Општина Неготино
ООУ„Страшо Пинџур“ отвори сензорна соба за поддршка на учениците со попреченост PDF Печати

  Според Законот за основно образование, во училиште каде што има посебни паралелки, се формира центар за поддршка на учењето на учениците со попреченост. За таа цел, во ООУ„Страшо Пинџур“ во тек е отворање и опремување на сензорна соба која ќе се намени за соодветна поддршка на учениците со попреченост и која ќе биде опремена со материјали, средства и помагала од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“. Исто така, покрај сензорната соба, учениците со попреченост добиваат и адаптирани санитарни јазли прилагодени на нивните потреби. Сензорната соба е лоцирана во приземниот дел на училиштето во Неготино со цел за полесен пристап за сите ученици со попреченост до истата. Директорот на училиштето Сашо Ѓорѓиев потенцира дека со отворањето на сензорната соба и професионалноста што наставниците ја поседуваат за работа со оваа катергорија ученици, ќе дојде до значително подобрување на нивната инклузивност во реализацијата на редовниот образовен процес.

Повеќе...
 
Активности за поставување улично осветлување на делови од 2 улици во Неготино PDF Печати

   Согласно  Програмата за Енергетска ефикасност на општина Неготино за тековнава година, следуваат активности за поставување на улично осветлување со лед штедливи светилки на 8 метарски метални столбови на потегот од ул„Киро Крстев“ до ул„Ацо Аџи Илов“ и ул„Калдрма’. Со проектот предвидена е изведба на нисконапонски водови во должина од 380 метри со поставување на 11 лед штедливи светилки. Рокот за изведување на работите е 30 денови, а по завршувањето на истите, после долги години жителите кои живеат на овој потег од градот ќе добијат квалитетно и современо улично осветлување.

 
Започнува изградба на патот Г.Дисан-Вешје во должина од 787метри PDF Печати

  По спроведувањето на постапката со објавување оглас за доделување договор за јавна набавка, изборот на најповолен понудувач и склучувањето на договорот помеѓу општина Неготино и фирмата изведувач на работите „Градба промет“, извршен е вовед во работа за изградба на патен правец Горни Дисан-Вешје во должина од 787 метри.
Вкупната вредност на проектот изнесува 22.421.888 денари.
Изведувачот на работите е должен да отпочне со извршувањето на работите во предходно определен рок по издавањето на писмен налог од овластено лице од општина Неготино и има обврска работите на патниот правец Горни Дисан-Вешје во должина од 787 метри да ги заврши во рок од 150 дена.
За надзор на овој проект е одредена фирмата “МГ ПРОЕКТ” ДООЕЛ - Скопје, согласно годишниот договор за вршење на надзор при изведба на инвестицииски објекти и други градежни активности

 
За потребите на ЈП„Комуналец“ обезбедено специјализирано возило за собирање на смет PDF Печати

   Во рамките на реализацијата на проектот „Одржување на чиста и здрава животна средина преку набавка на специјализирани возила за потребите на Јавните комунални претпријатија во 4 општини, меѓу кои и Неготино, општина Неготино склучи договор со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со кој Центарот аплицираше до Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој за набавка на специјализирано возило за смет. Јавната набавка на комуналното возило ја спроведе Центарот за развој на Варадрскиот плански регион и истиот како носител и општина Неготино како партнер во проектот ги завршија сите активности за имплементација на проектот. Со овој проект, за  општина Неготино се набави специјализирано комунално возило за собирање на смет со капацитет од 8м3 со вредност од околу 5.000.000 денари, кое од денеска е наменето за потребите на ЈП„Комуналец“ од нашиот град со единствена цел за одржување на чиста и здрава животна средина.

Повеќе...
 
Објавен тендер за реконструкција на улица во село Војшанци PDF Печати

   Општина Неготино објави тендер за реконструкција на улица во село Војшанци во должина од околу 300 метри. Станува збор за улица која се поврзува од регионалниот пат со мостот во самото село и истата ќе биде со ширина од 5,5 метри, со поставување на асфалтен слој, а ќе се преземат и градежни активности за одводување на водите. По завршувањето на тендерот и изборот на најповолната понуда, ќе започнат работите на терен со рок за изведување од 30 денови.

 
И годинава ќе се дегустираат вина и ракии од индивидуални производители PDF Печати

  Празникот на лозарите и винарите „Св.Трифун“ годинава ќе биде одбележан скромно и со редуцирани содржини и настани, без масовни собирања и со строго почитување на здравствените протоколи за заштита од пандемијата од Ковид 19. Една од активностите ќе биде натпреварот во дегустација на вина и ракии од индивидуални производители на кој право на учество имаат сите производители кои во периодот до 10-ти февруари (среда) 2021 година ќе ги достават потребните мостри на ракија и вино произведени 2020 година. Истите можат да се достават во зградата на општина Неготино на трети спрат кај лицето Дени Трајков, а заинтересираните информации можат да добијат на тел. број 078-822-292 во периодот од 08 до 16 часот. Пристигнатите мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од стручна комисија од членови на Здружението на енолози, а за производителите на најквалитетни ракија и вина се предвидени награди и признанија.

 
<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај >>

Лист 53 од 314