Општина Неготино
ПРОДОЛЖЕН РОКОТ за наградниот конкурс(цртежи и есеи) „ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА“ PDF Печати
Почитувани,
Во врска со претходно доставениот повик за учество на конкурс на тема „ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА“, Ве известуваме дека рокот за доставување на цртежи и есеи од страна на учениците во основните училишта во Општина Неготино, Република Северна Македонија и Општина Алмопиa, Република Грција се продолжува и истиот трае до 13 декември 2019 година.
 
Честит 8-ми декември-Ден на Св.Климент Охридски PDF Печати

Почитувани граѓани!

Денес го одбележуваме 8 декемвриенот посветен на Св. Климент Охридски, една од најзначајните личности во македонската историја и еден од најважните светители во православната христијанска религија. Свети Климент бил ученик на Светите браќа Кирил и Методиј чие што дело го продолжил меѓу македонското словенско население. Климент бил еден од основачите на Охридската книжевна школа, еден од најстарите универзитети во Европа низ која поминале преку 3500 ученици. Станал првиот словенски епископ, па затоа се смета и како патрон на Македонската Православна Црква.

Општина Неготино до сите граѓани упатува честитки по повод денешниот празник.

 
Донација за поефикасно функционирање на ЈП„Комуналец“ PDF Печати
   Претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов и директорката на ЈП „Комуналец“ – Неготино Марина Бојаџиева остварија средба со Заменик Амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф. Целта на оваа средба беше да се направи увид во добиената опрема од Програмата за мали грантови на Амбасадата на Сојузна Република Германија, како и разговор околу можностите за аплицирање за нови вакви мали грантови.
 
Повеќе...
 
Романска делегација во посета на Музеј на град Неготино PDF Печати
    Музејот на град Неготино беше посетен од страна на членови на Парламентот од Романија, во состав на:.Јоан Кристијан Киртеш,- сенатор, Претседател на групата за пријателство со Република Северна Македонија во Парламентот во Романија,
 Мариана Венера Попеску пратеник и Ралука Петронела Шербан, советник во Служба за надворешни билатерални односи.
Романската делегација беше во друштво на нивните колеги-пратеници од Неготино и Кавадарци, .Ристе Ташев и .Панчо Минов. Импресионирани од музејот и содржината во него, особено задоволни од презентираната етнолошка поставка во која е презентирана винската традиција во општина Неготино, се разговараше за соработка и размена на културното наследство преку аплицирање на програми за култура на двете земји!
Повеќе...
 
Се изведуваат нови жардинерии на влезот во Неготино од кај СРЦ Младост PDF Печати
   Во рамки на потпроектот „Вински апи и еко туризам во Неготино и околината“ во тек е уредување на жардинери и поставување на систем за наводнување капка по капка.
Проектот за локална и регионална конкурентост е финансиран од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, се администрира од страна Светска банка, а се спроведува од страна на Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања.
 
Повеќе...
 
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРС ЗА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА-ОПШТИНА НЕГОТИНО И ОПШТИНА АЛМОПИА „ПРЕКУГРАНИЧНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ВОДАТА“ PDF Печати
П О К А Н А

К О Н К У Р С
 
<< Почеток < Пред 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100 Следно > Крај >>

Лист 100 од 314