Општина Неготино
Честит празник на лозарите и винарите „ Свети Трифун “ PDF Печати

 Со традиционално закројување на винова лоза на плантажите во близина на село Курија, денес градоначалникот Тони Делков заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа го одбележаа празникот на лозарите и винарите „ Свети Трифун 2021“.   Согласно протоколите и мерките за заштита од Корона вирусот , беше остварена и кратка работна средба на која градоначалникот и министерпт Хоџа разговаа за состојбата со лозарите од општината. Беше разговарано и за чекорите кои ќе ги преземат за наредната реколта за подобар откуп на грозјето на лозарите од општина Неготино.  
Нека  е честит празникот на лозарите и винарите „ Свети Трифун “ !!! 

Повеќе...
 
Се одржа е-презентација на тема „Производство на вина во домашни услови“ PDF Печати

   Во рамките на одбележувањето на традиционалната манифестација„Недела на виното“ по повод празникот „Свети Трифун 2021“ општина Неготино реализираше е-предавање на тема „Производство на вина во домашни услови“. Согласно мерките и препораките за заштита од корона вирусот предавањето се одржа преку зум-платформа, а предавач беше м-р Игно Тасев. Во воведните напомени Тасев истакна дека од година во година интересот за производство на вина во домашни услови е се поголем, а со тоа се зголемува и потребата од стручни и релевантни информации за индивидуалните производители..Во делот на производството на вина во домашни услови, м-р Игно Тасев во своето обраќање говореше за разликите меѓу белите и црвените вина, текот на производство на виното, кои се најсоодветни садови и адекватен простор за негово производство, третманот на ширата пред ферментација, оксидацијата на виното, ензимите во производството на бели, црвени и розе вина, а презентираше и други информации кои можат да им бидат од помош и корист на индивидуалните производители при производството на вина во домашни услови. 

Повеќе...
 
Познати најдобрите индивидуални производители на вина и ракии PDF Печати

   По извршената дегустација на пристигнатите мостри од страна на комисијата составена од енолози, официјално се објавени резултатите и познати се најдобрите индивидуални производители на вина и ракии на годинашниот натпревар по повод „Св.Трифун“. Така, во категоријата бели вина трето место освои виното „куве“ на Тоше Николов, второ место „жупјанка“ на Гоце Станоески и прво место освои виното „шардоне“ на Гоце Попов. Во категоријата црвени вина третото место му припадна на Горан Јаковлески за виното „станушина“, второто место го освои „ каберне франк“ на Ивица Златковиќ и прво место „вранецот“ на Влатко Цветановски. Во категоријата ракии, третото место му припадна на производителот Кирил Андов, второ Бранко Вељанов, а првото место го освои ракијата на Горан Јаковлески. Нјадобра овошна ракија има произведено Лилјана Луканова, а најдобра мастика Никола Манчев.

Nedela na vino 2021 Beli vina.doc

Nedela na vino 2021 Crveni vina.doc

Nedela na vino 2021 Rakii.doc

 
Општина Неготино започна со одбележувањето на „ Свети Трифун 2021 “ PDF Печати

Со дегустација на вина и ракии од индивидуални производители, денес започна одбележувањето на празникот на лозарите и винарите „ Свети Трифун 2021 “.  Стручната комисија составена од 8 енолози од Здружението на винари на РСМ дегустираа и ќе ги изберат најдобрите вина и ракии од индивидуални домашни производители.  Годинава доставени се рекорден број на мостри за вина и ракии. Вкупно доставени е 108 мостри од кои : 29 бели вина, 47 црвени вина и 32 ракии од индивидуални производители. И оваа година Општина Неготино обезбеди признанија и награди за најдобрите кои наредната недела ќе ги додели градоначалникот Тони Делков, строго почитувајќи ги протоколите и мерките за заштита од Корона вирусот.


Повеќе...
 
Во тек е санација на паркот на улица „ Ставре Ставров “ во Неготино PDF Печати

Интензивно деновиве екипи на фирмата изведувач работат на санација на паркот на улица „ Ставре Ставров“ во општина Неготино. Со санацијата предвидено е да се изврши: замена на оштетената подлога од патеките со тампонски слој, прередување на бекатон коцките и рабниците на патеките како и замена на оштетените елементи од патеките и подлогата наменета за детски реквизити.
Изведувач на градежните активности е фирмата „ Павер Трејд ДООЕЛ “ Кавадарци, а надзор е фирмата „ МГ Проект ДООЕЛ “ Скопје.

Повеќе...
 
Во ООУ„Гоце Делчев“ се гради игралиште за ученици со попреченост кои следат настава PDF Печати

   Во Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ во нашиот град во тек е реализација на проект со кој ќе се овозможи подобрување на физичката пристапност до и во училиштето и на условите за следење на наставата за учениците со попреченост кои се вклучени во воспитно-образовниот процес. Увид во работите извршија секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ и директорот на оваа образовна установа Петар Мантев кои информираа дека поставувањето на пристапното игралиште со адаптирана опрема за рекреација и рехабилитација во училишниот двор се смета дека е од голема важност за градење на инклузивните образовни средини. Директорот Мантев истакна дека проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен и ИНклудиран“ е финансиран со средства од Европската унија, а истиот го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со МОН и БРО.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај >>

Лист 51 од 314