Општина Неготино
Во недела (09.06) од 13,00ч. во центарот на Неготино ќе има изменет режим на сообраќај PDF Печати

  Општина Неготино ги информира граѓаните од општината дека во недела на 9-ти јуни поради одржувањето на манифестацијата „Negotino off festival 2019“ во центарот на градот со почеток од 13,00 часот па се до завршувањето на настанот ќе има изменет режим на сообраќај. Имено, во споменатиот период ќе важи забрана за движење на возила на потегот од семафорите до раскрсницата со ул„Гоце Делчев“ пред зградата на општина Неготино, како и паркирање на возила на овој потег. Се замолуваат моторизираните граѓани во недела од 13,00 часот, но и пред тоа, да не ги паркираат своите возила на овој потег и да овозможат слобода и комодитет во движењето на пешаците, односно на многубројните посетители од нашата и други општини кои се очекува да присуствуваат на фестивалот чие одржување ќе кулминира со настапот на балканската музичка sвезда Саша Ковачевиќ.

 
До 10-ти јули 2019г. вежбовни боеви активности на полигонот Криволак PDF Печати

   Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 10-ти јули 2019 година на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.

 
Седница на Совет на општина Неготино 06.06.2019 година PDF Печати
Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  (Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    дваесет и петтата    редовна седница на Советот на општина Неготино. 
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 06.06.2019 година   (четврток ) во  12,00 часот.
За седницата го предлагам следниот 

                                                Д Н Е В Е Н   Р Е Д 


1. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура , спорт и соработка со здруженија и фондации   на општина Неготино за 2019 година
2. Предлог –  Решение за давање согласност за измена на Годишниот план за вработување на општина Неготино
3. Предлог- Решение за давање согласност за измена  на Годишниот план за вработување за 2019 година на Локална библиотека ,,Страшо Пинџур,, Неготино 
4. Предлог- Одлука за преостапување на користење на движна ствар на ЈП Комуналец Неготино

 
ОДРЖАН ПРВИОТ ИНФО ДЕН на тема „Важноста во заштитата на животната средина“-ПРОЕКТ ЕНПОЛ-ЕЕ-општина Неготино PDF Печати
   Во рамките на спроведувањето на проектот ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката на животна средина“ „Enpol-EE“ од програмата за прекугранична соработка „Intereg-IPA CCI 2014 TC 16 15CB 009 во периодот 2014-2020 година, на 03.06.2019 беше организиран првиот инфо ден на општина Неготино .Темата беше  „Важноста во заштитата на животната средина“. Намерата е преку серија од 5 инфо денови да се одговори на прашањето „Како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетската политика во нивните територии, во заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигнување на свеста на локалното население во врска со мерките за енергетска ефикасност“. Поздравно обраќања имаше градоначалникот Тони Делков , а претставување на проектот „ изврши проектниот менаџер Лидија Нечева. Во бројно присуство на ученици од СОУ,, Св Кирил и Методиј,, претставници од Совет на општина Неготино, општинската администрација, други образовни установи и заинтересирани граѓани, вовед во темата „Важноста во заштитата на животната средина“ и експертска презентација   направи професор др.Даме Димитровски.Покрај присутните дискусии, првиот инфо ден беше искористен и за давање предлози од страна на засегнатите страни  преку поделени прашалници до присутните, а беше споделена и  информација за следните инфо денови во рамките на проектот „Енпол-ЕЕ“ во општина  Неготино. Организацијата на првиот и на сите останати настани за општина Неготино е доделена на   О3 ИНВЕСТ од Скопје.Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничен регион како индикативен фактор за политика на животната средина“ со акроним „Енпол-ЕЕ“ се реализира во партнерска соработка на општина Неготино, СОУ„Св.Кирил и Методиј“ од нашиот град, општина Пела и Јавното претпријатие за култура и развој на Пела-Република  Грција.
Истиот ден и во СОУ„Св.Кирил и Методиј“ од нашиот град се организираше првиот инфо ден каде што беше извршена промоција на проектот  низ  поделени промотивни материјали( маички и флаери)  за учениците. 
Повеќе...
 
Општина Неготино обезбеди ровокопач за одржување на инфраструктурата PDF Печати
   Во присуство на министерот за финансии Драган Тевдовски и претставници на Европската унија, денеска во име на општина Неготино го потпишав договорот со кој обезбедивме ровокопач за потребите на населението од нашата општина. Имено, по извршената еваулзација на пристигнатите апликации, бевме информирани дека општина Неготино е меѓу 10-те локални самоуправи во земјава која преку програма на Министерството за финансии доби едно од 10-те возила-ровокопачи. Универзалниот ровокопач-скип кој го добивме ќе биде ставен на располагање на ЈП Комуналец, ќе се користи за потребите на локалната самоуправа и други институции и установи кои ќе имаат потреба, како и соседните општини Кавадарци и Д.Капија. Станува збор за нова машина која ќе помогне во одржувањето на патната инфраструктура на територијата на неготинска општина, чистење на канали, копање на ровови и за други намени, а ровокопачот е опремен со дополнителна опрема-хидрауличен чекан и даска за чистење снег.
Повеќе...
 
ПОКАНА PDF Печати
Почитувани,
Во рамките на проектот „ENPOL – EE”, од програмата за прекугранична соработка „Interreg – IPA CBC CCI 2014 TC 16 15CB 009”, во периодот од 2014 – 2020 година, Општина Неготинo го организира Првиот Инфо Ден кој ја обработува темата „Важноста во заштита на животната средина”.
Проектната задача одговара на едно основно прашање, а тоа е: Како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетската политика во нивните територии, во една заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигање на свеста на локалното население во врска со мерки на енергетска ефикасност?
Инфо денот е само дел од многубројните активности кои ќе се одржат како дел од овој проект. Со таа цел Ве покануваме да присуствувате на Првиот Инфо Ден на тема „Важноста во заштита на животната средина”, кој ќе се одржи на 03.06.2019 (Понеделник) во Општина Неготино, со почеток од 13:00 часот.
Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина” со акроним„ENPOL – EE”, се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино,Средно општинското училиште „Св.Кирил и Методиј” - Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .
Во прилог на поканата можете да ја погледнете и агендата.

Агенда

Со почит,

Општина Неготино
 
<< Почеток < Пред 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Следно > Крај >>

Лист 121 од 314