Општина Неготино
Одржан редовен координативен состанок на Кризен штаб на Општина Неготино PDF Печати

Кризниот штаб на Општина Неготино денеска одржа редовен состанок на кој се дискутираше за состојбата со Корона вирусот во општината.
Согласно добиените информации од надлежните, констатирано е дека состојбата со КОВИД 19 во општината е алармантна со тоа што бројот на активни случаи во моментот во Неготино изнесува 279 заболени лица.
Разгледувајќи ја ситуацијата се донесоа следните препораки и заклучоци:
1. Со одлука на Советот на општина Неготино на Градскиот пазар ќе се ограничи продажбата на производи , односно ќе може да се продаваат само земјоделски производи;
2. Во текот на денешниот ден стручни служби од Општина Неготино, ОВР Неготино и Пазарната инспекција извршија проверка на угостителските објекти во делот на почитување на пропишаните мерки за работа на истите. Притоа им беше упатено, доколку не ги почитуваат мерките, ќе следуваат ригорозни мерки, односно, ќе се им бидат поднесени соодветни казни;
3. Строго се забрануваат групирањата на јавни површини ( паркови, бензински пумпи, Спомен костурница, СРЦ „ Младост “) , а ОВР Неготино ќе врши засилена контрола и доколку не се почитуваат мерките ќе следуваат соодветни санкции;
4. Бидејќи е утврдено дека спортските терени, детските игралишта, Спомен костурницата, клупите на градскиот плоштад се користат за групирање на повеќе луѓе на јавна површина, истите соодветно ќе бидат оградени со ленти и сите непочитувања односно нивното користење надвор од препораките ќе бидат соодветно санкционирани од страна на надлежни институции;
5. Општина Неготино вклучитено и Кризниот штаб ќе испратат Допис до Главниот кооринативен штаб на Република Северна Македонија со барање за воведување на полициски час на територијата на Општина Неготино на неопределено време, со цел за спречување на ширењето на болеста во нашата општина.
6.Се апелира до сите граѓани на општина Неготино доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Корона вирусот ( носење на заштитна маска, редовна дезинфекција на раце и површини како и одржување на соодветно растојание на затворено или отворено);
7. ЈП „ Комуналец “ ќе продолжи со редовната дезинфекција на територијата на општина Неготино;
8. Локалното население да ја подигне јавната чистота преку сопствено делување и грижа за животната средина како и соодветно третирање на отпадот;
9. Посебно се потенцира засилена и редовна дезинфекција и заштита на работниците кои се превезуваат со автобусите на работа во Дрекслмајер Кавадарци;

 
Заменето е осветлувањето во ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино PDF Печати

  Во централното општинско училиште „ Гоце Делчев “ Неготино комплетно е извршена промена на внатрешното осветлување. Старите и дотраени светилки се заменети со нови лед штедливи светилки.  Со цел за подобрување на наставата во училиштето, преземани се чекори со што се отранети постојните недостатоци во делот на осветлувањето во училиштето.  Замената на вкупно 300 светилки во целото училиште е реализирана од сопствени средства на училиштето. Овие лед светилки се многу поекономични со што се очекува да се намали потрошувачката на електрична струја за околу 60 проценти.

Повеќе...
 
Поставување на ново улично осветлување на улици во град Неготино PDF Печати

Во тек е поставување на нова подземна електрична инсталација за улично осветлување во должина од околку 360 метри на дел од улица „ Коста Волкановски “ и дел од улица „ Владо Арсов Шпанац“ .  Ќе бидат поставени 11 нови лед штедливи светилки на 8 метарски метални столбови кои ќе функционираат согласно поставената автоматика на останатото улично осветлување во градот.  Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Неготино.

 

Повеќе...
 
Расчистување на улиците во град Неготино PDF Печати

Во текот на денешниот ден екипи на ЈП „ Комуналец “ Неготино работеа на отстранување односно чистење на песокот и солта, кои беа фрлени на улиците низ целиот град поради врнежите од снег кои паднаа изминатата недела. Екипите на терен започнаа со чистење на главната улица „ Маршал Тито “ до излезот со Кавадарци. Се чистеше улица „ Партизанска “ од центарот до ЈП „ Комуналец “ како и улица „ Борис Кидрич “ до ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино.

Повеќе...
 
Во тек е санација на тротоарите на улица „ Пекарев “ во Неготино PDF Печати

  Со санацијата предвидено е да се изврши замена на оштетената подлога со тампонски слој, прередување на бекатон коцките и рабниците од тротоарите како и замена на оштетените елементи од истите.  Градежните активности на терен се очекува да завршат во рок од две до три недели.  Изведувач на градежните активности е фирмата ПАВЕР ТРЕЈД ДООЕЛ - Кавадарци, а надзор е фирмата МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ - Скопје.

Повеќе...
 
Започнаа активностите за изградба на улица во село Криволак PDF Печати

   Во тек се градежни активности за изградба на улица во село Криволак во должина од 250 метри. Со изградбата предвидено е да се реши долгогодишниот проблем и да се подобри квалитетот на живеење на жителите од село Криволак.
Изведувач на работите е фирмата ГРАДБА ПРОМЕТ ДОО од Кавадарци, а за надзор е избрана фирмата МГ ПРОЕКТ ДООЕЛ Скопје.  Рок на извршување на градежните работи е 60 денови.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>

Лист 49 од 314