Општина Неготино
Се откажуваат сите настани по повод „Свети Трифун“ PDF Печати

  Општина Неготино ги информира граѓаните дека поради трагичниот настан кој ја потресе цела држава и кој се случи вечерва кога во тешка сообраќајна несреќа голем број на луѓе ги загубија животите, се откажуваат сите планирани настани и активности по повод „Свети Трифун. Општина Неготино, градоначалникот Тони Делков и Советот на општината до семејствата на загинатите упатуваат сочуство за нивната огромна загуба.

 
 
Во Неготино се одржа научна конференција „Св.Трифун-обичаи,верувања,ритуали“ PDF Печати

   Во организација на општина Неготино и Музејот на град Неготино во рамките на „Неделата на виното-Св.Трифун 2019“ во нашиот град се одржа научна конференција на тема „Свети Трифун-обичаи, верувања, ритуали“ на која претставници на научната фела од неколку универзитети од земјава дискутираа на повеќе теми. Настанот го отвори градоначалникот Тони Делков кој истакна дека гостувањето на еминентни професори и  учеството на конференцијата е можност преку нивните стручни излагања најдиректно да се долови празнувањето на Свети Трифун, а истовремено тоа да биде придобивка за локалната самоуправа во правец на остварувањето на напорите за унапредување на можностите и перспективите кои ги нуди винскиот туризам за Неготино преку спроведување на препораките и укажувањата каде општина Неготино треба да се насочи во иднина на овој план. На научната конференција „Св.Трифун-обичаи,верувања,ритуали“ стана збор за култот на Св.Трифун во земјава, обичаите поврзани со празникот, обредите како знак на распознавање на локалните заедници, но и Св. Трифун во правец на развој на винските рути и винскиот туризам во нашата држава.

Повеќе...
 
Мастер клас за виното „вранец“ PDF Печати

  Во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи“ денеска се одржа мастер клас за виното „вранец“ со дегустација на едно од најквалитетните неготински вина произведени од винаријата Бовин од Неготино. На настанот, покрај претставници на винарии и стручни лица од областа на земјоделието, присуствуваа заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и други гости кои уживаа во неповторливиот вкус на виното „вранец“. Стручно излагање пред присутните имаше Игно Тасев-претседател на Здружението на енолози на нашата држава.

Повеќе...
 
Се одржа „Ден на вранец“ на индивидуални производители и „Раванијада“ PDF Печати

   Традиционално како и секоја, така и оваа година во Галеријата на виното во манастирскиот комплекс „Св.Ѓорѓи“ се одржа „Ден на вранецот“ со учество на индивидуални производители и „Раванијада“, настан кој беше проследен од голем број заинтересирани граѓани. Пригодно обраќање пред присутните имаше градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој истакна дека денеска се дегустираше едно од најквалитетните неготински вина-вранец произведено од индивидуални производители чиј квалитет од година во година е на се повисоко ниво, а сето тоа збогатено со вкусна раванија. Градоначалникот упати јавна благодарност до сите кои беа вклучени во подготовките и организацијата на овој настан кои со своето учество даваат придонес во остварувањето на целта за негување и зачувување на традицијата и давање локален белег на настанот. Присутните имаа можност да проследат и пригодна програма исполнета со поезија и афоризми за виното подготвена од ученици и наставници од ООУ„Гоце Делчев“, а потоа сите заедно уживаа во дегустацијата на виното „вранец“ на неготинските индивидуални производители.

Повеќе...
 
Се одржа предавање на тема„Работи во лозов насад и прилагодување кон климатски промени“ PDF Печати

   Голем број заинтересирани земјоделци од општина Неготино до последно место ја исполнија големата сала на локалната самоуправа во која се одржа настан од едукативен карактер. Имено, во рамките на „Неделата на виното-Св.Трифун“ во организација на општина Неготино и Националната федерација на фармери на Република Македонија, професор д-р Климе Белевски од Земјоделскиот институт при УКИМ од Скопје одржжа предавање на тема „Сезонски работи во лозов насад и мерки за адаптација кон климатските промени“. Паралелно, во фоајето во организација на Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од нашиот град беа изложени публикации од областа на земјоделството кои им беа ставени на располагање на присутните земјоделци кои го проследија предавањето.

Повеќе...
 
Советување за индивидуални производители на вино и ракија PDF Печати

 Во рамките на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“ , а по одржувањето на дегустацијата, денеска во големата сала на општина Неготино се одржа советодавен настан на кој присуствуваа индивидуални производители на вино и ракија. На настанот пред присутните производители, како и членовите-енолози на комисијата која ги оценуваше вината и ракиите, говореше Игне Тасев кој ги изнесе забелешките и сугестиите до индивидуалните производители во однос на квалитетот на доставените мостри на натпреварот во дегустација на вина и ракии, а присутните имаа и можност да поставуваат прашања во делот на унапредувањето на процесот на производство на вина и ракии во домашни услови. Тасев истакна дека секоја година квалитетот на мострите вина и ракии е се подобар, а токму една од причината се и советите кои индивидуалните производители ги добиваат од стручните лица.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>

Лист 134 од 314