Општина Неготино
Утре (сабота) ќе се спроведе акција за расчистување на просторот кај Спомен-костурницата PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков,  вработените во општинската администрација и советниците во општинскиот Совет во текот на утрешниот ден (сабота 13 април) ќе реализираат акција за расчистување на просторот кај Спомен-костурницата во нашиот град. Акцијата ќе започне од 09,30 часот и во истата можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани од општина Неготино.

 
Реконструкција на шахти и сливни решетки во Неготино PDF Печати

  Се реконструираат шахтите и сливни решетки од канализациониот систем на улици во Неготино и населените места.  Во следниот период треба да бидат реконструирани голем број на оштетени шахти и сливни решетки.

Повеќе...
 
Работна посета и средба со граѓаните на Тимјаник PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, дел од администацијата во локалната самоуправа и членови на Советот на општината во рамките на предвидената работна агенда денеска остварија посета на населбата Тимјаник. Претставниците на локалната власт остварија средби со граѓаните на Тимјаник на кои, меѓу другото се разговараше во врска со трасата за изградба на колекторот од Тимјаник до Неготино чии градежни работи се очекува да започнат по завршувањето на тендерската постапка која се спроведува во месеците април-мај, а стана збор и за други прашања од делокругот на работата на градоначалникот, локалната самоуправа и општинскиот Совет. Работната средба на Тимјаник беше искористена  заинтересираните граѓани да се информираат за тековните активности на општина Неготино, како и за проектите кои се планирани за реализација во периодот што следува.

Повеќе...
 
Средби со граѓани на градоначалникот и општинската администрација PDF Печати

   Денес, градоначалникот Делков дел  од општинската администрација и дел од членовите на Советот извршија посета на две локации во градот. Влез 1 Неготино кај СРЦ „Младост“ и влез 2 од Кавадарци кон Неготино. На овие два влеза наскоро започнуваат активности за реконструкција на жардинерии и поставување на нова урбана опрема. Со присутните граѓани  се разговараше и за тековните активности на општината и проектите кои во иднина ќе се реализираат.

Повеќе...
 
Честит 8 април-Меѓународен ден на Ромите PDF Печати
   До сите припадници на ромската заедница од мое лично име, како градоначалник и од име на општина Неготино упатувам искрени и срдечни честитки по повод денешниот празник 8 април кој се слави како Меѓународен ден на Ромите од далечната 1971 година. Ја користам приликата да ги истакнам своите залагања за поголема инклузија на Ромите во општеството и остварување на нивните права како рамноправни граѓани во општината и државата. Општина Неготино и јас како градоначалник сме секогаш отворени за соработка и давање поддршка на ромската заедница за надминување на сите проблеми со кои се соочуваат. Нека е многу години 8 април-Меѓународниот ден на Ромите. 
 
Се тампонираат 4 километри од патот Пепелиште-Криволак PDF Печати

   Општина Неготино во координација и соработка со Јавното претпријатие за државни патишта започна со реализација на проект за санација, т.е. тампонирање на локалниот пат Неготино-Криволак кој е во должина од 4 километри. Целта на овој зафат е создавање услови за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Следно > Крај >>

Лист 128 од 314