Општина Неготино
Интензивно се работи на изградбата на социјална зграда во општина Неготино PDF Печати
Денес заедно со вицепремиерката Мила Царовска, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на АД за станбен и деловен простор извршивме увид на градежните активности на зградата која ќе биде наменета за 62 социјално загрозени семејства. Создаваме услови сите овие лица да добијат кров над главата, сигурност и подобри услови за живот односно овозможуваме пристоен дом на оваа група граѓани.
Повеќе...
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) PDF Печати

ИЗВЕСТУВАЊЕза достапност на документ  План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) за проект за реконструкција на постојни патишта, ул. „Антигона“ и ул. „Едвард Кардељ“ Општина Неготино во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Неготино аплицираше со проект за реконструкција на постојни патишта, ул. „Антигона“ и ул. „Едвард Кардељ“ Општина Неготино.
Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.
Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Неготино (http://www.negotino.gov.mk/) на 15 мај 2020.
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Министерство за транспорт и врски

Формулар за коментари

ESMP Checklist_ Project  Negotino_mk_14.5.20.doc

ESMP Checklist_ Project  Negotino_ENG_14.5.20

 

 
Нови столчиња за️ градскиот стадион PDF Печати
   Фудбалската федерација на Македонија донираше 550 нови столчиња за потребите на градскиот стадион во општина Неготино. Пред истите да бидат монтирани ќе претходи делумна реконструкција на бетонската подлога на трибината, со што градскиот стадион во Неготино ќе добие сосема поинаков и поубав изглед, а ќе се подобрат и условите за следење на сите фудбалски натпревари.
Повеќе...
 
Трета недела по ред се грижиме за градот под мотото „Со љубов за Неготино“ PDF Печати

Трета недела по ред се грижиме за градот под мотото „Со љубов за Неготино“

Оваа недела го средивме просторот под зградите во населбата „Саат Кула“

Се гледаме наредната недела на нова локација

Повеќе...
 
Вработените и волонтерите во општина Неготино ги поделија пакетите (200) со прехрамбени производи - донација од фамилијата Заеви PDF Печати
   Во текот на оваа недела, вработените и волонтерите во општина Неготино ги поделија пакетите (200) со прехрамбени производи - донација од фамилијата Заеви.Дел од овие пакети се поделени на најзагрозените семејства во градот, а останатите во сите населени места на општина Неготино.  Беа опфатени семејства, односно корисници кои се евидентирани во ЈУМЦСР Неготино ( Меѓуопштински центар за социјални работи) и лица од социјален ризик. Преку овие, како и сите други превземени мерки како општина Неготино продолжуваме да се справуваме со состојбата предизвикана од Covid19
Повеќе...
 
Во тек се градежни активности за реконструкција на старата училишна зграда во с. Вешје PDF Печати
   Отпочнати се градежни активности за комплетна  реконструкција и адаптација на старата училишна зграда и партерно уредување на дворот во село Вешје. Планирано е објектот да прерасне во современ едукативен и туристички т.н. АПИ центар за развој на пчеларството.  Со ова ќе се збогати туристичката понуда на општина Неготино преку едукативни АПИ и рекреативни активности и ќе се овозможи промоција на локалните производи.
Реконструкцијата е во рамки на проектот за локална и регионална конкурентност ( ПЛРК ) – пот проект Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80 Следно > Крај >>

Лист 75 од 314