Општина Неготино
Од 22 до 26 јули вежбовни боеви активности на полигонот Криволак PDF Печати
   Поради безбедносно изведување на планираните вежбовни активности-гаѓања, Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот од 22 до 26 јули,оваа година, на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кое ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.
 
Започна изградбата на првата социјална зграда во Неготино PDF Печати
   На локацијата на ул. Едвард Кардељ број 52 во нашиот град во присуство на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Кристијан Трајковски, претставници на локалната самоуправа, пратеници и други присутни започна изградбата на првата социјална зграда во Неготино. Нашиот град, по Пробиштип, е втор во државава каде што се гради една од планираните социјални згради, а вкупната вредност на проектот е 15.000.000 евра - средства обезбедени од банката за развој на Советот на Европа во согласност со Законот за задолжување на Република Северна Македонија.  Социјалната зграда во Неготино ќе има вкупно 62 станови со површина од 35 до 45 метри квадратни, а планирана е изградба и на паркинг простор. Со изградбата на оваа зграда со рок на изведба на работите од 18 месеци во блиска иднина станбеното прашање ќе го решат дел од примателите на социјална помош, лица со инвалидитет, лица со посебни потреби и самохрани родители.
Повеќе...
 
Поради лошите временски услови, дезинцекцијата одложена за утре (11.07.2019) PDF Печати

Од  локалната самоуправа Неготино ги информираат граѓаните на неготинска општина дека поради присуството на лоши временски услови, најавената за вечерва (среда) дезинсекција се одлага и ќе се изврши утревечер (четврток 11.07.2019 година).

 

 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
   ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НЕГОТИНО СОГЛАСНО СО ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОПШТИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ И ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА ДДД ЗА ОПШТИНА НЕГОТИНО ЗА 2019ГОДИНА, ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ДЕКА ВО ТЕКОТ НА  УТРЕШНИОТ ДЕН 10 ЈУЛИ ПОЧНУВАЈЌИ ОД ВЕЧЕРВА НА ПОЛНОЌ ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ПРЕВЕНТИВНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА НА КРИТИЧНИ ТОЧКИ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ СО МАШИНСКО РАСПРСКУВАЊЕ СО ПРЕПАРАТОТ АКВА-КОТРИН ОД СТРАНА НА СТРУЧНИ ЛИЦА ОД ЗОТОКС ДООЕЛ Скопје  ПОД НАДЗОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ОД ВЕЛЕС. СО ПРСКАЊЕТО ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ 4 ЛОКАЦИИ И ТОА - КЕЈОТ НА ТИМЈАНИЧКА РЕКА, БРЕСТИН ДОЛ, МАРЕНСКИ ПОРОЈ И ПОТЕГОТ ОД КРИВОЛАК ДО ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА И СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА. 
СЕ ИНФОРМИРААТ ГРАЃАНИТЕ И ЗДРУЖЕНИЈАТА КОИ ОДГЛЕДУВААТ ПЧЕЛИ И ДРУГИ ВИДОВИ ЖИВОТНИ ДА ГИ ПРЕЗЕМАТ СИТЕ НЕОПХОДНИ МЕРКИ ЗА НИВНА ЗАШТИТА.

 
Се санираат оштетените сливни решетки и ударните дупки на ул „Маршал Тито“ PDF Печати

  Со финансиски средства од Буџетот на општина Неготино веќе извесен период на терен се спроведуваат активности за реконструкција на оштетените сливни решетки, а наскоро следува и нивелирање на оштетените и пропаднати шахти. Со градежните активности за реконструкција на оштетените сливни решетки опфатени се следните улици во градот: Цандо Кожинков, Климентова, Ленинова, Даме Груев, Христо Ботев , Партизанска, Гоце Делчев, Борис Кидрич, ЈНА и Првомајска. При изведбата на работите инсистираме на соодветна заштита од можни оштетувања на постоечките здрави елементи од сливните решетки, а така ќе биде и со шахтите, уличните рабници, како и постоечките подземни и надземни инсталации. Исто така, бараме да бидат запазени и соодветно обработени слоевите на sидовите од решетките и шахтите со останатата коловозна конструкција. Инаку, со градежните активности за нивелирање на оштетените и пропаднати шахти предвидено е да бидат опфатени следните улици: Даме Груев, Ленинова, Петар Демирски, Климентова и во селото Пепелиште. Паралелно, согласно договорот за санација и реконструкција на стари улици, изградба на нови и крпење на ударни дупки, во тек се градежни активности за санирање на ударните дупки на главната и најфреквентна улица во Неготино „Маршал Тито“.

Повеќе...
 
ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈУОДГ „ФЕМО КУЛАКОВ“ НЕГОТИНО PDF Печати
   Со стапување на сила на Закон за изменување и дополнување на Законот за детска заштита, и со донесување на Одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија со која се утврди вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и директорите на јавните установи за деца,вработените во ЈУОДГ „ФЕМО КУЛАКОВ“ Неготино добија покачување на своите плати почнувајќи од месец Јуни 2019 година.ЈУОДГ„ФЕМО КУЛАКОВ“ Неготино е помеѓу првите 20 градинки во Република Северна Македонија која ја спроведе целокупната постапка за да  вработените во установата добијат повисока плата .Голем придонес во постапката за остварување на повисока плата во градинката има Совет на Општина Неготино кој ни излезе во пресрет и на одржана седница на Совет на Општина Неготино донесе одлука со која се даде Согласност за висината на бодот за вработените во установата, без која одлука не можевме да ги превземеме следните фази од постапката за да стигнеме до посакуваната цел.Со потпишување и стапување на сила на нов Колектривен Договор  од ден 28.06 2019 година, се зголеми и бодот за пресметување на плата за помошно-техничкиот персонал во нашата установа.Значи со еден збор сите вработени во ЈУОДГ,,Фемо Кулаков,,Неготино ќе земат повисока плата почнувајќи за Месец Јуни 2019 година, заклучно со 31.08 2019 г, а веќе од 01.09 2019 г до 31.12 2019 г ќе има ново покачување на платите а кое нешто е утврдено со гореспооменатата Одлука донесена од страна на Влада на Република Северна Македонија, на која одлука согласност даде Совет на општина Неготино.
 
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 111 112 113 114 115 116 117 118 119 120 Следно > Крај >>

Лист 117 од 314