Општина Неготино
Континуирано растен бројот на поединци и фирми донатори од општина Неготино PDF Печати

  Во континуитет расте бројот на поединци и фирми донатори од нашата општина кои донираат финансиски средства, прехранбени продукти и заштитна опрема за полесно справување со корона вирусот. Општина Неготино упатува јавна благодарност до фирмата „Полет шпед“ од Тремник и Горан молер Јованов кои донираа заштитни маски кои ќе бидат распределени онаму каде што истите се најпотребни.

 
За справување со корона вирусот „Риле декор“ од Пепелиште донираше 15.000 денари PDF Печати

   Секојдневно расте бројката на правни и физички лица од општина Неготино кои се одзваа на апелот на локалната самоуправа и преку донација на финансиски средства, заштитна опрема и прехранбени продукти даваат сопствен придонес во битката за справување со корона вирусот. Така, фирмата „Риле декор“ од Пепелиште донираше финансиски средства во висина од 15.000 денари кои општина Неготино ќе ги намени за набавка на хигиенски средства кои ќе им бидат поделени на ранливите групи граѓани.

 
Општина Неготино обезбеди и подели заштитни маски за повеќекратна употреба PDF Печати

   Со цел за поефикасно справување со пандемијата од Ковид 19 и превентивна заштита на здравјето на граѓаните, општина Неготино обезбеди и подели заштитни маски за повеќекратна употреба. Така, заштитни маски им беа доделени на вработените во ОВР Неготино, во Матичната служба, за потребите на припадниците на Противпожарната единица од нашиот град и вработените во Шумската полиција. Со цел за заштита на здравјето на населението, заштитни маски се делеа на граѓани на градскиот плоштад во Неготино, на возачите на авто-такси возила и на граѓаните кои пазаруваа од Кам маркетот.

Повеќе...
 
Општина Неготино упатува огромна благодарност до фирмата „ Венец АД “ Долни Дисан за донацијата PDF Печати
   Општина Неготино упатува огромна благодарност до фирмата „ Венец АД “ Долни Дисан за донацијата на заштитна опрема односно заштитни маски кои во овој момент се најпотребни за заштита од корона вирусот.

#ОстаниДома

Повеќе...
 
Волонтерите од општина Неготино и денес се на терен. PDF Печати

    По доставените пакети со средства за лична хигиена во Војшанци и Пепелиште денес донирани се пакети за социјално загрозените семејства од населеното место Криволак. Тимовите и во следниот период ќе бидат на терен и ќе помагаат онаму каде што е најпотребно.

Повеќе...
 
Благодарност упатуваме и до фирмите „ Си Мар “ Војшанци и Автошколата „ 15 Јануари “ Неготино PDF Печати
   Благодарност упатуваме и до фирмите „ Си Мар “ Војшанци за донацијата на пакети со хигиенски производи кои ќе бидат донирани на оние на кој му е најпотребно.

Благодарност и до Автошколата „ 15 Јануари “ Неготино за донацијата на пакетчиња со средства за лична хигиена како и топли напитоци ( чај ) и мултивитамини.

Општина Неготино покажува дека има општествено одговорни компании кои помагаат во овие моменти.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90 Следно > Крај >>

Лист 87 од 314