Општина Неготино
Во среда (16.10) во Неготино ќе се врши дератизација и дезинфекција на јавни површини PDF Печати

   Општина Неготино ги информира граѓаните дека согласно програмата за спроведување на превентивни ДДД услуги на територијата на општината, утре (среда 16.10.2019г.) со почеток од 08,00 часот ќе се започне со вршење на дератизација и дезинфекција на јавни површини. Работите на терен ќе ги изведуваат работници стручната фирма Зотокс од Скопје, а врз основа на издадено решение од страна на Државниот и здравствен инспекторат. Дезинфекцијата ќе се изврши во просториите на општина Неготино и во објектот Желкова куќа, додека дератизација ќе се изврши на вкупно 900 ревизиони шахти.

 
Финишираат работите за уредување на просторот околу Спомен-костурницата PDF Печати

   На терен веќе извесен период се одвиваат и во завршна фаза се работите за уредување на просторот околу Спомен-костурницата во Неготино-проект кој локалната самоуправа го спроведува во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. Со реализацијата на овој проект граѓаните на Неготино на располагање ќе добијат пријатно катче каде во одмор и релаксација ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време.

Повеќе...
 
Честит 11 Октомври-Ден на народното востание на македонскиот народ PDF Печати

Почитувани граѓани !

Од мое лично име и како градоначалник на општина Неготино по повод одбележувањето на празникот 11 Октомври-Ден на народното востание на македонскиот народ до сите вас упатувам најискрени честитки со желби за нови победи и за развој на нашата држава. Оруженото востание започнато на денешен ден 1941 година претставува исклучително значаен историски чин во долготрајната народно-ослободителна борба на македонскиот народ. Овој ден го означува почетокот на конечната борба за слобода на Македонија и македонскиот народ. Нека ни е честит и за многу години 11 Октомври-Денот на народното востание на македонскиот народ!

 

 
ОБЈАВУВАЊЕ НА СТАНДАРДЕН ОГЛАС ЗА ОТВОРЕНА ЛОКАЛНА ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА PDF Печати
 Согласно Одлуката  на градоначалникот на  општина Неготино бр.05-508/1 од 27.09.2019 за утврдување на потреба од доделување на договор за набавка -НАБАВКА и   замена на уличното осветлување со LED технологија за енергетска заштеда и редукција на ЦО2,за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за проектот ЕНПОЛ-ЕЕ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, или “Energy efficiency in the cross border area as an indicative factor for environmental policy”  согласно Договорот за грант број ,,ЕНПОЛ-ЕЕ” SO2.1-SC025 од 25.05.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece –Republic of North Macedonia”, општина Неготино“ објавува  ЛОКАЛНА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ (PRAG 2019) .
Истата е  достапна во проектната канцеларија за Локален економски развој на општина Неготино–почнувајќи од 10.10.2019 година.
Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 11.11.2019 (понеделник) до 10.00 часот.
Сесијата на отварање, согласно инструкциите во тендерската документација е планирана  за ден 18.11.2019 во 10.00 часот.
Општина Неготино постапката  ја обајавува на веб страната на  општина  Неготино www.negotino.gov.mk , на страната на Програмата http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/,  на Биро за јавни набавки- огласи за меѓународни иснтитуции https://e-nabavki.gov.mk/Auth/Index#/international-donor-announcements?Category=2 ,како и во Службен весник на РСМ.
Контакт:
043-361-045
Повеќе...
 
Изложба на фосилни остатоци од слонови од пред 8 милиони години од с.Долни Дисан, Неготино PDF Печати
    Општинската установа Музеј на град Неготино во соработка со Националната Установа Природонаучен Музеј на Македонија организираа Изложба насловена 8 MEGA ANNA - 8 МИЛИОНИ ГОДИНИ во изложбениот салон на Музеј на град Неготино. На изложбата се поставени 40 професионални документарни фотографии во црно-бела техника изработени од Александар Гаревски, од петгодишното истражување во село Долни Дисан, од страна на палеонтолозите од Природонаучен музеј на Македонија и палеонтолози од Природонаучен музеј од Софија, Република Бугарија. Освен фотографии, изложени се и предмети, односно коски, заби и слично од слонови-мастодонт, носорог, газела, мајмун и друго. На изложбата беа присутни и претставници од Природонаучен музеј Биљана Гаревска, виш кустос, Билјана Карамачоска – кустос и Ивица Заркадов – лаборант од одделението за геологија и палеонтологија. На отварањето Гаревска појасни дека ова е прва тематска, палеонтолошка изложба во оваа општина, во која е претставено природното фосилно богатство од селото Долни Дисан.
„Сево ова има воспитно-образовен карактер, запознавање одблизу со една ретка фосилна мега фауна, карактеристична за Балканот. Фосилниот материјал е од пет различни видови на фосилни слонови кои првпат се среќаваат на еден ист локалитет, потоа носорози, џиновски мрзливци, антилопи, газели, мајмуни и друго“, нагласи Гаревска, изразувајќи посебна благодарност до општината и Музејот и особено до семејствата Ташеви и Нојкови, кои им биле поддршка на терен.
Изложбата е посветена на професорот д-р Ристо Гаревски, кој поголемиот дел од својот живот го посвети токму на палеонтологијата и нејзиното афирмирање во светот на науката и културата.
Изложбата ќе биде поставена во Музеј на град Неготино до 04 ноември 2019 година.
Повеќе...
 
Апел до граѓаните да не фрлаат комиње во контејнерите за смет PDF Печати

   Се апелира до граѓаните на општина Неготино, како од градот, така и од населените места, кои во овој период од годината печат ракија, да не го исфрлаат отпадот, т.е. комињето во контејнерите за смет и на други несоодветни места за тоа. Комуналните редари при локалната самоуправа континуирано се присутни на терен, ги следат и регистрираат состојбите и неправилностите и првобитно делуваат со превентивни предупредувања до несовесните граѓани. Но, истакнуваат од локалната самоуправа, доколку се продолжи со ваквата пракса и опомените не вродат со плод, ќе се пристапи кон изрекување на мандатни казни.

 
<< Почеток < Пред 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110 Следно > Крај >>

Лист 107 од 314