Општина Неготино
Седница на Совет на општина Неготино 27.02.2019 година PDF Печати
Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    дваесет и третата    редовна седница на Советот на општина Неготино. 
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 27.02.2019 година   (среда ) во  16,00 часот.
За седницата го предлагам следниот 

                                                                  Д Н Е В Е Н   Р Е Д 


1. Предлог- Правилник за постапката и критериумите за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот
2. Предлог-  Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2019 година 
3. Предлог- Заклучок за усвојување на Акциониот план за енергетска ефикасност на општина Неготино
4. Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација  
5. Предлог –  Решение за давање на согласност на годишниот план за вработување за 2020 година на Локална библиотека ,,Страшо Пинџур,, Неготино  
6. Предлог- Решение за давање согласност на годишниот план за вработување за 2020 година на СОУ ,,Св.Кирил и Методиј,, Неготино
7. Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година на ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино  
8. Предлог – Решение за давање на согласност на годишниот план за вработување за 2020 година на Општинска установа Музеј на град Неготино 
9. Предлог- Решение за давање согласност на Критериумите за вдомување на бездомни лица на територијата на општина Неготино
10. Предлог- Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на јавните службеници за 2019 година  
11. Предлог- Заклучок за усвојување на Финансовиот извештај на ООУ ,,Гоце Делчев,,Неготино 
12. Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Неготино за 2019 година
13. Предлог- Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот октомври-декември 2018 година

 
Градоначалникот Делков на средба со делегации на ГШ на АРМ и армијата на САД PDF Печати

  Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков денеска оствари работна средба со претставници на Генералштабот на македонската армија и делегација на армијата на Соединетите Американски Држави. Претставници на двете армии ќе земат активно учество на престојната воена вежба која во месец јуни, оваа година, ќе се одржи на Армискиот полигон „Криволак“.

Повеќе...
 
Со грант од амабасадата на Јапонија ќе се поставува парно во училиштето во Д.Дисан PDF Печати

   Присуството на одбележувањето на 25-годишнината од дипломатските односи меѓу Јапонија и Македонија, директорот на ООУ„Гоце Делчев“ Петар Мантев и раководителката на Одделението за локален економски развој при општина Неготино Лолита Ристова го искористија за потпишување на грант одобрен од амбасадата на Јапонија за потребите на неготинското основно училиште. Како што информираше директорот Мантев, станува збор за обезбедени средства во висина од 30.500 евра кои комплетно ќе бидат наменети за поставување парно греење во сите простории во подрачното училиште во Долни Дисан кое делува во склоп на ООУ„Гоце Делчев“. Се очекува средствата да бидат префрлени до крајот на март, а периодот од април до август ќе се искористи за одвивање и завршување на работите во делот на поставувањето на парно греење, што значи дека на почетокот на наредната учебна година во сите простории во подрачното училиште во Д.Дисан ќе функционира новопоставеното парно греење, со што ќе се создаде попријатна атмосфера за одвивање и следење на образовно-воспитниот процес.

Повеќе...
 
Уште една театарска комедија на репертоарот на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” од Неготино PDF Печати

Во понеделник, 25 февруари 2019 година во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” Неготино ќе гостува аматерскиот театар од Крива Паланка со комедијата “Јас повеќе не судам, тие ми пресудија мене”. Одлична можност за уживање на љубителите на театарот од Неготино.
Почетокот на претставата е закажан за 19:00 часот, а влезот чини 100 денари.

 
Се одржа координативен состанок помеѓу претставници на општините Неготино и Пелла PDF Печати

   Во рамки на Програмата ИПА Прекугранична соработка ,,Грција-ФИРОМ 2014-2020” и проектот насловен како ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, со Акроним ЕНПОЛ -ЕЕ, од планираните 3 проектни средби од кои првата се одржа во општина Пелла -Грција27/28.12.2018, во општина Неготино  се одржа вториот координативен состанок помеѓу четирите проектни партнери (општина Пелла, општина Неготино, Јавна установа за култура и развој на општина Пелла и Средното општинско училиште,,Св.Кирил и Методиј”) и тоа во деновите четврток (14.02.2019) во СОУ Кирил и Методиј и петок ( 15.02.2019) адекватен простор за тоа со почеток од 11.00 до 13.30 часот.
Втората проектна средба опфати:-Официјална средба помеѓу претставниците на проектните партнери и Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, посета на институциите  кои се предмет на проект активностите-СОУ Кирил и Методиј и општина Неготино, се одржа презентација на проектот од сите четири проектни партнери и постигнувањата на проектот до одржувањето на втората координативна средба, а се дискутираше и за поставените цели за реализација во наредните 3 месеци.

Повеќе...
 
Се одржа 15-тата копаничарска изложба во Музејот на град Неготино PDF Печати

   Во изложбениот салон на Општинската установа Музеј на град Неготино се одржа 15-тата по ред  традиционална изложба на резба на членови на Здружението „Стари занаети“ од нашиот град на која беа поставени околу 30 копаничарски дела создадени и изработени во најразлични флорални, геометриски и религиозни мотиви. На изложбата со свои дела се претставија Лилјана Василева, Лазар Стојков, Митко Василев, Ќиро Ристов, Ване Стојков, Ване Ѓорѓиев, Ване Недев, Гоце Петров. Ванчо Давчев, Зоран Ангелов, Снежана Велјанова и Јанко Трајковски. Од страна на локалната самоуправа и Општинската установа Музеј на град Неготино на сите членови-учесници на Здружението „Стари занаети“ од нашиот град им беа доделени благодарници за учеството на оваа традиционална копаничарска изложба.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>

Лист 133 од 314