Општина Неготино
Во ООУ,,Гоце Делчев"одбележана европската недела на спортот PDF Печати

   Со учество на околу 40 ученици и нивните наставници по физичко образование во ООУ,,Гоце Делчев" Неготино и во 15 општини во Македонија се одбележа европската недела на спортот. Координатор на проектот беше Гордана Јованова-родител на ученик, а настанот содржеше штафетни игри и спортски натпревари во кошарка, фудбал и одбојка, а се одржа и работилница во кливинг техника. Активностите беа поддржани од Агенцијата за млади и спорт и истите ги проследија градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, директорот на училиштето Петар Мантев и голем број заинтересирани граѓани.

Повеќе...
 
Започна асфалтирањето на главната улица „Маршал Тито“ PDF Печати

   Започна асфалтирањето на дел од улицата „Маршал Тито“ која се санира во должина од 800 метри и тоа од потегот од раскрсницата со ул„Никола Петров“ до раскрсницата со ул„29 Ноември“ по целата ширина на коловозот од 7 метри. Се информираат граѓаните на општина Неготино, но и од соседните општини кои со возила поминуваат по оваа улица, дека во понеделник и вторник 17 и 18 септември во времето од 08,30 до 17,00 часот улицата „Маршал Тито“ од раскрсницата кај маркетот „Дијана“ до Полициската станица Неготино ќе биде затворена за сообраќај. Се апелира до моторизираните граѓани во овие два денови да не се движат по главната улица, туку да ги користат другите улици кои им се на располагање. Асфалтерските работи на терен ги изведува „Градба промет“ од Неготино.

 

Повеќе...
 
Општина Неготино со богата програма пред и за време на Неготинскиот панаѓур PDF Печати

  Шестдневна забава исполнета со музички доживувања за сите вкусови и саемска манифестација  нуди општина Неготино во периодот од  18-ти (вторник) до 23-ти овој месец (недела) кога врпочем и завршува традиционалниот Неготински панаѓур. Според програмата, активностите започнуваат во вторник со одржување на настанот „Неготински серенади“ кој ќе се одржи во кино-салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ со почеток од 19,00 ч, продолжува во среда со одржувањето на „Неготинска музичка вечер“ на старата градска чаршија со настап на босанската музичка sвезда Амар Гиле, Бени Шаќири и Нон-стоп и  ДЈ Cosmo Z, а меѓу настаните секако е и традиционалната „Манастирска вечер“ која се одржува во четврток на 20-ти овој месец. Деновите од 21 до 23 септември се предвидени за одржување на стопанско-туристичката манифестација „Неготински панаѓур“- најголема и најмасовно посетена во цела држава, со настап на голем број естрадни музички имиња ангажирани од сопствениците на угостителските објекти.

Повеќе...
 
Завршница на реализацијата на проектот - Отворена забавна фудбалска школа 2018 PDF Печати
  Во рамките на проектот “Оворена забавна школа за фудбал 2018” во нашата општина досега беа организирани три работилници, од кои две се одржаа на градскиот стадион во Неготино (1 и 2 септември), а една беше организирана на 8 септември, а во истата беа вклучени и деца од Општина Демир Капија. Последната, четврта работилница ќе биде одржана на 15 септември (сабота) на градскиот полштад во Неготино со почеток од 18.00 часот. Со неа ќе биде заокружен циклусот од четири работилници на овогодинешната отворена фудбалска школа, во која учество земаа 90 деца од Неготино и 40-тина од Демир Капија.  Општина Неготино како субјект кој даде целосна финансиска поддршка на овој настан, со реализацијата на истиот даде импулс за афирмација на интересот кај најмладите за спортот и спортските активности.  Комплетната опрема која со проектот општина Неготино ја доби од Канцеларијата на ОФФС Македонија, ќе биде рамномерно распределена на основните училишта и фудбалските школи од општината кои ја поддржаа реализацијата на истата.
Повеќе...
 
Започна поставувањето на урбана опрема и детски реквизити PDF Печати

   Општина Неготино започна со градежни активности за набавка и монтажа на нова урбана опрема и детски реквизити, како и поправка на постоечките во дел од населените места во неготинска општина. Како што информираат стручните служби, градежните активности опфаќаат набавка на материјали и поправка на постоечката урбана опрема и детски реквизити, како и обновување на подлогата на која тие се лоцирани. Согласно  проектот кој е во фаза на реализација, нова урбана опрема и детски реквизити се поставуваат во 4 села во општината и тоа Д.Дисан, Војшанци, Дуброво и Криволак.

Повеќе...
 
Подобра енергетска ефикасност во ООУ„Страшо Пинџур“ PDF Печати

  Во  ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино за време на летниот распуст се работеше на подобрувањето на енергетската ефикасност и осветлувањето на сите училници во старата училишна зграда. Комплетно во сите училници кои се наоѓаат во стариот училишен дел е изведено спуштање на плафоните со цел да се заштеди топлинска енергија и на истите се променија светилките со нови LED ламби. На тој начин, училиштето ќе  заштеди на сметките за струја, ќе го подобри осветлувањето,  како и визуелниот изглед на училниците- истакна директорот на училиштето Сашо Ѓорѓиев. Исто така, реализирани се и други активности со цел создавање подобри услови за одвивање и следење на воспитно-образовниот процес.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај >>

Лист 150 од 314