Општина Неготино
Се асфалтираат 1,6 километри од патниот правец Дуброво-Војшанци PDF Печати
    Работници на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта „Македонија пат“ веќе неколку денови интензивно изведуваат градежно-асфалтерски работи на патниот правец од млекара Дуброво до Војшанци. Станува збор за комплетно асфалтирање на овој патен правец во должина од 1,6 километри со поставување на асфалтна маса со ширина од 4 метри на патот. Според информациите од надлежните, работите се одвиваат според однапред утврдената динамика и се очекува истите да завршат во предвидениот рок за тоа. Населението од општината благовремено беше информирано дека за време изведувањето на асфалтерските работи сообраќајот на овој патен правец е во прекин од 10 до 16 часот со препорака како алтернатива да се користи патниот правец Д.Капија-Корешница, а заради безбедно одвивање на работите и безбедност на учесниците во сообраќајот, поставена е и соодветна сигнализација за работа на пат.
 
Повеќе...
 
Избрано идејно решение за уредување на површината на СРЦ во Неготино PDF Печати

   Во постапката за спроведување на конкурс за идејно решение за уредување на околината на Спортско-рекреативниот центар во Неготино, помеѓу две пристигнати понуди, донесена е одлука за избор и рангирање на идејно решение. Имено,инвеститорот општина Неготино распиша конкурс за изработка на идејно решение за уредување на површината на локацијата спортско-рекреативен центар кој се наоѓа на влезот во градот на површина од 11,63 ха. Имено, СРЦ претставува простор кој треба да ги обедини интересите на сите граѓани, како и интересите на сите попатни минувачи и туристи кои поминуваат или доаѓаат во нашиот град, како и локалниот бизнис сектор. Основната цел е овој простор да добие функција на модерен градски центар кој ќе претставува место за спортување, играње и забава, собиралиште на луѓето поради спортски манифестации и шеталиште. Предвидено е овозможување непречено движење напешаците, поставување на урбана опрема со која ќе се задоволат сите потреби за одмор, забава и рекреација. Идејното решение предвидува трим патека за пешачење со места за одмор, реквизити за вежбање, детско игралиште за најмладите, поставување на клупи и уредени места за седење со урбана опрема, фонтана за пиење вода и водени површини-фонтани и велосипедски патеки. Исто така,планирани се површини за изградба на угостителски објекти, паркинг-места на пристапна улица, водоводна линија, технолошка водоводна линија, канализациона линија, поставување соодветно осветлување, парк за миленици и хортикултурно уредување на просторот околу спортско-рекреативниот центар во Неготино.

Повеќе...
 
Саша Ковачевиќ на “Negotino OFF Festival" 2019 PDF Печати

  На 9 јуни (недела) на градскиот плоштад во Неготино ќе се одржи голем музички хепенинг под наслов “NEGOTINO OFF FESTIVAL 2019” на кој учество ќе земат познати музички артисти од земјава и регионот. Настанот е во организација на ивент агенцијата “Ентфинити”, а ко-организатор и покровител на истата е Општина Неготино. Овој настан ќе биде организиран по повод завршувањето на учебната година и се планира истиот во иднина да стане традиционален. Дел од богатата програма на “NEGOTINO OFF FESTIVAL 2019” ќе бидат најпознатите јутубери во земјава – Steffonator и GP, моментално најактуелното музичко дуо “2 Бона” заедно со Таско и специјалниот гостин на вечерта, големата балканска музичка ѕвезда - Саша Ковачевиќ.
Подржувачи на овој музички спектакл кој за првпат ќе се случува во нашиот град ќе бидат и голем број на спонзори, кои ќе бидат објавени дополнително.

 
Денеска (среда 29.05) ќе нема вода за наводнување на дворните површини PDF Печати

   Од Јавното претпријатие „Комуналец“-Неготино ги информираат граѓаните-потрошувачи дека поради настанат дефект и интервенција од страна на надлежните, денеска (среда 29.05) ќе биде во прекин снабдувањето со вода за полевање на дворните површини. Прекинот е поради настанат дефект на главниот канал од мрежата од Кавадарци кон Неготино, а на отстранувањето на истиот работат екипи на ЈП„Водостопанство Тиквеш“ од Кавадарци. По завршувањето на санацијата на дефектот, ќе се нормализира и снабдувањето со вода за наводнување на дворните површини.

 
Ќе се асфалтира патот Дуброво-Војшанци, сообраќајот во прекин од 10 до 16ч. во наредните 7 денови PDF Печати
   Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта  "Македонија пат"ги информираат граѓаните на општина Неготино дека од 29.05.2019 (среда) во наредните седум работни денови ќе се изведуват градежно- асфалтерски активности на Регионалниот патен правец Р2137 на делот помеѓу млекара Дуброво до село Војшанци.
За време на изведување то на асфалтерските работи, во целос ќе биде во прекин сообраќајот од 10 до 16часот. Од „Македонија пат“ додаваат дека како алтернатива ке се користи патниот правец Демир Капија-Корешница. На самото место на изведување на работите е поставена содветна сигнализација за работа на пат.
 
Исполнета квотата за надоместување на дел од трошоците за купување велосипеди PDF Печати

   Во рекордно краток временски период, односно во период од само 4 работни денови, исполнета е квотата по Јавниот повик од страна на општина Неготино за надоместување на дел од трошоците на граѓаните од нашата општина за купување велосипеди во 2019 година.Имено, по принципот „прв дојден,прв услужен“,општина Неготино објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните од подрачјето на неготинска општина за купување велосипеди. Средствата што општината ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000 денари по лице со вклучен персонален данок на доход, како и 50% од вредноста на адаптираниот велосипед за лица со телесна инвалидност, но не повеќе од 50.000 денари по лице.Иако првично беше планирано  Јавниот повик да трае заклучно со 20-ти јуни, поради брзото исполнување на квотата, барања повеќе нема да се примаат. Средствата во висина од 300.000 денари предвидени за исплата се обезбедени од Буџетот на општина Неготино, а исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнувањето на предвидениот буџет за оваа намена. Имајќи предвид дека квотата е исполнета и планираните финансиски средства се исцрпени,општина Неготино ги информира граѓаните дека Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците за купување велосипеди е завршен.

 
<< Почеток < Пред 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Следно > Крај >>

Лист 122 од 314