Општина Неготино
Општина Неготино упатува огромна благодарност до фирмата „ Агро Калем “ Тимјаник за донацијата PDF Печати
   Општина Неготино упатува огромна благодарност до фирмата „ Агро Калем “ Тимјаник за донацијата од 12.000 денари, средства кои ќе бидат искористени за набавка на заштитна опрема односно заштитни ракавици и маски кои во овој момент се најпотребни.
 
БЛАГОДАРНОСТ ДО КОМПАНИЈАТА ДППТУ „ Корона Душко ДООЕЛ “ експорт-импорт Неготино за донацијата на атомизер PDF Печати

   Во овие моменти кога нашата држава е погодедна од епидемијата од Корона вирусот, хуманата помош од општествено одговорните компании од нашата општина секогаш е добредојдена.
Имено, за потребите на ЈП „ Комуналец “ Неготино но вооедно и за доброто на сите граѓани од нашата општина , компанијата ДППТУ „ Корона Душко ДООЕЛ “ експорт-импорт  Неготино донираше атомизер со кој ќе се врши дезинфекција во град Неготино.
Општина Неготино упатува голема благодарност за оваа донација, а воедно ги повикуваме и сите останати фирми и граѓани од општината кои сакаат да помогнат во овие моменти да донираат и помогнат на било кој начин и да го спречиме ширењето на корона вирусот.

Повеќе...
 
Фирмата „Делта-тим“ од Тимјаник покажа општествена одговорност PDF Печати

   По упатениот апел од страна на општина Неготино до сите правни и физички лица од нашата општина за донирање на средства и материјални добра, во изминативе денови неколку фирми покажаа општествена одговорност преку доделување донации кои беа поделени онаму каде што тоа е најпотребно. Денеска регистрираме донација од фирмата „Делта-тим“ од Тимјаник која донираше средства за хигиена и храна и истите во најкраток рок ќе бидат распределени на ранливите категории граѓани.

 
ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

Од утре 24.03.2020( вторник) ОПШТИНА НЕГОТИНО во координација со ЈЗУ,,Здравствен Дом,,Неготино и ЈУМЦСР –Центар за социјални работи Неготино воспоставува психолошка поддршка за граѓаните од општина Неготино. Во услови кога се сочуваме со тешки моменти на епидемија од Корона вирусот во нашата држава и во светот ,во услови на секојдневна неизвесност и владеење на страв за себе , за своите најблиски и за целокупната заедница ,психолошката поддршка им е потребна на граѓаните. Согласно заклучоците и предлозите на координативното тело на општина Неготино ја воведуваме и оваа поддршка за нашите граѓани.

Контактирајте ги стручните лица кога ќе почувствувате потреба за тоа !!!

1.Весна Стојановска - дипломиран психолог – ЈУМЦСР Неготино
термин: 09:00 до 15:00 часот
моб.076 469 029

2.Др.Блаже Саздов- специјалист психијатар - ЈУЗД,,Здравствен Дом,,Неготино
термин:15:00 до 21:00 часот
моб.072 252 877

БЕЗ ПАНИКА...
БЕЗ ШИРЕЊЕ СТРАВ...
ПОТРЕБНА Е ОДГОВОРНОСТ ОД СИТЕ НАС...
СЕДИ ДОМА ...
ЗА ТВОЕ И МОЕ ДОБРО,ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ НАС...

 
Известување до превозниците на линиски превоз и такси компаниите PDF Печати

   Согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, општина Неготино упатува јавен апел до превозниците на линиски превоз и такси компаниите од нашата општина. Имено, на сите превозници на линиски превоз на патници им се препорачува да го намалат бројот на линиите за превоз на патници и да ги почитуваат донесените мерки и препораки за превоз на патници. Воедно, се препорачува и такси компаниите од општината да го намалат бројот на возила за превоз на патници, да се почитува препораката за држење растојание меѓу патниците, како и да се почитува забраната за движење за времетраењето на полицискиот час.

 
Градоначалникот Делков со благодарност до граѓаните-волонтери PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков упатува јавна и огромна благодарност до совесните граѓани - волонтери за пружената несебична поддршка кои дежураат и вршат дезинфекција на сите возила кои влегуваат на двата мобилни пунктови на влезот на град Неготино.  Исто така, однапред им се заблагодарува и на пријавените волонтери за деновите кои следуваат! Паралелно, градоначалникот Делков апелира секој граѓанин кој е во можност и сака да даде придонес во борбата за спречување на коронавирусот, односно да волонтира во наредните денови, може да се пријави на телефонскиот број +389 76 222 323 кај лицето Јордан Коцев. Сето ова со единствена цел, сите заедно со здружени сили да го спречиме ширењето на опасниот вирус!

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Следно > Крај >>

Лист 88 од 314