Општина Неготино
Се врши санација на улицата „Борис Кидрич“ во должина од над 200 метри PDF Печати

    Општина Неготино во соработка со Јавното претпријатие „Македонија пат“ веќе извесен период спроведува активности за комплетно санирање на над 200 метри од улицата „Борис Кидрич“ во нашиот град. Станува збор за една од најфрекветните улици во тој дел на Неготино, на потегот од Музејот кон Здравствениот дом, па токму затоа надлежните од локалната самоуправа одлучија да се пристапи кон санација на дел од оваа улица. Градежните работи се однесуваат на замена на коловозната покривка (засторот) по целата ширина на коловозот, а паралелно предвидено е да се нивелираат шахтите и решетките на овој потег од улицата „Борис Кидрич“. Се очекува работите комплетно да бидат завршени до крајот на тековниот месец.

Повеќе...
 
ПОКАНА за учество на информативни денови за одлучувачки тела - Општина Неготино PDF Печати
  Почитувани, ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на двата информативни дена наменети за носители на одлуки на тема „Заштита на биодиверзитетот и човековото влијание во делот на загадувањето на отпадните води“ кои ќе се одржат на 2ри и 3ти октомври 2019, со почеток во 10:30 ч. во хотел Памела, општина Неготино. Регистрацијата на учесниците ќе започне во 10:00 ч.
Првиот инфо ден ќе биде отворен од страна на Градоначалникот на општината г – н Тони Делков и одговорните лица на проектот за општина Неготино и за општина Алмопиа, Грција. Понатаму, претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе је презентираат законската основа и моменталната состојба во државата од аспект на заштита на биодиверзитетот и управување со водите и отпадните води, а денот ќе се затвори со претставување на човековото влијание врз загадувањето на водите. Вториот инфо ден ќе биде отворен со презентација за значењето на пречистителните станици за секој град со проследување на видео од изградбата на постојните пречистителни станици во државата. Понатаму ќе бидат презентирани податоци за квалитетот на водите во државата и податоци од извршениот мониторинг на каналот за наводнување во Неготино и Тимјаничка (Неготинска ) Река. Вториот инфо ден ќе се затвори со посета на текот на реката со осврт на изведбата на колекторот и водоводната мрежа, испустите од канализација и сл.
Со цел подобра организација Ве молиме потврдете го Вашето присуство на 078-344-904 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 11:00 часот на 01 октомври 2019 година. Информативните денови се одржуваат во рамките на проектот ,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина (”wa-mbrella). Проектот е финансиран во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – Republic of North Macedonia”. Водечки партнер на проектот e  општина Алмопиа, Грција. Општина Неготино е  Партнер 2, Партнер 3 е Општинското Претпријатие за водовод и канализација на Алмопиа, Грцијa и партнер 4  е  ЈП ,,Комуналец“, Неготино.
Со надеж дека ќе ја прифатите нашата покана и ќе присуствувате на информативните денови, останувам со почит,     
Градоначалник, Тони Делков

 
О Г Л А С За оттуѓување на движни ствари сопственост на општина Неготино по пат на прибирање на најповолна понуда PDF Печати

Градоначалникот на општина Неготино врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/2002) и Одлука за отуѓување на движни ствари сопоственост на општина Неготино бр.08-420/9 од 30.08.2019 година („Службен гласник на општина Неготино“ бр.9/2019), објавува

О Г Л А С
За оттуѓување на движни ствари сопственост на општина Неготино
по пат на прибирање на најповолна понуда

     
1.Предмет на продажба се употребувани движни ствари – елементи од алуминиумски прозори и врати и радијатори од лиено железо користени за греење во општинската зграда со индивидуален систем на греење, поради замена на постоечките со нови и тоа
1.1 Отпадни елементи од
-Трокрилен прозор со 2 фиксни крила и еден на отварање дим. 304*172 -6 на број
-Трокрилен прозор со 2 фиксни крила и еден на отварање дим. 308*172 –13 на број-Влезна врата со дим. 310*306 –1 на број
-Портал со двокрилна врата дим. 355*270-1 на број
-Фиксен портал дим. 354*270 -3 на број
-Фиксен портал дим. 120*370 –1 на број
-Трокрилен прозор со 2 фиксни крила и еден на отварање дим. 200*278 –4 наа број
-Влезна врата двокрилна дим. 140*282 –2 на број
-Преграда со 6 фиксни елементи и крило врата дим. 280*278 –2 на број
-Преграда со 7 фиксни крила дим. 280*278 –2 на број

Повеќе...
 
Одбележана 28 годишнината од загинувањето на Јован Димитров PDF Печати
  Денеска кога се навршуваат 28 години од загинувањето на нашиот сограѓанин Јован Димитров кој животот го загуби во воениот конфликт кој беснееше на просторот на поранешна Југославија пред неговото вечно почивалиште достојна почит му оддадоа неговите најблиски, роднини, пријатели и претставници на општина Неготино. До членовите на неговото семејство беше изразено најдлабоко сочувство за изгубениот млад живот, што претставува ненадоместлива загуба за најблиските и сите што го познаваа. Пред споменикот од страна на семејството, најблиските и пријателите беше положено свежо цвеќе со ветување дека и во иднина ќе продолжи негувањето на сеќавањата на прерано загинатиот Јован. Во негова чест, во организација на БК Неготино по 8 пат се одржа меморијалниот турнир во борење со учество на борачи од над 10 клубови од цела држава, а градоначалникот на општина Неготино кој е покровител на турнирот за најуспешните обезбеди пригодни награди и признанија.
 
Повеќе...
 
Во Општина Неготино ќе се одржат семинари на тема „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во основните и во средните училишта“ PDF Печати
  Во текот на месец октомври, оваа година, мултидисциплинарен тим на екесперти од Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики „Европа за тебе“ во соработка и со поддршка од општина Неготино во нашиот град ќе се одржи 4 семинари на тема „Превенирање на насилното однесување меѓу учениците во основните и средните училишта“.
Предвидено е со семинарите да бидат опфатени наставници од одделенска и предметна настава, професори од средни училишта, стручни соработници и директори на училишта од нашата општина.
Темите на семинарите ќе бидат со фокус кон правата на децата, повеќе аспекти на насилството и малтретирањето во училиштата, нивно рано препознавање и превенирање, презентација на позитивни европски практики за намалување на насилството, како и презентација на наоди од најновите релевантни истражувања спроведени кај нас, но и пошироко.
Семинарите кои имаат интерактивен карактер со динамична комбинација на теоретски и практични сознанија ќе бидат реализирани од еминентни и реномирани универзитетски професори со цел да им помогнат на учесниците не само да ги надградат своите знаења од областа на насилството во училиштата, туку и за размена на искуства од сопствената практика.
Семинарите е планирано да се одржат на 7 и 8 октомври оваа година, за што јавноста ќе биде дополнително и детално информирана.
Повеќе...
 
Дождот не беше пречка Неготинската вечер да се одржи и оваа година. PDF Печати

Општина Неготино и јас како градоначалник им се заблагодаруваме на сите присутни и се надеваме дека предизвикавме добра забава кај секој еден од вас.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Следно > Крај >>

Лист 109 од 314