Општина Неготино
Втор информативен ден за земјоделците од општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“wa-mbrella, денеска во Неготино се одржа вториот информативен ден за земјоделците од вкупно  планираните шест информативни денови во рамките на проектот. Клучниот експерт за води и биодиверзитет Ѓоко Зороски имаше излагање за управувањето со водите на национално ниво со осврт на влијанијата врз квалитетот на водата како резултат од земјоделските активности, експертот за хидрологија Атанас Угрински изврши претставување на расположливите водни ресурси во општина Неготино, додека експертот за земјоделски науки м-р Апостол Чугунцалиев говореше за добрите практики за наводнување на полињата и користа на земјоделците од нивната примена. На денешниот втор информативен ден Чугунцалиев имаше излагање и за добрите практики за употреба на заштитни средства за културите и презентација на заштитни средства за органско производство, за на крајот клучниот експерт Ѓоко Зороски пред присутните да ги презентира заклучоците со што и заврши вториот информативен ден за земјоделците.

Повеќе...
 
Ден за високи гости на на „Криволак“ на вежбовните активности на Армијата на САД PDF Печати

   На Армискиот полигон „Криволак“ денеска  се реализира програма за Денот за високи гости и отворен ден за медиумите на вежбовните активности кои ги изведуваат припадници од Армијата на САД, кои се дел од мултинационалната борбена група Исток од составот на „КФОР“. На Денот за високи гости  демонстрирани се вежбовни активности со боеви гаѓања од пешадиско вооружување со артилериска поддршка, како и летачки активности со хеликоптери УХ-60 кои се дел од вежбовните активности кои е реализираат на Криволак во периодот од 1 до 23 март 2019 година. На денот за високи гости присуствуваа командантот на силите на КФОР, генерал мајор Лоренцо Д’Адарио, командантот на ЗОК, генерал мајор Павле Арсоски и претставници од Министерството за одбрана, ГШ, Амбасадата на САД, претставници од локалната самоуправа и други гости. Ова е втор пат како Армискиот полигон „Криволак“ го демонстрира својот капацитет за изведување на обука и гаѓања со воздухоплови од страна на ВС на САД. Од АРМ информираат дека во понатамошниот период ќе следува една поинтензивна фаза на користење на овој воен полигон, не само од страна на нашите армиски единици туку и од страна на нашите сојузници со што ќе се потврди и можноста на нашиот придонес кон НАТО Алијансата.

Повеќе...
 
Во Неготино се одржуваат информативни денови за земјоделците PDF Печати

   Денеска и утре Неготино е домаќин на информтивните денови за земјоделците кои се одржуваат во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ од ИПА програмата за прекугранична соработка кој се спроведува заеднички со водечкиот партнер, општина Алмопија од Грција, комуналното претпријатие од Алмопија и ЈП Комуналец од нашиот град. Во име на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој поради службени обврски не можеше да присуствува на настанот, присутните ги поздрави и им посака успешна работа секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ, воведно обраќање имаше директорката на „Коминалец“ Марина Бојаџиева, проектниот менаџер Лолита Ристова изврши презентација на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ (Wa-mbrella), а за моменталната состојба со животната средина во општина Неготино говореше клучниот експерт за води и биодиверзитет Ѓоко Зороски, кој воедно се осврна и на заштитата на животната средина со акцент на управување со водните ресурси и примена на заштитните средства при земјоделските активности. Главната цел на проектот е одржливо управување со водата преку најважните начини на нејзино користење и тоа во 3 сфери: 1-наводнување, 2-водоснабдување и 3-канализација, а намерата е преку проектот да се намали преголемата експлоатација и деградација на водата, како и намалување на еколошките влијанија на човековите активности преку одржливо користење на природните водни ресурси во екосистемите на прекуграничната област. Предложено е вкупното времетраење на проектот да биде 22 месеци, истиот се спроведува во 3 фази, при што во тек е втората фаза од развојот на проектот кога ќе бидат преземени и најважните проектни активности. Земјоделците како целна група на овие информативни денови, покрај експертските излагања кои имаа и ќе имаат можност  да ги слушнат овие два дена, имаа можност да даваат свои предлози и препораки во правец на преземање активности за подобрување на состојбите во општина Неготино.Вториот отворен ден за земјоделците ќе се одржи утре (четврток) во големата сала на општина Неготино со почеток од 10,00 часот.

Повеќе...
 
На 13 и 14 март во Неготино ќе се одржат информативни денови за земјоделците PDF Печати
  Општина Неготино ги информира земјоделците дека на 13 и 14 март (среда и четврток) со почеток од 10,00 часот во големата сала на локалната самоуправа ќе се одржат информативни денови кои се одржуваат во рамките на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“. Поканата е отворена и важи за сите заинтересирани земјоделци од нашата општина. Целта на информативните денови е да се презентира состојбата со животната средина и управувањето со водните ресурси во општина Неготино со осврт на влијанијата брз квалитетот на водата и животната средина од вршење земјоделски активности и примена на заштитни средства, како и примена на добри практики за наводнување на полињата и употреба на заштитни средства за културите со цел поттикнување на органското производство. 
 
 
 
Во Неготино одбележан светскиот Ден на енергетска ефикасност PDF Печати

   Во присуство на претставници од македонската Агенција за енергетика во Неготино се одбележа Денот на енерегетската ефикасност. Во оваа прилика на пригоден начин директорот на Агенцијата за енергетика Нехри Емрула на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков му го врачи позитивното мислење од Агенцијата за енергетика за подготвената тригодишна Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за период 2019- 2021 година, изработена од вработените во Заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион. Од страна на раководителот на Заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион Ванчо Петров за граѓаните на општина Неготино беше одржана презентација на тема „Енергетска ефикасност во домови и објекти“. Присутните имаа можност да се запознаат со   можностите и  придобивките од постигнување на  поголема енергетска ефикасност во нивните домови   и потенцијалите на  обновливи извори на енергија и  енергетска ефикасност во општина Неготино. По презентацијата, присутните и гостите од Агенцијата за енергетика ги  посетија просториите на Заедничкото одделение за енергетска ефикасност на Вардарскиот плански регион и се запознаа со неговата опременост и работа.

Повеќе...
 
Одбележан патрониот празник на училиштето „Страшо Пинџур“-Неготино PDF Печати
   Денеска учениците, вработените и присутните гости со низа пригодни активности го одбележаа патрониот празник на Основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ од Неготино. Од страна на присутните на прославата, најпрво се положи цвеќе пред спомен-бистата на патронот-загинатиот херој  Страшо Пинџур, за веднаш потоа со пригоден говор директорот на училиштето Сашо Ѓорѓиев да ги поздрави присутните гости, по што следуваше богата културно уметничка програма подготвена и изведена со учествуво на ученици и наставници од ООУ„Страшо Пинџур“. Одбележувањето на патрониот празник се искористи за доделување пригодни подароци на тројца пензионирани вработени во училиштето, а исто така награди и признанија им беа доделени на учениците-автори на најдобрите трудови по предходно распишаниот конкурс од страна на училиштето за ученици од петто до осмо одделение.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>

Лист 131 од 314