Општина Неготино
Новогодишни пакетчиња за дечињата од неготинската градинка PDF Печати

   Вчера и денеска дечињата кои престојуваат во двата клона Мајски цвет и Пролет при детската градинка Фемо Кулаков, како и дечиња кои престојуваат во други просторни услови во руралните средини, добија новогодишни пакетчиња кои им ги подели најочекуваниот гостин во пресрет на празниците-Дедо Мраз. Во знак на благодарност, дечињата од двата клона потпомогнати од своите воспитувачи подготвија и изведоа 2 претстави и преку песна игра и забава ја испратија 2018 година, и посакаа добредојде на Новата 2019 година и му посакаа топло добредојде на Дедо Мраз. Настанот го проследи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков придружуван од своите соработници кој ја искористи можноста на сите дечиња, нивните родители и вработените во градинката да им ги честита Новогодишните и Божикните празници со желби за добро здравје, радост и среќа во Новата 2019 година.

Повеќе...
 
Денеска (26.12.2018) ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино PDF Печати

   Денеска ( среда 26.12 ) со почеток од 16,00 часот ќе се одржи 21-та седница на Советот на општина Неготино. На дневен ред и на разгледување пред советниците ќе се најдат предлог-програмите за работа на одделенијата при локалната самоуправа за наредната 2019-та година, предлог-Буџетот и одлуката за негово извршување за наредната година, како и предлог Буџетскиот календар. Советниците во Советот на општината ќе се произнесат и по повеќе предлог-одлуки од областа на урбанизмот, давање согласност за сопствено учество во имплементирање на проекти, одлука за добивање донација, давање согласност за измени на годишен план за вработување, предлог-правилникот за условите и начинот на вршење на авто такси превоз на патници во неготинска општина,а ќе се разгледува и годишниот извештај за финансиското работење на Комуналец во првите 9 месеци од годинава. На дневен ред ќе се најдат и други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.

 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Печати

Реф.1  05-604

Проект,,ЕНПОЛ-ЕЕ,,
                Согласно Одлуката од градоначалникот на општина Неготино бр.05-604/1 од  13.12.2018 општина Неготино спроведе истражување на пазарот за потреба од јавна  набавка од УСЛУГИ

зa  експертиза за  политиките на животната средина за учество на округли маси во општина Пела,услуги  за организирање на 5 инфо дена за граѓаните, услуги за организирање за учество во натпревар за  енергетска ефикасност за претпријатија и граѓани за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за проектот ,,ЕНПОЛ-ЕЕ ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, или “Energy efficiency in the cross border area as an indicative factor for environmental policy”  согласно Договорот за грант број ,,ЕНПОЛ-ЕЕ SO2.1-SC025 од 25.05.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The former Yugoslav Republic of Macedonia”,.По спроведеното истражување општина Неготино достави покани до заинтересирани страни кои пројавија интерес.Покрај тоа  од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2018 ) .
Истата е  достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 25.12.2018 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена  електронски или по пошта  поставена на ЦД.


Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 24.01.2019 (четврток)  до 12.00 часот согласно инструкциите во тендерската документација.


Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

Повеќе...
 
Четиридневна празнична новогодишна програма во Неготино PDF Печати

  Со одигрувањето на театарската претстава „Че се омажам за него и точка“ во изведба на учениците од ООУ„Гоце Делчев“ под менторство на професорката Весна Ристова во кино-салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“, во нашиот град започнаа активностите од четиридневната празнична новогодишна програма која општина Неготино ја организира во соработка со воспитно-образовните установи со единствена цел преку музика, пеење, игра и смеење да се донесе новогодишната магија до срцата на сите посетители на настаните кои се дел од богатата новогодишна програма. Во реализацијата на културно-забавните случувања денеска се вклучија и нашите најмлади сограѓани- дечињата од двата клона на детската градинка „Фемо Кулаков“ кои го одбележаа доаѓањето на Дедо Мраз и Новата година. Програмата ќе трае до 27-ми овој месец  со одржување на традиционалниот новогодишен концерт на ОМУ„Владимир Аесовски“ во среда и новогодишен базар и новогодишно доживување на учениците од ООУ„Страшо Пинџур“ и „Гоце Делчев“. Општина Неготино ги поканува сите заинтерсирани граѓани да ги проследат понудените содржини и заеднички да уживаат во новогодишното расположение.

Повеќе...
 
Со бекатон коцки уредена улица во Тимјаник во должина од 400 метри PDF Печати

   Согласно ветувањата на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков за уредување на  улици со бекатон коцки и тампонирање на една до две улици со гребен асфалт во сите населени места во општина Неготино, чија реализација е или веќе завршена или е во тек, завршија  теренските градежни работи за уредување на улица во Тимјаник со бекатон коцки. Според информациите на стручните служби кои беа присутни на терен и го надгледуваа изведувањето на работите, станува збор за уредување на улица во Тимјаник во должина од 400 метри со поставување на бекатон коцки на површина од 600 метри квадратни. Вредноста на проектот е 2.500.000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

Повеќе...
 
Интензивирани градежните работи на улица „Браќа Миладинови“ во Неготино PDF Печати

   Со средства во висина од 3.000.000 денари на улицата „Браќа Миладинови“ се врши поставување на атмосверска канализација со што се решава еден проблем со кој со соочуваат жителите кои живеат на оваа улица. Поволните временски услови присутни во овој период од годината му овозможуваат на изведувачот на работите фирмата „Павер трејд дооел“ која го врши поставувањето на цевките за одвод на уличните води од оваа улица да ги интензивира работите на терен и оваа активност да биде реализирана во предвидениот рок за тоа. Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков изврши увид на работите, изрази задоволство од динамиката на одвивање на истите и истакна дека по завршувањето на градежните работите, улицата ќе биде вратена во првобитната состојба.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>

Лист 139 од 314