Општина Неготино
Во сабота Неготино ќе биде домаќин на едукативен семинар за етнокореолози PDF Печати

   Во рамките на манифестацијата „Нов културен бран-2018г.“ во сабота на 15-ти септември нашиот град ќе биде домаќин на едукативен семинар и јавен час за етнокореолозите од Република Македонија со присуство на околу 100 учесници. Настанот за отворен ќе го прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој ќе има можност уште еднаш да отвори настан поврзан со културата, науката и стручните кадри-етнокореолози. Овој настан, според организаторите, е поврзан со практичен и едукативен момент, а како резултат на тоа ќе се одржи и јавен час кој ќе го изведуваат етнокореолозите од РМ, со што пак ќе се придонесе за развој на образовниот едукативен систем. Покрај општина Неготино, домаќини на дел од настаните ќе бидат и Музејот на град Неготино, Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ и КУД„Јане Сандански“ , а настанот ќе заврши на градскиот плоштад во Неготино каде што и ќе се одржи јавниот едукативен час.

Повеќе...
 
Актерите од кавадаречкиот театар до солзи ги насмеаа неготинчани PDF Печати
  Синоќа во преполната сала на центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во Неготино, беше одиграна претставата “Пасивно пушење” во изведба на кавадаречкиот театар. Актерите од театарот “Иван Мазов Климе” со изведбата на оваа извонредна комедија предизвикаа смеење до солзи кај бројната неготинска публика, која во оваа прилика покажа дека го сака театарот и дека ваквите културни настани се добредојдени во нашиот град. Одличната посетеност и феноменалната актерска игра која беше изведена на сцената во Центарот за култура се мотив повеќе за општина Неготино и Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” во иднина да работат на збогатување на театарскиот репертоар на оваа културна установа.
Воедно, овој културен настан беше увертира во богатата културна програма која општина Неготино ја подготвува за периодот кој следува (18 – 23 септември).
Повеќе...
 
Делков: Започнуваме со реализација на неколку нови проекти PDF Печати

   Во изјава за КТВ телевизија, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков покрај за тековната активност која се однесува на санација на 800 метри од главната улица во градот „Маршал Тито“, од почетокот на наредната недела најави започнување со реализација на неколку нови паралелни проекти со чие спроведување ќе се подобрат условите за живеење како во Неготино, така и во населените места. Целата изјава на градоначалникот Делков можете да ја проследите во следното видео.


View on YouTube
 
Започна санацијата на ул„Маршал Тито“ во должина од 800 метри PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков заедно со своите соработници денеска на терен го следеше започнувањето на градежните активности за санација на главната улица „Маршал Тито“ во должина од 800 метри. Станува збор за санација на потегот од раскрсницата со ул„Манчо Малиминов“ до раскрсницата со ул„29 Ноември“, а санацијата на коловозот на предвидениот потег опфаќа замена на коловозната покривка по целата ширина на коловозот од 7 метри, како и замена на горниот носив слој каде што истиот е оштетен. Работите на терен ги изведува градежната фирма „Градба промет“ и според проценките на стручните служби, се очекува работите да завршат за 14 денови. Се информираат моторизираните граѓани кои поминуваат на потегот на кој се изведуваат градежни работи за внимателно возење со цел нивна и безбедност на сите учесници во сообраќајот, а истиот за времетраењето на работите ќе биде регулиран со сообраќајна сигнализација која континуирано ќе биде присутна на терен.

Повеќе...
 
Театарската комедија “Пасивно пушење” ќе гостува во Неготино PDF Печати

  На барање на љубителите на театарот од Неготино, на 11 септември (вторник) со почеток во 20 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе гостува комедијата “Пасивно пушење” на кавадаречкиот театар “Иван Мазов Климе”. Претставата е работена според текстот на српскиот драматург Небојша Ромчевиќ, а ја режира Јордан Витанов како гостин од велешкиот театар. Главните улоги во претставата ги играат Диме Коцевски, Видан Станоев, Диме Боцев, Љупчо Настов, Коле Колев и Валентина Ѓорѓиева. Преводот на македонски јазик и адаптацијата на текстот е на Ненад Витанов. Сценографија - Валентин Светозарев; костимографија - Јордан Витанов; избор на музика - Марјан Тодоровски; асистент на режија - Микица Илова; инспициент/суфлер - Благица Илиева; видео продукција - Тони Коцев; сценска поддршка - Диме Темков.  Претставата за првпат е одиграна пред две години на сцената на белградскиот театар “Звездара”, но суштината на истата и денес е исто толку актуелна и свежа. Ова лето доживеа премиера во Кавадарци, а во вторник (11 септември) ќе гостува во нашиот град. Овој културен настан е финансиран од Општина Неготино, а логистичката и техничката поддршка е на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” од Неготино.

Повеќе...
 
Во ООУ„Гоце Делчев“ подготвено дочекана новата учебна година PDF Печати

   „Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ од Неготино и подрачните училишта кои делуваат во негов состав подготвено го дочекаа почетокот на новата учебна година и со сите создадени неопходни услови за квалитетно одвивање на воспитно-образовниот процес“-информираше директорот на оваа образовна установа Петар Мантев. Првачињата кои безгрижните игри кои беа составен дел од нивниот живот ги заменија со книги и учење на нови работи, заедно со нивните најблиски, беа дочекани со пригодна програма и топло добредојде, а директорот Мантев успешна учебна година им посака на сите кои своето образование го стекнуваат во ова училиште. Мантев информираше дека во текот на летниот период во ООУ„Гоце Делчев“ беа реализирани повеќе активности за подготвено дочекување на учебната година, меѓу кои извршена реконструкција на подовите во училниците каде што се сместени првачињата, потоа подовите во кабинетите по ликовно и техничко образование, извршено е обелување на ходниците во училиштето и во спортската сала, а комплетно е реновирана и наставничката канцеларија. Исто така, отстранети се и одредени недостатоци, а паралелно во тек се активности на надворешниот спортски терен со поставување на нова подлога на истиот.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Следно > Крај >>

Лист 151 од 314