Општина Неготино
Распределени средствата за спортските клубови од општината за 2019 г. PDF Печати
   Со цел за поддршка и унапредување на спортот и спортските активности во општината, Советот на општина Неготино на одржаната редовна седница на 20 маj (понеделник) врз основа на претходно донесениот Правилник за постапката и критериуми за распределба на средства за остварување на јавниот интерес во спортот, ги додели средствата за поддршка на спортските клубови/сојузи од општината за 2019 година. Планираните средства во Буџетот на општината во вкупна висина од 1.500.000 денари, беа распределени на 15-те пријавени спортски клубови од Општина Неготино, врз основа на соодветните критериуми содржани во Правилникот.
На овој начин, спортските клубови/сојузи од Општина Неготино добија можност за непречена работа, преку соодветна распределба на предвидените средства во буџетот на општината за 2019 година.

 
Во Курија се одржа "Етно вешта жена 2019". PDF Печати
   Неготинското село Курија денеска беше домаќин на манифестацијата од републички карактер "Етно вешта жена 2019", настан кој имаше и хуманитарен карактер. Имено над 1.000 учеснички од 20 градови од нашата држава имаа можност да се претстават со специјалитети од храна изложени на штандовите, претставувајќи ја на тој начин традиционалната македонска кујна. Сите изложени специјалитети од храна се продаваа и секој од многубројните присутни учеснички и заинтересирани граѓани кои го следеа настанот имаа можност да купат од истите, а сите собрани финансиски средства се наменети за потребите на локалната црква "Свети Ѓорѓи" во Курија. Настанот помина во ведра и релаксирана атмосфера преку неколку часовно заедничко другарување, а организаторите изразија благодарност до општина Неготино за гостопримливост и поддршката за одржувањето на оваа манифестација.
Повеќе...
 
Санација на оштетени делови на улици во градот и населените места PDF Печати

    Во периодот кој измина се изврши санација на оштетени делови од коловозот во населените места Тимјаник и Тремник. Исто така со ваквата санација беа опфатени и оштетени делови од улици во градот Неготино. Со санацијата е предвидено да се изврши крпење на ударните дупки, вдлабнатини и пукнатини, и други оштетувања на коловозот со замена на коловозната покривка. Во периодот кој следи со ваква санација ќе бидат опфатени најпрометните улици и критичните точки од некои улици во градот.

Повеќе...
 
Денеска (среда 22.05.) до 16,00 ч. ќе има прекин во водоснабдувањето PDF Печати
  Се известуваат потрошувачите на вода за пиење од Неготино дека поради дефект на главниот цевковод Ф 315 од Ваташа кон Неготино, денеска (среда 22.05.) во периодот до 16,00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето. Екипи на ЈП Комуналец се на терен, работат на отстранување на дефектот и според најавите водоснабдувањето ќе се нормализира околу 16,00 часот.
 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Печати

Реф. CN1 - SO2.3 - SC031 no.3  05-204/4

Проект,,wa-mbrella,,
Согласно Одлуката од градоначалникот на општина Неготино бр.05-204/1 од  09.04.2018 општина Неготино спроведе истражување на пазарот за потреба од  набавка- УСЛУГИ зa  Супервизија на градежните работи за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем  во Неготино за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за проектот,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” или“Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint” со Aкроним ,,wa-mbrella” согласно Договорот за грант број wa-mbrella - CN1 - SO2.3 - SC031 од 02.04.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The North Republic of Macedonia”,.По спроведенaтa анализа на пазарот општина Неготино достави покани до заинтересирани страни.Покрај тоа  од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2018-Simplified procedure ) .
Истата е  достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 22.05.2019 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена  електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 21.06.2019(петок)  до 12.00 часот согласно инструкциите во тендерската документација кога е планирано и отварањето на понудите .

Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

Повеќе...
 
Ученици од Пепелиште се запознаа со функционирањето на општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на одвивањето на практичната настава по предметот општество, ученици од прво до петто оделение кои наставата ја следат во подрачното училиште во Пепелиште денеска заедно со своите наставници беа во посета на општина Неготино и се запознаваа со функционирање на органите и телата на локалната самоуправа. Нивниот престој започна со посета на салата за состаноци на општината каде што секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ подетално ги информираше за работењето на градоначалникот Тони Делков, советниците во Советот на општината и локалната администрација, начинот на раководење со општината, донесувањето на одлуки и решенија, изборот на градоначалник и советници, времетраењето на мандатот на истите, нивните права и обврски и слично. Активно учество зедоа и присутните ученици кои ги презентираа сопствените познавања за функционирањето на општината научени по предметот општество, а за се она што им беше непознато, подетални појаснувања добија од секретарот Златковиќ. Учениците од Пепелиште го посетија и кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а исто така извршија посета и на Музејот на град Неготино и Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ од нашиот град.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Следно > Крај >>

Лист 123 од 314