Општина Неготино
ЦРВЕНА ЈАБУКА ѕвезди на “Неготинска музичка вечер 2022” PDF Печати
  Манифестацијата “СПОРТСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2022” продолжува да се реализира со несмален интензитет, а општина Неготино како кулминација на истата планира организација на традиционалната “Неготинска музичка вечер 2022” (18 септември, недела) на која ќе настапат познати имиња од македонската и балканската музичка сцена. Покрај веќе докажаните домашни музички артисти - Бојана Скендеровски и групата ДНК, на сцената на градскиот плоштад за првпат ќе настапи безвременската сараевска поп-рок група Црвена Јабука, чиј настап е на огромно задоволство на голем број наши сограѓани, а се надеваме и на голем број гости од соседните и другите градови во државата. Незаборавните хитови “Дирлија”, “Бежи кишо с прозора”, “Има нешто од срца до срца”, “Тамо где љубав почиње” и многу други, ќе се пеат на градскиот плоштад во Неготино на 18 септември, а почетокот на овој музички настан е закажан за 20.30 часот. Ова издание на Неготинската музичка вечер ќе го затворат двајцата домашни диџеи – DJ Andon и DJ Fitty Flow.
 


 
Спортско-културно лето 2022 продолжува со турнирот во пинг понг PDF Печати
   По завршувањето на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев”, манифестацијата Спортско – културно лето продолжува со одржувањето на турнирот во пинг понг, кој општина Неготино ќе го организира на новопоставените маси за пинг понг кој се дел од урбаната опрема на 4 локации во градот. Овој спортски настан за првпат ќе биде организиран во нашата општина, на иницијатива на градоначалникот Горан Стојанов и се планира истиот да стане традиционален. 
Право на учество на турнирот имаат сите заинтересирани граѓани на Општина Неготино. Пријавувањето се врши на телефонските броеви 076/212-094 и 072/320-842, најдоцна до среда 14 септември, до 16.00 часот. За најдобрите учесници на турнирот општината ќе обезбеди пригодни награди, а по завршувањето на турнирот ќе им бидат доделени благодарници на сите бизнис субјекти кој дадоа свој придонес за поставувањето на опремата за пинг понг, која на граѓаните на Општина Неготино им обезбеди дополнителен простор за спорт и рекреација.
 
 

 
Доделени наградите на првиот интернацинален театарски фестивал “Бранко Ѓорчев” PDF Печати
  На вчерашното затварање на фестивалот “БРАНКО ЃОРЧЕВ“, кој се одржа во Неготино од 5 до 9 септември 2022 година., стручното жири во состав од Благој Чоревски – Чоре – актер, Мирјана Ристов – актерка и Билјана Крајчевска - драматург, ги додели следните награди:
1. Наградата за најдобро актерско остварување - најдобра машка улога за впечатлива актерска експресија со која создава поинаква драмска и сценска „атмосфера“ за секој толкуван лик, му припадна на актерот Тони Денковски за улогата во дуодрамата „Анатомија на неверството“ од НУ Театар Комедија – Скопје, во режија на Александра Кардалевска. 
2. За најдобро актерско остварување – наградата за најдобра женска улога за силната актерска експресија, емотивност, убедливост и интелигенција во остварувањето, ѝ беше доделена на актерката Димитрина Мицкоска во дуодрамата „Грета“, на театарот „Златен Елец“ - Скопје, во режија на Тамара Стојаноска.
3. Наградата за најдобар актерски пар, кој оствари атмосфера на заедништво во промислена и прецизна актерската естетика, несебично и доследно градејќи целокупна сценска автентичност им беше доделена на Изабела Јакимовска и Бранко Атанасов за изведбата на дуодрамата „Ожени ме“ на Театар Провокација, Скопје во режија на Роберт Ристов.
4. Специјалната награда „ Бранко Ѓорчев“ за извондреден актерски израз и припадна на дуодрамата “Мојот сопатник стравот” на театарот „Сцена Маска“ од Шабац, Р. Србија.
5. Наградата Grand prix – за возбудлива и провокативна претстава која низ исклучителни инвентивни и емотивни играни актерски и режирани драмски сцени во својата комплексна структура поттикнува преиспитување на сложените егзистенцијални прашања со критика на општествените, социјалните и политичките проблеми, ја освои претставата “Кислород” на Народниот театар од Битола, во режија на Иван Јерчиќ. 
Наградите на најдобрите актери и претстави на фестивалот им ги додели градоначалникот Горан Стојанов, а беа доделени и благодарници на спонзорите и помагателите  на фестивалот.
Повеќе...
 
Вечерва STAND UP COMEDY со ТИНО И АТАНАС за затварање на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев 2022” PDF Печати
   Вечерва свечено ќе биде затворен првиот интернационален фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев 2022” со STAND UP COMEDY на ТИНО И АТАНАС, во чест на наградените актери и претстави на овој театарски фестивал. Вечерната програма на фестивалот започнува во 19.30 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” со доделувањето на наградите, а веднаш потоа публиката во Неготино ќе има мжност да го проследи  настапот на познатите актери Тино и Атанас со STAND UP COMEDY.
Инаку за потсетување, во изминатите неколку дена на различни локации во градот беа изведени вкупно 5 претстави кои влегоа во конкуренција за наградите на овој театарски фестивал. Публиката имаше можност да проследи професионални претстави во изведба на повеќе театри од нашата земја и странство и да  ужива во одличните изведби на актерите кои играа во претставите.  
Општина Неготино преку овој театарски фестивал уште еднаш ги потврди своите заложби за заживување и развој на културниот живот во општината, а за наредниот период ја најавува и организацијата на познатата Неготинска музичка вечер со учество на познати пеачи и групи од земјата и балканските простори.

 
 
О Г Л А С бр. 01/2022 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ВО ДЕНОВИТЕ 21, 22 И 23 СЕПТЕМВРИ 2022 Г. –НЕГОТИНСКИ ПАНАЃУР 2022 PDF Печати

О Г Л А С бр. 01/2022 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ  ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ВО ДЕНОВИТЕ 21, 22 И 23 СЕПТЕМВРИ 2022 Г. –НЕГОТИНСКИ ПАНАЃУР 2022

Б А Р А Њ Е  за добивање на  локација за  времено користење за поставување на урбана опрема за издавање во  деновите 21, 22 и 23 Септември 2022 година за време на Неготинскиот панаѓур 2022 година

 
На 21,22 и 23.09. ќе се одржи стопанската манифестација „Неготински панаѓур-2022г“ PDF Печати
  По двегодишна пауза поради состојбите со пандемијата од Ковид-19, годинава продолжува традицијата на одржување на манифестацијата „Неготински панаѓур“. Истата ќе се одржи од 21 до 23 овој месец ( среда, четрвток и петок), а во моментов финишираат подготвките за непречено одржување на манифестацијата која привлекува голем број гости од општината, регионот на Тиквешијата, но и од цела држава. Согласно Програмата за поставување урбана опрема на јавни површини на градежно изградено и уредено земјиште во градското подрачје, на последната седница на Советот на општина Неготино се донесе одлука за прибирање на понуди за издавање на времено користење на површини за поставување на урбана опрема на локации поделени во 6 зони со различна цена на чинење на корисната површина. Принципот на доделување на локациите е прв дојден-прв услужен, а со прибирање на понудите ќе се започне во петок на 16 овој месец со почеток од 10 часот. Сите потребни информации заинтересираните можат да ги добијат во општина Неготино секој работен ден од 08 до 16 часот или на општинската веб страница www.negotino.gov.mk
 
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 4 од 314