Општина Неготино
Нов полуконцертен клавир за потребите на неготинското музичко училиште PDF Печати
   ООМУ „Владимир Арсовски“ – Неготино за своите потреби набави нов полуконцертен клавир од австриско производство  FEURICH  II 179 Dynamic.  За музичкото училиште ова значи многу, затоа што сме единствено училиште кое со сопствени средства успеа да набави ваков скап инструмент, и сме меѓу малку  институции во Р.Македонија кои можат да се пофалат со ваков НОВ инструмент. Уште поголема е важноста за нас, затоа што, некои од учениците за прв пат гледаат и имаат можност да свират на еден ваков инструмент. Овој инструмент есомоќен карактеристичен топол и великодушен тон. Има проширена резонантна кутија, што помага да се создаде тој голем звук и моќен бас. Жиците се од посебен нерѓосувачки материјал кој помага за  подобрување на тонот и ја зголемува долговечноста на инструментот, а редизајнираната рамка го направи овој инструмент уште посупериорен во однос на неговиот претходник  и други модели од таа класа и големина. Неколку години по ред е  добитник на престижни  награди низ Европа и пошироко. FEURICH179-Dynamic II обезбедува извонредни перформанси на звукот за полуконцертен пијано  со средна големина и се докажа во многу конзерваториуми и мали концертни сали низ светот. Откога беше поставен  и наштиман на апсолутна висина од 442 херци, веќе се одржани три концерти и виенскиот полуконцертен клавир е спремен за концертната сезона во Новата 2019 година.Овој инструмент во иднина ќе значи многу, заради позачестените настапи на наши  сегашни и идни ученици, а и на веќе дипломирани пијанисти од нашиот град и од целата држава. Благодарност и до Музеј на град Неготино за што ни обезбедија привремена локација и одржување на концерти. Тоа беше единствено решение заради техничка неможност да го поставиме во нашето училиште. Но планирано е за одреден период да се изгради ново музичко училиште со КОНЦЕРТНА САЛА каде ќе биде вистинското место за поставување на овој моќен австриски убавец.
Повеќе...
 
П О К А Н А З А П О Н У Д А PDF Печати

Реф.1  05-603
Проект,,wa-mbrella,,

Согласно Одлуката од градоначалникот на општина Неготино бр.05-603 од  13.12.2018 општина Неготино спроведе истражување на пазарот за потреба од јавна  набавка од УСЛУГИ зa  експертиза и организирање на  2 инфо денови за  земјоделци,услуги  за   експертиза и организирање на  2 инфо денови за одлучувачки тела, услуги зa  експертиза и организирање на  2 инфо денови за граѓани,услуги за организирање на прекугранични натпревари за значењето  на водата за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за проектот,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” или“Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint” со Aкроним ,,wa-mbrella” согласно Договорот за грант број wa-mbrella - CN1 - SO2.3 - SC031 од 02.04.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The former Yugoslav Republic of Macedonia”,.По спроведеното истражување општина Неготино достави покани до заинтересирани страни кои пројавија интерес.Покрај тоа  од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2018 ) .
Истата е  достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 20.12.2018 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена  електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 18.01.2019 петок  до 12.00 часот согласно инструкциите во тендерската документација.

Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

Повеќе...
 
Новогодишна програма PDF Печати

   Општина Неготинo и воспитно-образовните установи во периодот од 24 до 27 декември (понеделник – четврток) ќе бидат организатори на повеќе културно-забавни случувања, во кои главната улога ќе ја имаат најмладите – децата од двата клона на градинката “Фемо Кулаков” и учениците од музичкото училиште “Владимир Арсовски” и двете основни училишта од градот. Преку музика, игра, пеење и смеење тие ќе се обидат да ја донесат новогодишната магија до срцата на сите посетители на настаните кои ќе бидат дел од богатата новогодишна програма.

Oпштина Неготино ги поканува сите граѓани масовно да ги посетат понудените новогодишни настани во деновите од 24 до 27 декември и заеднички да уживааат во новогодишното расположение и магијата која што ја носат овие денови од годината.

Повеќе...
 
Изложба на макети од манастири во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” PDF Печати

   Во рамките на активностите на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” денес (петок, 14 декември) со почеток од 18.00 часот во АРТ галерија во оваа установа, ќе биде поставена изложбата “Mакети од манастири” од авторите Стево Михајлов и Горан Манчев. Се работи за макети од повеќе манастири низ државата, но и од странство. За изработката се користени повеќе различни материјали меѓу кои доминираат гипс, стиропор, керамика (плочки) и сл. Изложбата која нуди автентичен приказ на овие религиозни објекти ќе биде несекојдневно доживување и одлична можност за уживање на љубителите на ваквиот вид уметност.

 

Повеќе...
 
Проект: ЕНПОЛ –ЕЕ СОУ,,Св. Кирил и Методиј” Неготино PDF Печати

http://kirilimetodij.edu.mk/2018/12/12/%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82-%d0%b5%d0%bd%d0%bf%d0%be%d0%bb-%d0%b5%d0%b5/

 
Дефект на водоводната мрежа на „Висока зона“ во Неготино PDF Печати

   Од Јавното претпријатие „Комуналец“-Неготино ги информираат потрошувачите од градот кои со вода за пиење се снабдуваат од „Висока зона“ дека поради настанат дефект на транзитниот цевковод Ф 200 водоснабдувањето ќе биде во прекин во текот на денешниот ден ( четврток 06.12.2018 г ) се до санирањето на дефектот. Екипи на „Комуналец се на терен и работат на негово отстранување.

 
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>

Лист 140 од 314