Општина Неготино
Донирани маски и средства за дезинфекција за општина Неготино од Европската команда на силите на САД и Aмбасадата на САД PDF Печати
  Денес на градскиот плоштад во Неготино, волонтерите на ОО Црвен Крст Неготино во соработка со Армијата на Република Северна Македонија , делеа маски и заштитни средства за дезинфекција за граѓаните на општина Неготино.
Маски и заштитни средства ќе бидат донирани и во селата Криволак и Пепелиште. Во текот на вчерашниот ден беше донирана облека на ОО Црвен Крст Неготино , наменска донација за децата од одделот за организирано живеење на деца со посебни потреби и донација на 500 заштитини маски и дезинфекциони средства за заштита од Ковид 19 во Здраствениот Дом Неготино.
 Овие средства беа донирани од Европската команда на вооружените Сили и Амбасадата на САД во рамки на заедничкиот проект од Цивилно воената соработка со припадниците од вториот пешадиски баталјон на Армијата на РСМ.
 
 
Повеќе...
 
Во Неготино реализиран проект „Ослободи го умот од корупција“ PDF Печати
   Со изведба на химната против корупција, театарска претстава и аудио-видео презентација во нашиот град се реализираше проектот „Хепи хипо шоу-ослободи го умот од корупција“. Како што истакна раководителот на проектот д-р Нелко Нелковски истиот има за цел надминување на состојбите со корупцијата во општеството, развој на земјата и општините, организирање мрежа за развој, а во ноември во Неготино ќе се формира и Локален совет за развој на општината со усвојување на конкретни програми за работа во насока на мобилизирање на сите позитивни вредности за развој на вкупното општество, а во кој ќе членуваат соодветни претставници. Во рамките на реализацијата на овој проект, организаторите и учесниците на потегот кај Спомен-костурницата заедно засадија едно дрво јавор - кое ја има симболиката на дрво за развој на општината.
 
И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати
Се известуваат потрошувачите од Неготино дека поради дефект на главен цевковод   Ф 315 кон Неготино водоснабдувањето ќе биде во прекин на 17.09.2020 г. (четврток) од 10 до 15 часот.
Молиме за разбирање.

датум                                                              Ј.П.„Комуналец“- Неготино
17.09.2020 г.

 
Спроведена еколошка акција на СРЦ „ Младост “ Неготино PDF Печати
  Припадници на Армијата на Република Северна Македонија заедно со припадници на Американската армија денес на СРЦ „ Младост “ Неготино спроведоа еколошка акција.
Оваа активност е во рамки на вежбата КФОР 27 која се спроведува на АП „ Криволак “ и е подготовка за најголемата воена вежба „ Одлучен удар 21 “ која се планира да биде изведена следната година на АП „ Криволак “.
Покрај вежбовните активности од цивилно воената соработка  ќе бидат спроведени и донации на заштитни средства и маски за граѓаните на општина Неготино за справување со пандемијата од Ковид 19.
Повеќе...
 
Честитка од градоначалникот Тони Делков по повод Денот на независноста PDF Печати
Почитувани,
Република Северна Македонија денес го слави денот на независноста 8 Септември, денот кога во 1991 година македонските граѓани на најдемократски начин ја изгласаа својата независност, сувереност и самостојност.
Од мое лично име како градоначалник но и од цела Општина Неготино Ви го честитам денешниот празник и посакувам и во иднина да славиме големи успеси и просперитет за нашата држава.
Честит празник 8 Септември – Денот на независноста !!!
 
ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино подготвена за безбеден престој на дечињата PDF Печати
Детската градинка „ Фемо Кулаков “ Неготино е подготвена за безбеден пречек и престој на дечињата од нашата општина. Од 9 септември започнува новата воспитно – образовна година за вкупно по протокол 292 дечиња поделени во 21 група во двата објекти ( Мајски Цвет и Пролет ) и во групи во други просторни услови во Криволак, Тремник и Пепелиште.
Извршена е комплетна дезинфекција на сите пет објекти во градот и селата, а реновирани се купатилата и вратите во клонот Пролет. Согласно протоколите од МТСП, од 0 до 2 години ќе се згрижуваат по 6 дечиња во занимална, а од 2 до 6 години по 15 дечиња во занимална.
Безбедноста е наш приоритет и затоа за да ги заштитиме потребно е максимално да се вложиме сите за безбедноста на децата.
Среќен нов почеток !!!
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Следно > Крај >>

Лист 64 од 314