Општина Неготино
Градоначалникот Делков на средба со претставници на Независниот синдикат на пожарникарите PDF Печати

   Денеска, на нивно барање, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков  оствари работна средба со претставниците на Независниот синдикат на пожарникарите на Република Северна Македонија. На истата приротетно прашање за кое разговараа градоначалникот Делков и синдикалните претставници  беше усогласувањето на финансиските примања на пожарникарите согласно последните законски измени. Покрај тоа, претставниците на синдикатот  од страна на градоначалникот Делков беа запознати со функционирањето на Територијалната противпожарна единица-Неготино, одличната координација и соработка со локалната самоуправа, како и за напорите што општина Неготинио ги прави за подобрување на условите за работа на неготинските пожарникари.

 
Започна изградбата на патот Г. Дисан-Вешје во должина од 787 метри PDF Печати

    Работници на градежното претпријатие Градба промет започнаа со изведување на градежните работи за изградба на патниот правец Горни Дисан-Вешје во должина од 787 метри и ширина на коловозот од 5,5 метри. Вредноста на проектот изнесува 22.421.888 денари, а се очекува работите на патот да завршат во рок од 60 до 90 денови. Надзорот на работата го врши фирмата МГ ПРОЕКТ дооел согласно годишниот договор за вршење надзор при изведба на инвестициони објекти и други градежни активности.

Повеќе...
 
ЕНПОЛ-ЕЕ - пример за успешно реализиран проект во општина Неготино PDF Печати
   Со засадување на 200 садници на 2 локации во градот денеска беше означено успешното завршување на проектот ЕНПОЛ-ЕЕ од програмата за прекугранична соработка Р. Грција-Р. Северна Македонија. На настанот претставници на општината и на Инвест дооел ги запознаа присутните со реализираните активности и резултатите од проектот Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативно фактор за политика на животната средина. Проектот со акроним Енпол-Ее беше реализиран во партнерска соработка на општина Неготино, СОУ Св. Кирил и Методиј, општина Пела и општинското јавно претпријатие за култура и развој на општина Пела. Секој учесник на настанот од организаторите доби по една садница како подарок од проектот.
Повеќе...
 
Во среда (31.03) ќе се одржи завршен финален настан од проектот „ENPOL-EE“ PDF Печати

  Во среда на 31 овој месец на две локации во општина Неготино, а во рамките на проектот „ENPOL-EE“ од програмата за прекугранична соработка Р.Грција-Р.Северна Македонија, се организира завршен финален настан со кој ќе биде одбележано успешното завршување на проектот. Настанот е од отворен карактер и од 12 часот првата активност ќе се одржи во паркот на УЕ3 урбан блок 12 со обраќање на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и претстаник на Инвест доел, по што ќе следи презентација на реализираните активности и резултати од проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политиката за животна средина“. Со втората и третата сесија од настанот се предвидува уредување на паркот на УЕЗ Урбан блок 12 со засадување на 100 садници, а исто толку садници ќе бидат засадени и на детското игралиште на ул„Марксова“-УЕ4 Урбан блок 14. Сите заинтересирани, се рабира со строго почитување на здравствените протоколи, можат да присуствуваат и да се запознаат со резултатите од проектот кој се реализираше во партнерска соработка на општина Неготино, СОУ„Св.Кирил и Методиј“, општина Пела и општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела-Грција.

АГЕНДА 

 
Со нови 350 садници се уредуваат и пополнуваат јавни површини во Неготино PDF Печати
   Согласно годишната програма за комунални дејности на општина Неготино во овој период се врши уредување и пополнување на неколку постоечки јавни површини во градот со засадување на околу 350 нови садници.  Како што информираат стручните служби, нови садници се садат на просторот кај Спомен-костурницата, во населбата Саат-кула, пред зградата на општина Неготино веднаш до жардинериите и паркот лоциран на Тимјанички пат. Станува збор за засадување на 350 садници од кои 150 се декоративни зимзелени дрвја и листопадни ( јасен, јавор, липа, див костен, бреза и други) и околу 200 нискостеблести зизмзелени садници. Набавката на садниците ја изврши општина Неготино со сопствени средства во висина од 300.000 денари, а подготовката на теренот и садењето на садниците го вршат работници на ЈП„Комуналец“.  
 
Повеќе...
 
Се врши санација на оштетувањата на дел од градскиот плоштад PDF Печати

   Во моментов на дел од градскиот плоштад во нашиот град се изведуваат активности за санација на оштетувањата на коцките и транвентин плочките. Имено, предходно работници на ЈП„Комуналец“ извршија обжилување на дел од дрвјата на плоштадот со што се елиминира можноста и се спречува оштетувањето на коцките. По завршените подготвителни работи, работници на „Павер трејд“ ќе извршат замена на коцките околу дрвјата и 2-те чешми на плоштадот, како и промена на оштетените травентин плочки на делови од градскиот плоштад.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>

Лист 47 од 314