Општина Неготино
Финишираат подготовките за одржување на „Неготинскиот панаѓур“ PDF Печати

   И оваа година во нашиот град во организација на општина Неготино, а во соработка со ЈП Комуналец, во деновите 21,22 и 23 септември (петок, сабота и недела) ќе се одржи традиционалната стопанско-туристичка манифестација „Неготински панаѓур“- најголема и најмасовна од ваков вид во Република Македонија. Организаторите ги информираат сите заинтерсирани закупци на тезги и продажен простор кои сакаат да ги користат истите продажни места од лани, дека распределбата на истите ќе се врши во деновите 14 и 15 септември (петок и сабота), со напомена дека за користење на истите тезги задолжително треба да приложат потврда за нивно користење од минатата година. Останатите заинтересирани за закуп на простор за време одржувањето на панаѓурот, тезги ќе можат да закупат во периодот од 17 овој месец па се до почетокот на манифестацијата, секој работен ден во големата сала на општина Неготино од 08,00 до 16,00 часот. Се информираат потенцијалните закупувачи на тезги и продажен простор дека цените остануваат непроменети и ќе бидат исти како минатогодишните, т.е. на ниво од 2015 година врз основа на одлука на Советот на општина Неготино.

Повеќе...
 
До 30-ти септември вежбовни боеви активности на полигонот Криволак PDF Печати

   Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 30-ти овој месец на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
Поради дефект на межата, делови од Неготино се без вода за пиење PDF Печати
  Од ЈП Комуналец-Неготино информираат дека поради настанат дефект на ул. Васка Калајџиска, во прекин е водоснабдувањето во делови на градот. Така, без вода за пиење се жителите од улиците Владо Арсов Шпанац, Киро Крстев, Антигона 1, дел од Маршал Тито, Душан Јуруков, Васка Калајџиска, Манчо Малиминов, Никола Петров, 11-ти Октомври и 29-ти Ноември. Екипи на ,,Комуналец" се присутни на терен и работат на отстранување на дефектот, по што водоснабдувањето ќе се нормализира.
 
Градоначалникот Делков со честитки за првиот училишен ден PDF Печати
   Со првото училишно ѕвонче отпочна новата учебна 2018/2019 година. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков во свое лично име, од име на Советот на Општина Неготино и од името на сите граѓани упати  честитки по повод првиот училишен ден од новата учебна година. На сите ученици од двете основни училишта, средното и подрачните училишта во општината им посака низа успеси во новата наставна година. На најмалите,  на првачињата, кои ја остварија првата средба со своите наставници им посака да бидат успешни ученици кои со радост ќе ги совладуваат училишните материјали и секојдневно ќе ги откриваат убавината на знаењето, другарувањето, љубовта и играта, а на наставниците им посака работни успеси во остварување на мисијата да пренесат знаење и да воспитааат нови генерации здрави личности. Градоначалникот Делков истакна дека сите училишта во општина Неготино подготвено го дочекаа почетокот на новата учебна година со создадени услови за непречено одвивање на воспитно-образовниот процес.


 
Започна „Отворената забавна фудбалска школа" во Неготино PDF Печати
   Со учество на 70-тина учесници на возраст од 6 до 12 години, а со финансиска поддршка на локалната самоуправа, во нашиот град започна одржувањето на „Отворената забавна фудбалска школа" на која пригодно обраќање имаше и школата ја отвори градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. Градоначалникот истакна дека овој настан има за цел преку игри и педагошки забавен фудбал да го стимулира спортскиот дух кај нашите најмлади сограѓани, како и да го развива другарството меѓу нив. Општина Неготино, рече Делков, е генерален поддржувач на школата при што се остварува една од стратешките определби на општина Неготино за афирмација и зголемување на интересот кај најмладите за спорт и спортски активности. Отворената забавна фудбалска школа ќе се одржува во деновите од овој и наредниот викенд, а проектот е поддржан и од УЕФА со учество на лидери и тренери кои се обучувани на посебни за тоа семинари.
Повеќе...
 
Амбасадорот на САД Џес Бејли во работна посета на Неготино PDF Печати

    Неговата Екселенција амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Џес Бејли придружуван од членови на неговиот кабинет оствари работна посета на општина Неготино. За време престојот во нашиот град амбасадорот Бејли се задржа во краток разговор со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков со кого разговараше на теми поврзани со функционирањето на локалната самоуправа и проектите што општината ги реализира за подобрување на условите за живот на сите граѓани на неготинска општина.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Следно > Крај >>

Лист 152 од 314