21:00  во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
„ОЖЕНИ МЕ“, по мотиви од сценаријата: „Ожени ме“, „Храна и Вино“ и „Брачна приказна“
Режија: Роберт Ристов. Играат: Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов
ТЕАТАР ПРОВОКАЦИЈА – Скопје
07.09 од 19:30  во МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО
ГРЕТА –според: Луц Хибнер и Јохан Волфганг Фон Гете,
Режија: Тамара Стојаноска. Играат: Димитрина Мицкоска и Ане Блажоски
ТЕАТАР ЗЛАТЕН ЕЛЕЦ – Скопје
08.09.2022 од 19:30 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
МОЈОТ СОПАТНИК СТРАВОТ –  Иван Томашевиќ
Режија: Иван Томашевиќ. Играат: Анета Томашевиќ и Иван Томашевиќ
СЦЕНА МАСКА, Р. Србија
09.09.2022 во НУЦК „АЦО ЃОРЧЕВ“
19:30  ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
20:00  STAND UP COMEDY со ТИНО и АТАНАС (во чест на наградените) 

 
Екипата на “Кино Влае” од Скопје најдобра на “Streetball 2022” PDF Печати

  Синоќа (25.08.) во салата СРЦ “Младост” во Неготино заврши 13-тото по ред издание на турнирот во улична кошарка “Streetball” кое и оваа година изобилуваше со квалитетна кошарка и неизвесни натпревари. Учесници на турнирот беа најдобрите 3x3 екипи во државта, кои понудија врвна кошарка, многу атрактивни моменти и пред се добра забава за гледачите.
Победник на турнирот е екипата на “Кино Влае” од Скопје која во одличното финале ја совлада екипата на “Валандово Црно-црвени” и ја освои првата награда во висина од 30.000 денари, додека поразената екипа во финалето заработи 20.000 денари. Третото место и наградата од 10.000 денари ја освои екипата на “Дружината на Вацко” од Кочани која во малото финале ја совлада екипата на “Слаткарница Шар Планина” од Гевгелија. МВП (најдобар играч на турнирот) е Ервин Цого од екипата на “Кино Влае” од Скопје. Претходно, во јуниорска конкуренција првото место на турнирот го освои екипата на “Спорт Тим”, пред екипите на “АМВ” и “Хавана”, сите од Неготино. Во рамките на турнирот беа организирани и натпревари во шутирање на тројки и слободни фрлања.
Дипомите и наградите на најдобрите екипи во сениорска конкуренција им ги врачи претседателот на комисијата за јавни дејности при Советот на Општина Неготино Александар Гичовски, кој ја додели и наградата за МВП (најдобар играч на турнирот). Екипите кои настапија на турнирот упатија благодарност до Општина Неготино и КК “Спорт Tим” за беспрекорната организација и уште отсега го најавија своето учество за наредната година.

Повеќе...
 
Спортската сала “Младост” ќе биде местото на одржување на “Streetball 2022” PDF Печати
   Поради лошите временски услови и најавите за обилни врнежи од дожд за наредните неколку дена, традиционалниот кошаркарски турнир “Streetball 2022”, која е дел од манифестацијата “Спортско културно лето 2022”, наместо на градскиот плоштад ќе се одржи во спортската сала “Младост” во најавениот период од 23 до 25 август (вторник, среда и четврток). Натпреварите на 13-тото по ред издание на овој турнир започнуваат на 23 август (вторник) во 18.00 часот за кога е закажана и ждрепката за сениорските екипи. Своето учество на турнирот во сениорска конкуренција веќе го имаат најавено повеќе екипи од Скопје, Гевгелија, Штип, Кочани, Кавадарци, Росоман и Неготино, а пријавувањето за учество може да се направи до почетокот на турнирот. Во рамките на овој спортски настан ќе настапат и женски и машки - јуниорски екипи, кои во зависност од резултатите ќе добијат соодветни награди. Наградниот фонд кој го обезбеди општина Неготино изнесува 60.000 денари, а покрај наградите за првопласираните три екипи, ќе биде доделена и награда за МВП на турнирот. Полуфиналните и финалниот натпревар се на програмата на 25 август (четврток) со почеток од 18.00 часот, а по завршувањето на натпреварите ќе бидат доделени и наградите за најдобрите на овогодинешното издание на овој спортски настан. Општина Неготино ги поканува граѓаните од општината масовно да го посетат турнирот во спорстскта сала “Младост” и да дадат силна поддршка на домашните екипи. 
 

 
Се одржа дебата за енергетска ефикасност, екологија и одржлив развој во општина Неготино PDF Печати
   Во соработка со Здружението на граѓани Ековита и Одделението за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион, Комората за мал бизнис со поддршка на Зелената мрежа на социјално претприемаштво, беше презентирана платформата GRENITY. NET-мрежа на организации кои испорачуваат широк опсег на програми и услуги за животна средина и одржлив развој. Беа претставени проекти и грантови програми за поддршка на компаниите и граѓаните и административната процедура и економска анализа за инвестирање во фотоволтаици за производство на електрична енергија за граѓаните и компаниите. На настанот со свои дискусии и иницијативи придонес дадоа заинтересирани граѓани, компании и организации од општина Неготино.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 6 од 314