Општина Неготино
Чадот во Неготино доаѓа од армискиот полигон Криволак PDF Печати
   Деновиве граѓаните на општина Неготино реагираат на присуството на чад, а денеска и официјално од страна на АРМ е соопштено дека чадот доаѓа од армискиот полигон Криволак каде што во тек е изведувањето на воената вежба „Одлучен удар“. Според зборовите на Тони Јаневски-портпарол на АРМ, од извршувањето на артилериско гаѓање на воената вежба на Криволак, настанати се 7 помали пожари на трева и нискостеблеста шума, од кои 4 се сосема изгаснати, а 3 се локализирани, а при гаснењето се интервенирало и со хелокоптери на армијата. Иако воената вежба „Одлучен удар“ е предвидено да трае до 9-ти јули, боевите гаѓања завршуваат во петок, а со тоа се намалува и можноста од настанување на нови пожари.
 
Во среда и четврток (03 и 04 јули) ќе нема вода за полевање на дворните површини PDF Печати

   Се известуваат граѓаните дека поради итно и неодложно интервентно чистење на каналската мрежа од алги од страната на Водостопанство „Тиквеш“ во деновите среда и четврток (03 и 04 јули) ќе биде во прекин снабдувањето со вода за наводнување на дворните површини. Реедовното снабдување ќе продолжи од петок (05 јули) а дотогаш се апелира до граѓаните за рационално трошење на водата за пиење.                            

 

 
Со бекатон коцки се уредува улица во село Војшанци PDF Печати
   Општина Неготино со средства од сопствениот буџет реализира уште еден проект во населените места во нашата општина. Во случајов, станува збор за изведување на градежни активности во неготинското село Војшанци каде што во тек е уредување на улица со поставување на бекатон коцки. Како што информираат стручните служби, со овој зафат ќе биде уредена улицата на површина од 1.200 м2 со поставување на бекатон коцки, односно улицата која води до црквата и до игралиштето во ова населено место.
Повеќе...
 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Печати

Реф. CN1 - SO2.3 - SC031 no.4  05-316/2  
Проект,,wa-mbrella,,
Согласно Одлуката од градоначалникот на општина Неготино бр.05-316/1 од  26.06.2018 општина Неготино спроведува  набавка- УСЛУГИ зa Супервизија на градежните работи за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем  во Неготино за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за проектот,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” или“Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint” со Aкроним ,,wa-mbrella” согласно Договорот за грант број wa-mbrella - CN1 - SO2.3 - SC031 од 02.04.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The North Republic of Macedonia”,.За целите на постапката општина Неготино достави покани до 3 правни субјекти.Покрај тоа  од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2018-Simplified procedure ) .
Истата е  достапна на веб страната на општина Неготино и  во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 01.07.2019 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена  електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 15.07.2019(понеделник)  до 12.00 часот согласно инструкциите во тендерската документација кога е планирано и отварањето на понудите .

Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

invitation

Повеќе...
 
Во тек се градежни активности во околината на населено место Долни Дисан PDF Печати
   Во тек е санација на пристапен пат од околу400 м, на патниот правец Долни Дисан - Тремник. Со санацијата е предвидено да се исчисти потегот од шут и камења, да се изврши нивелирање и набивање на тлото, тампонирање како и изградба на пропуст со влезно-излезна глава за прифаќање и испуштање на водите од Дисанска Река. Со ваквиот потег ќе се олесни пристапот до земјоделско обработиливото земјиште со приближна површина од околу 600 хектари на кои има лозови насади, житни култури, овошни култури, а со тоа ќе се намалат проблемите на земјоделците и самото население.
Повеќе...
 
Во Неготино се изврши презентација на новиот Закон за социјална заштита PDF Печати

   Во салата за состаноци на општина Неготино денеска се одржа работилница на тема „Примена на новиот Закон за социјална заштита“ кој влезе во сила на 23.05.2019 година од кога всушност и стартуваше имплементацијата на истиот. Како што истакна во своето излагање Софија Спасовска од Министерството за труд и социјална политика реформата е започната од 2018 година со вклучување на експерти од оваа област, со посебен приоритет кон домаќинствата и нивните потреби,намалување на детската сиромаштија, но и кон останатите категории ранливи граѓани. Според Спасовска, приритет е создавање на можности за вклучување на овие целни групи на пазарот на трудот преку поврзаност на Центрите за социјални работи со Центрите за вработување, а со единствена цел за вработување на младите. На работилницата на која свои излагања имаа и Соња Кипровска и Весна Самојловска од ЈУ Завод за социјални дејности се изврши презентација на структурата на Законот за социјална заштита и принципите на кои се заснова реформата, за паричните права и услугите од социјална заштита, за надлежностите на општините преку обезбедување социјални услуги, по што следуваше и дискусија за активностите за поефикасна примена на Законот за социјална заштиита. На работилницата во Неготино присуствуваа претставници од општините од Вардарскиот плански регион.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 111 112 113 114 115 116 117 118 119 120 Следно > Крај >>

Лист 118 од 314