Општина Неготино
Вечерва (вторник) во општина Неготино ќе се прска против комарци PDF Печати

   Согласно годишната Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план за ДДД за тековнава година, општина Неготино во координација со Министерството за здравство на РМ и во соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје-Кавадарци ќе спроведе акција за прскање против комарци. Се информираат жителите на општина Неготино дека адултната дезинсекција со машинско прскање од страна на правниот субјект Зотокс од Скопје поради запрашување од комарци ќе се изврши на 12-ти овој месец (вторник) почнувајќи од 23,30 до 05,00  часот. Се апелира до граѓаните и здруженија од општина Неготино кои одгледуваат пчели и други видови животни, благовремено да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита.

Повеќе...
 
ОСТВАРЕНА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА СО ОПШТИНА ПОПОВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА PDF Печати

   Во периодот од 09.06-11.06.2018 општинска делегација предводена од Градоначалникот на општина Неготино г-дин Тони Делков присуствуваше на неколку настани поврзани со 135 годишнината од објавувањето на град Попово-Република Бугарија. За време на престојот во Попово, Бугарија  на 09.06.02018 општинската делегација  го посети Меѓународниот стопански саем организиран за прв пат во Попово.На истиот земаа учество повеќе од  25 компании од Бугарија ,Романија,Турција,Италија, Македонија .Од општина Неготино претставник на саемот беше винаријата „ПИВКА“ која ги претстави своите бели и црвени вина. Истиот ден градоначалникот Тони Делков се сретна и оствари контакти со неколку градоначалници од Романија, Турција, Русија, Италија и од Бугарија пред кои  ги претстави можностите за идна соработка со општина Неготино.Градоначалникот на општина Неготино имаше пригодно обраќање за време на свечената седница на Советот на општина Попово која се одржа на 10 јуни во присуство на бројни гости.Во своето пригодно обраќање градоначалникот Тони Делков меѓу другото истакна,,Нашата,а верувам дека и  Вашата намера  за долгогодишна соработка која трае повеќе од 15 години се темели на отвореност,взаемно помагање и на размената на  Вашите и нашите искуства.Како две збратимени општини во изминатиот период ,но и во периодот  кој следува, ќе се насочиме кон заеднички проекти и активности  на културен, општествен, но пред се на економски план.Верувајќи и одлучно чекорејќи по патот на европските вредности и перспективи, ние веруваме дека Вашите продобивки од членството во ЕУ може да бидат и наша реалност и да станеме уште посилни и посигурни за иднината  на нашите општини.Посебно ме радува што во текот на овие два дена овде во Попово, имаме можност да размениме позитивни искуства и добри практики , да бидеме дел од  настани кои се дел од Вашата  историја и култура, но и да се сретнеме со претставници од стопанството заради градење на партнерства и можности за продлабочување и проширување на  бизнис релациите ,,.
За време на престојот во Бугарија општинската делегација посети неколку други пригодни настани и културни манифестации. Пред и за време на главниот празничен концерт  од општина Неготино  КУД „Јане Сандански“ беше дел од дефилето и учествуваше  со свои изведби на концертот.Пред многубројното граѓанство на Попово на отворениот театар од името на сите градоначалници гости, честа да се се обрати му беше дадена на градоначалникот на општина Неготино г-дин.Тони Делков
Градоначалниците и претставниците на  администрацијата од Општините Неготино и Попово за време на престојот разговараа и за  неколкуте заеднички  проекти кои ги имаат подготвено овие две општини и за кои очекуваат во иднина да бидат реализирани низ конкретни активности.

Повеќе...
 
Изложба од продажен и хуманитарен карактер во Музејот на град Неготино PDF Печати
   Деновиве во дворот на ОУ Музеј на град Неготино се одржи еднодневна ИЗЛОЖБА на ДЕКУПАЖ- рачни ракотворби изработени од дечиња од 4 до 11 годишна возраст од Неготино кои што работат во ателјето “Мис Креатив“ (Miss Creativ) кое што официјално функционира две години, под менторство на Велика Димова. Беа изложени околу 80-тина украсени предмети како: магнетчиња, свеќници, шишиња, штипки, разни тацни и др.
“ДЕКУПАЖ“ е техника за декорирање на предмети или мебел, од исечени парчиња хартија (салфети, оризова хартија , дури и платно) и нивно лепење на предметите. Во пракса декупажот со векови наназад се користел за разубавување на обични и стари предмети каде што со крајниот резултат тие изгледаат како вистински насликано уметничко дело. Самиот термин за називот на техниката доаѓа од француското “decuper“ што значи изрежи или исечи. Причините за се поголемата популарност на декупажот лежат во неговата разноликост, при што оваа техника може да се работи на секакви површини (стакло, керамика, дрво и др.) и на предмети од ситни кутии за накит па до големи парчиња мебел. Изложбата беше продажна и од хуманитарен карактер, а средствата добиени од влезниците ќе бидат наменети за Василие Петридов.
Повеќе...
 
Награди и признанија за учениците и менторите PDF Печати

   „Убавината на секое признание е во тоа што претставува награда за сработеното, но и мотив да се биде подобар во иднина, па токму затоа од ова место најавувам дека овој настан на наградување на учениците и нивните ментори ќе продолжи и во наредните години, а јас како градоначалник и општина Неготино секогаш ќе ги поддржуваме ваквите и слични проекти“-истакна градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на синоќа одржаниот настан на кој на најдобрите ученици и нивните ментори од двете основни и средното училиште им беа доделени награди- ваучери. Градоначалникот Делков додаде дека почнувајќи од оваа година, општина Неготино за прв пат воведе вреднување и наградување на учениците, професорите и наставниците во неготинските училишта, бидејќи, како што рече Делков, со промоција на нивните успеси се презентира се она што се создава во образованието и училиштата и се стимулираат креативноста и богатството на знаењата на учениците. Градоначалникот упати јавна благодарност и до професорите и наставниците за кои рече дека со години инвестираат во образованието на учениците и имаат клучна улога во обезбедувањето квалитетно образование кое секој ученик го подготвува да го реализира својот потенцијал. На 40-тина ученици и нивните ментори од неготинските училишта Делков им додели пригодни награди,а присутните на градскиот плоштад имаа можност да уживаа и во богата културно-забавна програма во изведба и со учество на учениците од основните училишта „Страшо Пинџур“ и „Гоце Делчев“ и средното училиште „Св. Кирил и Методиј“.

Повеќе...
 
На 12 и 13 јуни во општина Неготино ќе се прска против комарци PDF Печати

   Согласно годишната Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план за ДДД за тековнава година, општина Неготино во координација со Министерството за здравство на РМ ќе спроведе акција за прскање против комарци. Се информираат жителите на општина Неготино дека адултната дезинсекција со машинско прскање од страна на правниот субјект Зотокс од Скопје поради запрашување од комарци ќе се изврши на 12 и 13 овој месец (вторник и среда) почнувајќи од 23,30 до 05,00  часот. Се апелира до граѓаните и здруженија од општина Неготино кои одгледуваат пчели и други видови животни, благовремено да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита.

 
Одбележани 75 години од воените настани во 1943 година PDF Печати

   Со положување на свежо цвеќе на спомен бистите на паднатите борци од НОБ лоцирани во паркот до општина Неготино, пригодни говори, рецитали и културно-уметничка програма, а во присуство на голем број граѓани од општината и гости од други градови од Македонија, во Неготино се одбележаа 75 години од воените настани случени во 1943 година. Станува збор за формирањето на партизанскиот одред „Добри Даскалов“, „Јунската офанзива“ и загинувањето на првите партизани од општина Неготино пред чии спомен бисти се одвиваше денешниот настан. Во чест на одбележувањето на овој значаен јубилеј од Народноослободителната борба и во спомен на борците кои ги положија животите за слободно Неготино и слободна Македонија, свежо цвеќе положи делегација на општина Неготино предводена од градоначалникот Тони Делков, претставници на Сојузот на борци од нашиот град, како и претставници на боречките организации од Битола, Кавадарци, Штип, Струмица, Виница и Гевгелија. За присутните на настанот беше подготвена и истите имаа можност да проследат богата културно-уметничка програма.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Следно > Крај >>

Лист 161 од 314