Општина Неготино
Подобрени условите за престој на дечињата во други просторни услови PDF Печати

   Во изминатиот период беа реализирани повеќе активности со цел за подобрување на условите за престој на дечињата кои престојуваат во групи во други просторни услови. Имено, во населените места Криволак, Пепелиште и Тремник каде што има деца во други просторни услови при ЈУОДГ „Фемо Кулаков“ успешно се завршени повеќе градежно-занаетчиски работи за адаптација на просториите, а во наредниот период планирано е да биде монтирана и ставена во функција набавената кујнска опрема и клима уредите. Со оваа активност се подобруваат условите за престој на дечињата и се создаваат услови за целодневен престој на дечињата.

Повеќе...
 
До 30-ти април вежбовни боеви активности на полигонот Криволак PDF Печати

  Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 30-ти овој месец (април) на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
Првоаприлска забава под маски на плоштадот во Неготино PDF Печати

   Со забавна програма која содржеше музичко-забавни изведби од страна на деца  и ученици на градскиот плоштад во нашиот град и маскенбалското дефиле кое се одвиваше по улиците низ градот, во Неготино денеска се одржа традиционалната манифестација „Маскенбал 2019г.“. Истата општина Неготино ја организираше во соработка со воспитно-образовните установи, вработените, учениците и нашите најмлади сограѓани. Во рамките на маскенбалското дефиле своите поединечни и групни маски ги презентираа дечињата од клоновите Мајски цвет и Пролет во склоп на детската градинка Фемо Кулаков од Неготино, ученици од основните училишта Гоце Делчев и Страшо Пинџур и средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Дефилето се одвиваше  по главните улици Маршал Тито и Партизанска со пристигнување на плоштадот од повеќе правци. Учесниците на маскенбалот и многубројните посетители кои беа присутни и го следеа дефилето, имаа можност да уживаат и во забавната програма во изведба на ученици од основните и средното училиште кои се претставија со музички перформанси, хумористични точки и денс изведби,а свој настап имаа и дечињата од двата клона на неготинската градинка.

Повеќе...
 
Реализирана еколошка акција „Сите за почисто Неготино“ PDF Печати
   Стотина љубители на природата и чистата и здрава животна средина во саботата се вклучија во еколошката акција насловена „Сите за почисто Неготино“. Настанот се одржа во организација на Спортско планинарското друштво „Неготино“ во соработка со ООУ„Страшо Пинџур“, општина Неготино и ЈП„Комуналец“ и истиот започна во раните утрински часови. Акцијата беше со цел да се собере отпадот кој се наоѓаше на несоодветни места за тоа и да се исчисти околината во која сите ние се движиме и живееме, а воедно и да се даде придонес во развојот на свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот, како и развивање на механизми за поддршка во справувањето со проблемот околу неорганизираното и неконтролирано фрлање на отпадот. Учесниците во акцијата „Сите за почисто Неготино“ го расчистуваа просторот кај паркот во близина на Музејот, главните улици „Маршал Тито“ и „Партизанска“, како и кругот на СРЦ Младост. По завршувањето на активностите, екипи на Комуналец со соодветни возила собраниот отпад го транспортираа во градската депонија, а организаторите најавија одржување на вакви и слични акции и во наредниот период.
Повеќе...
 
Утре (сабота 30.03.) ќе се спроведе акција „Сите заедно за почисто Неготино“ PDF Печати

   Во организација на СПД„Неготино“, а во соработка со општина Неготино, ООУ„Страшо Пинџур“ и Јавното претпријатие „Комуналец, во текот на утрешниот ден (сабота 30.03) ќе се реализира аколошка акција „Сите заедно за почисто Неготино“. Акцијата има за цел да се исчисти отпадот кој се наоѓа на несоодветни места за тоа притоа развивајќи ја свеста кај граѓаните за правилно управување со отпадот, како и да развие механизми за поддршка на граѓаните како подобро да се справат со неорганизираното и неконтролираното фрлање на отпад во нивната заедница. Активностите од акцијата ќе започнат од 08,00 часот од паркот кај градскиот Музеј, потоа се планира чистење долж главните улици „Маршал Тито“ и „Партизанска“,а акцијата ќе заврши  со расчистување на кругот на СРЦ„Младост“. Организаторот апелира до сите заинтересирани граѓани активно да се вклучат и да дадат сопствен придонес за посупешно спроведување на акцијата „Сите заедно за почисто Неготино“.

 

 
Маскенбал 2019 PDF Печати
   На 1ви април, (понеделник) Општина Неготино во соработка со воспитно-образовните установи од градот ќе ја организира манифестацијата “Маскенбал 2019”, чии дел ќе бидат маскенбалското дефиле и забвната програма на градскиот плоштад која ќе содржи музичко-забавни изведби на децата и учениците од нашиот град.
Во рамките на маскенбалското дефиле своите групни и поединечни маски ќе ги презентираат децата од клоновите “Мајски цвет” и “Пролет” од детската градинка “Фемо Кулаков”, учениците од основните училишта “Страшо Пинџур” и “Гоце Делчев” и средното општинско училиште “Св.Кирил и Методиј”. Дефилето ќе тргне од двете основни училишта “Гоце делчев” и “Страшо Пинџур” во 12.15 часот и ќе се движи по улиците “Маршал Тито” и “Партизанска” и ќе пристигне на градскиот плоштад од двата правци, каде што од 12.30 часот ќе започне забавната програма во рамките на која учениците од основните и средното училиште ќе се претстават со музички перформанси, хумористични точки и денс изведби. Претходно, на бината на градскиот плоштад со почеток од 12 часот свои изведби ќе имаат и децата од двата клона од детската градинка “Фемо Кулаков”.

 
<< Почеток < Пред 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Следно > Крај >>

Лист 129 од 314