Општина Неготино
Честит празник Свети Никола PDF Печати
   Денеска бројни семејства го празнуваат големиот христијански празник Свети Никола, кој е и почетокот на сите големи православни верски празници кои континуирано следуваат во христијанската вера. Од мое име како градоначалник и од име на општина Неготино на сите верници им го честитам празникот Св. Никола со желби за добро здравје и успех на личен и професионален план!
 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
  За организирање на  Јавна расправа по Одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на Општина Неготино во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (MSIP2)  
Се повикуваат сите заинтерeсирани граѓани и други заинтересирани субјекти, како и претставниците на јавните претпријатија, во Општина Неготино да се вклучат во јавна расправа со свои ставови и мислења за Одлука за намера за реализација на проекти по пат на долгорочно домашно задолжување на општина Неготино во рамки на Вториот проект  за подобрување на општинските услуги (MSIP2)  за реконструкција на ул„Вељко Влаховиќ“, ул. „Енгелсова“ ул. „Пиринска“ ул. „Првомајска“ ул. „Тиквешка“ ул. „Вардарска“ ул. „Ѓоко Мишев“ ул. „Вано Ташев“ и дел од ул. „Марксова“   Усната јавна расправа ќе се одржи на ден 29 декември 2020 година со почеток во 10.00 часот во Дом на култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино.  
Поради протоколите за заштита од КОВИД 19, се задолжуваат сите присутни лица задолжително да носат заштитна маска, да оддржуваат социјална дистанца од 2 метри и да вршат честа дезинфекција на раце, за време на оддржување на јавната расправа.  
Капацитетот на посетителите е ограничен согласно просторните услови, како и протоколите и мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19. 
 
Подрачното училиште во Д.Дисан добива нова фасада PDF Печати

   Во завршна фаза се градежните активности за поставување нова фасада на целиот објект на подрачното училиште во Д.Дисан на површина од 680 м2. Станува збор за проект кој се реализира согласно јавниот повик од Владата на Република Северна Македонија за енергетска ефикасност на кој одделението за локален економски развој при општина Неготино аплицираше и согласно рангирањето за нашата општина беше издвоен износ од 1.500.000 денари за реконструкција на фасадата на подралното училиште. Директорот Петар Мантев истакнува дека работите се одвиваат согласно утврдената динамика и се очекува комплетниот проект да заврши до крајот на тековнава година, по што подрачното училиште во Д.Дисан ќе добие сосема нов и модерен лик. Инаку, во ова училиште во изминатиот период беше поставено парно греење во сите простории, обновен е дворот со бекатон коцки и постоечките спортски реквизити, а извршена е и реконструкција на тоалтетите.

Повеќе...
 
Во Музејот на град Неготино се одржа концерт на „Пијано трио“ PDF Печати
 Деновиве во Музејот на град Неготино се одржа концерт на ПИЈАНО ТРИО во состав:- Весна Ангелова Христов-пијано, Момчило Куфојанакис-виолина и Марјан Ивановски-виолончело, а по повод одбележувањето на 250 години од раѓањето на Лудвиг Ван Бетовен (1770-1927), подржан од страна на Министерството за култура на РСМ.
Програма: БАГАТЕЛИ оп.119 (избор)
Л.В.Бетовен ПИЈАНО ТРИО оп.1. бр.1
Allegro
Adagio Cantabile
Scherzo-Allegro Assai
Finale-Presto
Циклусите „Багатели“, иако мал дел од неговиот опус, претставуваат своевиден лирски дневник на овој автор. Багатела претставува мала инструментална пиеса. За прв пат називот е искористен за циклус пиеси на Ф. Купрен. Багателата како вид на лирска пиеса е особено развиена од Лудвиг Ван Бетовен.
Концертот се одржа според протоколот  за заштита од КОВИД-19 со ограничен број на посетители, одржување дистанца, дезинфекција на раце и задолжително носење заштитна маска.

 
 
Распределени 8000 заштитни маски до институции и граѓани на општина Неготино PDF Печати


Општина Неготино ги распредели 8000 заштитни маски кои фирмата „ Зока Енерџи Солушн ДООЕЛ “ Неготино ги додели за заштита од ширењето на пандемијата со Ковид 19 во нашата општина . Имено беа донирани:

- 2000 заштитни маски на ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино

- 2000 заштитни маски доделени на граѓаните на општина Неготино

- 1000 маски за локална самоуправа

- 1000 маски на ЈП „ Комуналец “ Неготино

- 500 маски на ЈОУДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино

- 250 маски на Музеј на град Неготино

- 250 маски на Центар за социјални работи Неготино

- 250 маски на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино

- 250 маски на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино

- 250 маски на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино

- 250 маски на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино


Повеќе...
 
Честитка по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски PDF Печати
Почитувани,
Дозволете ми на сите верници од православна вероисповед да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Свети Климент Охридски.
Kако најистакнат ученик на Светите браќа Кирил и Методиј, ја продолжил мисијата на православието, солидарноста и јакнењето на христијанскиот дух и вредности кај луѓето и нивно подучување и описменување.
Свети Климент Охридски е основач на Охридската архиепископија, првепископ, основоположник на Охридската Книжевна школа и творец на кириличното писмо, втемелувач на старословенскиот јазик како службен јазик на православната црква.
Нека ни е честит празникот и за многу години.
 
<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај >>

Лист 56 од 314